Абе не да се менува, кој рече да се менува, туку само да се донесе Кире наредната сезона или Ренато барем до крајов на сезонава, за да немора да игра 60 минути Алекс и кога му иде и кога не му иде. Алекс е брз и добар за истурени одбрани а играчи од типот на Кире и Ренато би биле одлични за плитки одбрани. Може одлично да се надополнуваат еден со друг. Слободата на Дибиров мене најмногу ме плаши, во клучни моменти ако продолжи да рипа од мртви агли може стварно лошо да заврши по тимот. Незнам колку го следиш Кире ама веќе не шутира од неизградени позиции и на сила, кога не му иде, како што правеше порано. Процентот на реализација му е повисок, го научија да игра тимски и на врвно ниво. Да бидеш прв изведувач на пенали во екипа како Барса каде ги има Рутенка, Сигурдсон, Томас не е мала работа, некој таму води статистика, на Вардар сигурен изведувач на пенали му е многу потребен.