Слично како што се група Словените, исто така постојат и групи со Персиска група на народи, или некои ги викаат Пашту народи. Арапите(Семити) и Турците(Алтајски народ од жолта раса) се ентитети, кои подоцна го освојуваат ова подрачје и ја шират својата култура. Генетски народите останале горе доле исти, културата и јазикот се тие што се промениле.
Земи ги на пример Азербејџанците (држава која го носи името на Хазарското(турско) царство), кои зборат Турски имаат Турска култура, и цврсто Турско самоопределување и спореди ги со Турците од Казахстан на пример за да ја видиш видливата физиономска разлика.
Во прашање е културно-јазична асимилација која претежно иде преку религијата или преку таканаречениот данок во крв.
Ако отидеме понатака со споредба на јазиците и физичката антропологија, тогаш редно е да се запрашаме како тоа Унгарија и Финска зборат Алтајски јазици, слични на оние што ги зборат Турците и Моноголите.
Тоа дали еден човек се осеќа како Македонец или Кинез или Банту црнец, ретко може да го скрие неговото физичко антрополошко потекло кога се работи за определби кои припаѓаат на различни групи народи како што се индоевропјани и семити, а да не збориме за различни раси, како што се жолтата и белата. Тука е јасна и гласна разликата, Арапите се семитски народ, Турците се жолта раса, па така тие „арапи“ кои не се семити, генетски не се ни арапи, туку се арабизирани, а тие „Турци“ кои не се жолта раса, генетски не се Турци туку се потурчени.
Јамајка, проблемот со твоиве мислења е што премногу симплифицираш и пробуваш да ги поставиш земјите во два табора кои се сојузници и се борат за превласт. Нешто како порано во маало, еј се скараа Русија и САД и сега кој повеќе другарчиња ќе собере зад себе, па САД ќе ги викнат британците, па русите ќе ги соберат Кина, Индија и ќе се сретнеме во 7 зад школо на ферка.
Работата е многу покомплицирана. Секоја земја си има свои интереси кои се поклопуваат за некои работи, за други се разликуваат.
На пример, да ги наречеш сојузници САД и Саудиска Арабија - сојузници е преувеличување. Што имаат заедничко САД и радикална шеријатска монархија? Ништо. САД и СА се бизнис партнери, ништо повеќе. Саудијците знаат дека кога ќе заврши бизнисот, завршува и соработката. Дури и Русија и Белорусија, ќе речеш сојузници, ама прочитај колку спорови имаат за цената на гасот.
1,
2,
3.
Додај на сето тоа што денес Белорусија профитира од санкциите спрема Русија, со купување на прехрамбени производи од Европа, кои се препакуваат во Белорусија и се продаваат на рускиот пазар како Made in Belarus.
Турција има свои интереси, кои се разликуваат од тие на САД, иако двете земји се во сојуз. Очигледно е дека Турција ги поддржува ИС, бидејќи ИС се борат против Курдите, кои се најголемиот непријател на Турција. САД од друга страна, сакаат против тежа на ИС (и на Турција, Иран и сл) и оттука ги поддржуваат Курдите, што, нормално е сосем спротивно на тоа што го прави Турција.
Не треба да се гледа на Турција и САД како едно, впрочем, тие се две спротиставени сили (различни интереси) на Блискиот исток, иако двете се наоѓаат во ист сојуз.
Дека САД ги помагаат Курдите на сметка на ИС е фактот што во неколку наврати во последните недели, Курдите помогнати од САД, добијаа значителни територии во Ирак и одбранија (или се во тек) доста територии од ИС.
Сепак, Асад е заедничка цел на Турција и САД.
Постов ти е на место.
Единствено што сакам да додадам е гледам многумина ја преувеличуваат поддршката на Турција спрема ИСИС. Не дека нема никаква поддршка, сигурно се споделуваат некои разузнавачки информации, само тоа стана реалност подоцна во конфликтот.
Кога започнаа протестите против Асад во Сирија, па започнаа првите вооружени судири помеѓу војската и секуларната Слободна Сириска Армија (ССА), составена од пребегани војници, офицери и цивили, сите очекуваа дека американците ќе го бомбардираат Асад и дека војната ќе заврши брзо, нешто како во Либија.
Турците од почетокот ја поддржуваа ССА. Најмногу им одговараше набрзина да дојдат на власт секуларни арапи со благодарност и наклонетост спрема Турција, пред да почне земјата да се распаѓа и да се формира курдски области, енклави и не дај боже, курдска држава.
Иран нормално застана зад Асад. Саудијците испаничија дека ќе немаат глас во пост-воена Сирија, дека ќе нема странка која би ги застапувала нивните интереси и почнаа да уфрлуваат радикални исламисти во земјата. Од како се поставија така работите, сите чекаа америте да му стават крај на Асад, за да ја "делат" Сирија, поточно власта и интересите во Сирија.
Единствен проблем беше тоа што на американците после две долги војни во Ирак и Авганистан, не им беше дојдено до нова, плус уште се чувствуваа последиците од финансиската криза, па започна голема кампања против интервенција. Масовно се јавуваа до конгресмени, пишуваа писма од типот на ако гласаш за војна, на следните избори го губиш мојот глас. Обама виде колку е саатот и дека таква одлука би била доста непопуларна за него и неговата партија, па топката ја префрли кај Конгресот и остави тие да одлучат. Замисли сега да си конгресмен во изборна единица од 20 000 гласачи, а ти стигнуваат 5 000 писма против војната. Знаеш дека ако гласаш ДА е политичко самоубиство. Многу од конгресмените беа ПРОТИВ и без притисокот на јавноста.
Одлуката да не се интервенира, сменаа многу работи на терен. Откако пропаднаа надежите за брза војна, ИСИС преминаа на план Б и почнаа да заземаат делови од Ирак. Во моментов не сум сигурен и колкаво влијание имаат саудијците врз ИСИС, од причина што ИСИС се скоро самостојни, имаат пари од банки, откупи, продавање нафта, имаат наоружување запленето од сириската и ирачката армија. Можно е чудовиштето да станало self-aware. Исто и на турците им пропаднаа плановите за брзо сменување на власт и почнаа да им се остварува стравот од курдска држава. Додатен фактор е и поддршката на курдите од страна на Израел, повеќе како контратежа и реванш за турската поддршка за Палестина. И тука турците веќе започнаа да сменуваат страни, им спласна ентузијазмот за ССА и почнаа да речеме да навиваат за ИСИС од причина што овие немилосрдно ги напаѓаат курдите. Сепак, како што реков погоре мислам дека поддшката е повеќе од разузнавачки вид и слободен транзит на доброволци. На турците им одговара што е можно повеќе двете страни да се испоубијат меѓусебно. На крај можно е Турција да испрати војска за да расчисти терен под претекст дека треба да ја обезбедат границата и сл.