Здраво на сите... По се изгледа сето ова ќе испадне на добро... значи... се заангажирав и се распрашав кој се најквалитетните посредувачи... и најдов броеви од околу 5-6 посредувачи и се разѕвонив и распрашав што и како стои ситуацијата.
Значи вака.... Дел од посредувачите не ја знаат добро процедурата, и пример и да имаш роднина бугарин... пример брат(како во мојот случај) треба да се извадат изводи од браќата да се легализираат во бугарија се праќаат и тоа е тоа... значи денеска многу работа завршив и се распрашав и луѓе се имаат вратено од дополнителна проверка... некои не ни биле на дополнителна затоа што однапред можело да се однесе документот.. јас мислев дека мојот посредувач го има направено тоа.. но за жал го нема... и сеа ќе чекам во протокол да ми излези бројката, и веднаш ги носам документите.
Инаку исто така ми спомнаа... ти секако ќе добиеш државјанство бидејќи го имаш бугарскиот корен... имаш роднини со бугарско потекло.... а и другите што немаат ќе добијат... бојко победи на изборите... значи тие луѓе што секојдневно се занимаваат со тоа и посредуваат се уверени дека многу набрзо ќе се среди ситуацијава... и повеќе од нив додека правевме муабет го спомнаа тоа дека со изборите ептен ќе се опорави работата...
Друго... еве сега овие линковите што ги гледам денеска...
http://www.dnevnik.bg/infografiki/2014/10/15/2401087_sled_pregovorite_razlichiiata_mejdu_gerb_i/
ГЕРБ и реформаторскиот блок се согласуваат за 90 проценти од работите.. така да веќе е средена работата... заедно ќе се герб реформаторите и патриотите... А и еве вмро објавиле дека најмалку што можат да направат за македонија е да им дадат државјанства... и си кажуваат дека нема смисла ова моментално што се прави...
Инаку и за тие што немаат никакви бугарски корени... ако сте родени во македонија и вашите родители или дедовци се родени овде.. и се македонци.. а не роми или албанци (овде несакам да навредам ниедна национална припадност... само сакам да нагласам дека бугарите само македонците ги сметаат за бугари... ромите албанците србите и други националности не) Ќе се опорави работата... и тоа ќе биде една од првите работи што ќе ја средат... значи чекањето не би требало да биде уште долго.