Tomasino
За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
- Член од
- 19 март 2009
- Мислења
- 9.250
- Поени од реакции
- 19.533
Не е на ланското ниво Монпење дефинитивно..Ostajte go ludakot na strana uste malce i nema da zbori vise
Ajde ekspertite za rakomet ko prosli put za Nekar sto davaa analiza, ako sakaat sega za Monpelje da kazat nesto pokonkretno
Иако сеуште се силна екипа,посебно во доста изедначеното Француско првенство каде секој можи секого да победи...
Сепак им фали Омејер..
Го зедоа Лосерт,ама искрено не знам која е логиката да носиш толку стар голман...
Вториот голман и лани даде доста добри партии,подобро е него да го исфорсираа....
Подобро да довлечкаа нешто помладо од Француско првнество отколку да зависат од стариот..
Далеку е од лош голман,посебно за пенали е спремен,ама мислам дека му помина времето,освен за втор голман,да влези некаде 10 ина мунути,или за некој пенал...
Но сепак тренерот Патрис Канајер изгледа знае шо прави..алфа и омега во Монпеље...
Најголемото оружје на Монпеље...
20 и кусур години е дечкото во Монпеље,ракометниот Арсен Венгер...
13 шампионски титули,9 лигашки купови,12 купови на Франција,1титула во ЛШ 2003..
Импозантни успеси зад него...
Знае да препознае таленти,и сега Монпеље има неколку млади талентирани играчи во подем,пред се Гребил кој дотурка до репрезентација на Франција...
Останатиот дел од екипа,добро познат....
Гребил Мачковчек на лев бек,брзиот и луциден плеј Диего Симоме,на десен бек Словенците Доленец и Кавтичник,Кавтичник во последно време го играат доста и на среден бек...
Доста опасен играч...
Исто играат и со Гигу на среден и Гребил на лево крило,па при укрстување Гребил доаѓа од лево крило и шутира...
Доста менуваат позиции,имаат брз проток на топка,игра без топка,исклучително технички поткована екипа,сакаат брза игра, затоа и прават понекогаш голем број технички грешки...
На крила:Гигу и Гајиќ,еден од најдобрите тандеми во Европа сигурно..
Пикери Исам Теж и Словенецот Габер...
Плус неколку млади и сеуште неафирмирани играчи,но сигурно доста надежни...
Со РНЛ разочараа,со Цеље го преспаа првиот дел и се разбудија во второ полувреме,со Веспрем беа прежалени но за малку ќе направеа сензација....
Искулучително опасен тим,многу квалитетен,но тим кој знае да влези во криза,но и тим кој за неколку минути знае да ја сврти утакмицата во своја полза...
Со Нант во домашното првенство губеа 19-12 во второ полувреме и успеаа да лапнат бод...
Ова е тим против кого не си никогаш на чисто...
Посебно сега ќе играат далеку посериозно отколку со Цеље кого очигледно го потценија,со Вардар сигурно ќе влезат далеку повнимателно....
Клучот за победа е дефинитивно одбраната,ако успее Вардар да изигра одбрана на бековите како шо беше во најголемиот дел со РНЛ,плус со расположен Штербик на гол ќе тепаат...
Многу е важно да не дозволат брза игра,и контри тогаш Монпеље е најопасен,посебно се опасни во второ полувреме,шо е уште еден доказ дека екипата е максимално спремна на кондиција...
Со Цеље дадоа 20 и кусур гола во второ полувреме,со Веспрем во гости 17 гола во второ,ако не беше Миклер сигурно и 20 ќе закачеа...
Многу силен тим...
Вардар ќе мора да изигра сериозен тактички меч,пред се во одбрана ако сака бодови од Монпеље...
Мечот со РНЛ покажа дека екипата на домашен терен е многу силна,Монпеље е тест за силата во гости..
Мечот во Цеље покажа многу слабости во играта,сега е вистинскиот тест да се види силата на Вардар...
Мое мислење е дека Вардар ако не изигра слаб меч како во Цеље дека ќе добие во тесен меч со 1-3 гола разлика...