Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Точно: кога го пишував постот (по сеќавање...) не можев да се сетам на точното значење на кратенката „КИСС„.

Благодарам во секој случај.
Poveli I drugpat

Samo, mislam deka posle toa se potvrdi deka toj akronim vsusnost ne e tocen.

Ako nekoj e poupaten vo prikaznata moze da odgovori.
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192
Тешко им е да сватат логички.Еве вака Атеист е исто и со Антихрист,ама не е еднакво со Сатанист,бидејќи Атеистот истовремено е и Антисатанист,Антибудист,Антимухамедист....Но и Будистот е Антихрист,и Муслиманот е Антихрист,и Сатанистот е Антихрист,и Јудаистот е Антихрист,ама помеѓу овие сите нив нема ништо заедничко,бидејќи сите заедно се едни против други,а сите заедно сложно се против Атеистот.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Poveli I drugpat

Samo, mislam deka posle toa se potvrdi deka toj akronim vsusnost ne e tocen.

Ako nekoj e poupaten vo prikaznata moze da odgovori.
Море, не е во прашање никава неточност, оти е далеку од случајност. Доволно е да се погледне нивниот „имиџ„, музика, текстови и сценски настапи, кои се во склад со името од групата.

Како и во политиката, така и во шоу-бизнисот не постојат случајности, туку точно испланирани работи, кои имаат своја намера и цел.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.081
Поени од реакции
12.054
Интересно кога ќе видам христијани кога користат еврејски кабалистички форми на докажување некоја духовна вистина или како претвара зборови во сатанистички пораки само за да покаже како христијанството е целата вистина! ГЛУПОСТИ!

Нотарикон како начин на кодирање и пренесување пораки воопшто не е веродостоен систем ако другиот го нема клучот, начинот на кодирање. Атбаш или Деветте комори се подобри...

Нормално, полесно е кога имаш цела реченица и ја претвориш во збор!

П.С. Немој да слушате христијански метал! Ужас е.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Не разбираш една клучна разлика помеѓу мене и атеистичкото сваќање генерално земено. Атеистите веруваат дека Бог не постои, иако се е тоа ќе повторам генерално земено.Јас тврдам дека Бог не постои, земајки го сваќањето за Бог по тој атеистички дух да речеме.......знам од лично искуство. Ти викаш дека непостоење не се можеш да утврдиш, јас викам дека можеш. Имаме разлика во терминологија, атеизам вс гностицизам.
Тебе не ти е јасно, ама еве да ти појаснам по кој знае кој пат, ама нек си ебе матер.
Атеистичкото и теистичкото пловат на ист брод и не можеш да бидеш едното ако не си во исто време другото, а не планирам верник да бидам :LOL:
:pos::pos: Оваа твоја брза трансформација од а-гностик во гностик ме засмејува до солзи, да си ми жив и здрав, мора да се напиеме во тоа име. Батко Бодидарма и ти си на истиот брод сакал ти или не сакал друг брод (човешвото) нема.
Болдираното не ти е точно затоа и не ме разбираш, затоа што сеуште останале твоите христијански догми во тебе. Сеуште си верник. И згора на тоа веруваш дека знаеш. А после ќе кажеш не се мешало знаење и верување а ти ги мешаш. :LOL:
По 9548,7 пути и за тебе и за твоиве другари верници. Атеизмот е неверување (се пишува во еден збор) во богови.
Ајде повели со твоево знаење (или верување дека знаеш) докажи ни дека богови не постојат.

П.С. И да си гностик сепак си атеист, но таквата твоја гностичност те става на истата страна како безумото верување во било кој бог.
 
Последно уредено:

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
:pos::pos: Оваа твоја брза трансформација од а-гностик во гностик ме засмејува до солзи, да си ми жив и здрав, мора да се напиеме во тоа име. Батко Бодидарма и ти си на истиот брод сакал ти или не сакал друг брод (човешвото) нема.
Болдираното не ти е точно затоа и не ме разбираш, затоа што сеуште останале твоите христијански догми во тебе. Сеуште си верник. И згора на тоа веруваш дека знаеш. А после ќе кажеш не се мешало знаење и верување а ти ги мешаш. :LOL:
По 9548,7 пути и за тебе и за твоиве другари верници. Атеизмот е неверување (се пишува во еден збор) во богови.
Ајде повели со твоево знаење (или верување дека знаеш) докажи ни дека богови не постојат.
The Tao that can be spoken is not the eternal Tao, The name that can be named is not the eternal name.
Пробувам да ги модифицирам термините во однос на генералното верување кое е присутно овде на форумов......и норманлно со ризик да ме разберат некои погрешно.
За да разбереш било која работа која се дискутира потребно е малку барем мудрост, и меморија. Агностицизмот и гностицизмот пловат исто на заеднички брод, и овде во случајов имаме едносмерно движење од незнаење накај знаење. Проблемот е што во дефинирање на овие два термини има мали заебанции, а од друга страна нема други термини моментално соодветни во јазиков наш.
Гностицизам на пример соодветствува на пракса на одредени луѓе кои живееле негде на блиски исток пред некое време. Јас го имам "прифатено" тој поим и нормално стално имам нагласувано за проблематиките кои би се јавиле заради тоа......како и да е.
The Tao that can be spoken is not the eternal Tao The name that can be named is not the eternal name.
 
Остај го тао на страна, тема за друга дискусија. За твоите верувања кажувам колку и да негираш, ги имаш. Нека ги настрана и старите гностички учења. Далеку си ти од тие. Исфрли си ги догмите, и читај што ти пишувам. Не е атеизмот тоа што ти сакаш или некој друг сака да биде. Помири се со фактот дека си атеист, самото неприсуство (ајде пошто не сакаш тој збор да го употребуваш, иако го имаш) на богови кај тебе те прави атеист, а натаму дали ќе бидеш гностик, агностик, автомеханичар или политичар или доктор на науки, сеедно.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Остај го тао на страна, тема за друга дискусија. За твоите верувања кажувам колку и да негираш, ги имаш. Нека ги настрана и старите гностички учења. Далику си ти од тие. Исфрли си ги догмите, и читај што ти пишувам. Не е атеизмот тоа што ти сакаш или некој друг сака да биде. Помири се со фактот дека си атеист (самоте неприсуство, ајде пошто не сакаш тој збор да го употребуваш, иако го имаш), а натаму дали ќе бидеш гностик, агностик, автомеханичар или политичар или доктор на науки, сеедно.
Добро. Еве ти вика некој верувам дека Алах е креатор на универзумов, на луѓето и т.н.
Ти што викаш за тоа верување?
Ти си неприсутен, или....?
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Добро. Еве ти вика некој верувам дека Алах е креатор на универзумов, на луѓето и т.н.
Ти што викаш за тоа верување?
Ти си неприсутен, или....?
Се праиш многу умен или.....? Да не одиме во тие води оти ќе треба да честиш пијачка.
Кажи ми ти што велиш на такво тврдење. Моето 5980 пати сум го кажал.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Се праиш многу умен или.....? Да не одиме во тие води оти ќе треба да честиш пијачка.
Кажи ми ти што велиш на такво тврдење. Моето 5980 пати сум го кажал.
Jас викам дека тој Алах не е креаторот на универзумов, луѓето и т.н.....те чекам ти да одговориш.
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.334
Поени од реакции
8.935
ПС. Најди само зошто Буда го употребил тој збор (нирвана), не за друго туку да не поставуваш глупи прашања на Атеистите у иднина.
@Bodhidharma, зошто Буда го употребил тој збор?
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Jас викам дека тој Алах не е креаторот на универзумов, луѓето и т.н.....те чекам ти да одговориш.
А... извини тоа го знаеш ..... како? На кој начин?
Мојот одговор откако ке го комплетираш одговоров.
Jas velam Alah ne e.
И до тебе истово прашање. На кој начин го знаеш тоа? Знаеш ли можда кој е, ако не е тој?
 
Последно уредено:

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
@Bodhidharma, зошто Буда го употребил тој збор?
Симболизира спојување со целината....демек кога ќе дувнеш во свеќата не се знае кај ќе отиде светлината....нема одредена дестинација.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.423
Како бе Ио ни е наметната религијата кога нема извршено никакво влијание врз нас и ни нема никако попречено низ годиниве. Точно со раѓање не идентификуваат религиски ама и на тоа останува, и одењето годишно двапати у црква, и тоа е отприлика се, минимизирање до крај. Целиов концепт на религија и вера е стаен скроз у мали рамки у капиталистичкиов систем, а да не збориме претходно кога сме биле во федерацијата. Јас не верувам во деитети, но не се чукам јавно у гради да бидам пророк на "верниците". Кога нешто мене а и на вас не ви пречи у формирањето мислење, не врши притисок преку едукативен систем, маркетиншки или на било кој друг начин, зашто да идам контра таков концепт? За да си го задоволам егото или некоја лична потреба?
И поради такви причини да им го одземам на луѓето она што им е нешто единствено што им дава некаков духовен мир и спокој?
Наметната ни е. Еве ако не ни е, кажи ми зошто (со незначителни исклучоци) скоро сите што се родиле во христијанско семејство не преминуваат во ислам или будизам, или обратно? Никој не трага по некаква вистина, го прифаќаш тоа што ти е наметнато, сите имаат некаков бог од 5 годишна возраст и му остануваат верни до крајот на животот.

Викаш дека не ни врши притисок преку едукативен систем и затоа не треба да идеме контра, ама забораваш на проекти од типот Веронаука во училиштата кои се буткаат па некој мора да им застане контра. Не сакаат сите да си ги изложат децата на таа материја. Проекти против абортус и употреба на кондоми (во некои држави) исто така се буткаат под притисок на црквата преку политичарите, посебно второто многу опасно, барем по бројот на луѓе кои се засегнати. Некој треба да им контрира на ваквите проекти. Не си во право кога тврдиш дека не не тангира ништо и треба да си свиркаме, ако никој не оди контра еден ден ќе ни ги набутаат сите генијални предлози и ќе си го носиме.

Да не зборувам за овие забрадените, христијанството е мачкина кашлица во однос на тоа што може да не снајде со нив. Дали и за тоа треба да молчиме? Ако некој верува дека го чекаат 72 девици ако се разнесе со бомба во трговски, дали и нему не треба да му го нарушуваме духовниот мир и спокој?

Јас инаку немам ништо против некој да си е религиозен, знам дека им е потребно, ама ти сега бараш на некој начин да им ја разбереме потребата и да не ги р'чкаме... зошто? По што се тие посебна категорија па да не е во ред да им маваме сеир кога тврдат глупости? Да не се хендикепирани нешто? На форум луѓе дискутираат, кому не му се дискутира не мора да пишува.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom