Тогаш која е алтернативата?
за Кукја да завршува со „ја“ буквата? мекнеење на „к“ и „г“ пред одредени самогласки? Воведување на мекиот знак, нешто слично како кај бугарите?
Тоа е најголемиот проблем на македончето:
Јазикот му е дел од јужната група на јужнословенските народи (заедно со бугарскиот).
Конески под партиска директива, која во тоа време има србоманска насока, го менува писмото и донекаде правописот, додавајќи ќ,ѓ,њ,љ и ј (и уште некои букви, но тие се природни за нашиот јазик). За да не би бил сличен со бугарскиот, ами со српскиот. Македонскиот јазик е природно сличен со бугарскиот, но премногу за југословенската-просрпска ориентација на властите, па морал да се направи да биде посличен.
Направени се многу вештачки нешта во Македонија, за Македонците бидат послични со Србите или барем да се разликуваат од Бугарите. Но, официјалната етнологија, тоа не можеше да го прифати. Зборам за официјалната етнологија на таа држава, на оваа и воопшто светската, која Македонците ги класифицира заедно со Бугарите, во јужна подгрупа на јужнословенска група.
Значи ние и Бугарите сме слични. Тоа не значи дека сме еден народ, побогу. Колку што е штетно и неточно да се подржува теоријата дека Македонците и Бугарите се еден народ, би рекол дека дури и поштетно, е менувањето на карактерот на нашиот народ, од 45-та, преку бришење на карактеристики кои ја покажуваат сличноста со Бугарите и колку е можно повеќе додавање (измислување) нешта кои не поврзуваат (вештачки) со Србите.
На пример:
Ја си го сечам куров, ако прадедо им на барем 10% од сите тие кои се презиваат на
овски или
евски, се презивал така, кога бил роден.
Па види бе имиња на Македонци од револуционериве, или било кои, во времето од пред I-ва СВ. Кој се презива на овски или евски? Колкумина? Дали е приближно ист процентот како денес или можеби нема ни еден? Тие се додадени подоцна, за да не бидат слични на бугарските.
Како тоа на никој не му текнало да се запраша, како тоа комитите, револуционерите или било кои дејци од тоа време, ама баш никој (или можда ретко кој) се презива на овски или евски.
(Сандански не спаѓа во тие, ниту Малешевски кој е по топоним)
Сето ова ова не значи дека сме Бугари, туку само дека сме доволно глупи кој како сака да не води на јаженце.