Мики видиш сеа морам да се ставам у одбрана на атеизмот, бидејќи сметам дека не си во право.
Беше дадена наназад дефиниција за атеизам –‘”недостаток на верба во точноста на описите за Бог во светите книги”. Ова не лебди, туку е тука.
Беше заклучено од двете страни дека нема мешање на наука, и дека тројката еволуција, абиогенеза, биг бенг не е опфатена во дефиницијата.
Согласно горната дефиниција дојдовме до момент дека секој што се наоѓа себе си во горната дефиниција се нарекува атеист.
Зборуваш како да постои некаков си институционализиран атеизам, налик денешната религија, кој има за цел да повлече што повеќе души при себе.
Веројатно целиш на образовниот систем и туркањето на теоријата на еволуција, како најплаузибилна во овој момент.
Но, историјата не учи, дека имало еден куп погрешни теории и тврдења во даден момент, кои подоцна биле променети и заменети со поподобни. Тоа и самиот го велиш.
Во моментов на сила е токму ТЕ. Како ќе биде понатаму, здравје. Ќе видиме. Сите знаат за дупките во ТЕ, но и за дупките во толкуваната вистина на Црквата.
Ти реков вчера – полека Фон Деникен и ти ќе го прифатиш
Мислам дека Црквата го има загубено приматот многу поодамна, и не се должи на Дарвин, туку многу повеќе на својата стереотипност и неприлагодување на својата вистина на потребите на 21 век.
Ќе се сложам дека атеизмот е само негирање на одредена понудена вистина, но не и прифаќање на “алтернативната”.
Не постои вистински богоборец. Тоа е според мене измислен поим од страна на Црквата да се справи полесно со своите неистомисленици.
Постои само скептик во нејзините вистини. Никој не се бори против Бог, туку има само скептицизам кон одредени црковни вистини.