Снимање за време на секс?

  • Креатор на темата Svetovid
  • Време на започнување
Член од
14 февруари 2013
Мислења
584
Поени од реакции
704
Интимни работи да се снимаат е глупа бескорисна идиотска ствар.
Дај бе нека не ви го перат мозокон американцине. Сите лудила од таму дојдоа од тие еб*ни забегани умови, и после се чудиме зашто младината била пореметена? Епа затоа што уште од кога ќе се родат растат со Андроид, Ајфони и 500 слични тракатанци со интернет каде што гледаат најразлични глупости, па потоа влагаат у некои си нивни „филмови“ благодарение на допуштањето од нивните „современи“ родители.
Ако порано се учеше за тоа како да се сакаш со некој и да ја почувствуваш љубовта на правилен начин, па да имаш регуларни односи, денес се учи на тоа во кој агол да ја остаиш камерата да снима додека се еб*ш, за после да го гледаш клипот :facepalm:.
Страшно и за греота каде отиде човештвово...

Сличен пример на дете со одврзан јазик и лошо воспитување проследено низ доза на „фурање“ =

Член од
15 октомври 2014
Мислења
6
Поени од реакции
0
Дали постои шанса да се врати избришано видео од андроид ? И како ?[DOUBLEPOST=1413327340][/DOUBLEPOST]Не планирам јас да го вратам и објавам туку една личност има мое видео кое го избришавме а сега тврди дека е вратено и бара од мене 5 илјади евра иначе ќе се објави видеото.
 
Последно уредено:
Член од
14 февруари 2011
Мислења
55
Поени од реакции
30
има шанси да се поврати избришано видео (90%) .... зошто не поднесеш пријава во МВР?
 
N

Nessa Alcarin

Гостин

Кажи му нека го објави. Славен/на ќе си некое време, после ќе те заборават. А него ќе си го пријавиш во полиција. :)
 
Член од
15 октомври 2014
Мислења
6
Поени од реакции
0
има шанси да се поврати избришано видео (90%) .... зошто не поднесеш пријава во МВР?
Како може да се врати тешко ли е ? Се надевам дека ме лаже не се разбира многу во тие работи се чудам како го има вратено. Што ќе помогне МВР кога цел свет ќе види!!![DOUBLEPOST=1413328304][/DOUBLEPOST]
Кажи му нека го објави. Славен/на ќе си некое време, после ќе те заборават. А него ќе си го пријавиш во полиција. :)
Секако дека ќе го објави ја знам добро личноста, а славата ќе ми трае довека од мала средина сум. Ќе се обележам за навек. А каква казна може да добие за тоа ?
 
Член од
14 февруари 2011
Мислења
55
Поени од реакции
30
не е ни малку тешко да се повратат податоци од било каде (освен ако не бил трајно оштетен дискот) ... инаку делото уцена е кривично дело и за тоа е предвидена затворска казна доколку пријавиш и полицијата обезбеди докази за истото ...
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Како може да се врати тешко ли е ? Се надевам дека ме лаже не се разбира многу во тие работи се чудам како го има вратено. Што ќе помогне МВР кога цел свет ќе види!!![DOUBLEPOST=1413328304][/DOUBLEPOST]
Секако дека ќе го објави ја знам добро личноста, а славата ќе ми трае довека од мала средина сум. Ќе се обележам за навек. А каква казна може да добие за тоа ?
Прво нема да му дадеш пари, второ ќе му го отстранат телефонот предвреме, т.е. пред да биде објавено видеото, и трето ќе си бараш оштета за нарушување на душевен мир or whatever ....[DOUBLEPOST=1413328521][/DOUBLEPOST]
Прво нема да му дадеш пари, второ ќе му го отстранат телефонот предвреме, т.е. пред да биде објавено видеото, и трето ќе си бараш оштета за нарушување на душевен мир or whatever ....
edit: Или како што ти напиша @dimitarko :)
 
Член од
15 октомври 2014
Мислења
6
Поени од реакции
0
Па добро да пријавам тогаш ама не знам дали нашата полиција би реагирала на ова а докази имам, пораки. Имам рок од 3 дена да дадам 5 илјади евра или полицијата да успее да среди или ја да се фрлам во вардар. За еден глуп фетиш си го заебав животот!!
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841

Да пријавиш, ич да не се думаш, ама не го известувај дотичниот дека ќе пријaвиш :)
Нека биде изненадно.
 
AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.901
Поени од реакции
11.239
Па добро да пријавам тогаш ама не знам дали нашата полиција би реагирала на ова а докази имам, пораки. Имам рок од 3 дена да дадам 5 илјади евра или полицијата да успее да среди или ја да се фрлам во вардар. За еден глуп фетиш си го заебав животот!!
Подобро плати 1000 евра за некој да го/ја прекрши од ќотек.
 
Член од
14 февруари 2011
Мислења
55
Поени од реакции
30
епа шо се думаш, ако имаш пораки оди во полиција работат и трета смена :D и плус ќе го земат сигурно на 30 дена малку на топло дека од денес почнува грејна сезона, ако во мегувреме тој не организирал некој друг да ја заврши работата за него додека е на топло :D
 
Член од
15 октомври 2014
Мислења
6
Поени од реакции
0
Ќе одам навистина ќе одам, ама ќе ми се смеат во полиција и ќе разгласат насекаде. А тие ако го земат телефонот ќе го гледаат видеото.[DOUBLEPOST=1413329968][/DOUBLEPOST]Или да ја намамам личноста дека имам 5 илјади евра и да се сретнеме и да го искршам телефонот ? Најдобро е да одам во полиција можеби го има префрлено на компјутер.
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Ќе одам навистина ќе одам, ама ќе ми се смеат во полиција и ќе разгласат насекаде. А тие ако го земат телефонот ќе го гледаат видеото.
Секоја работа си носи своја последица, обично. Така да попаметно тие да појдеш во полиција и да исчезне тоа глупоста фетишовска што си ја чинила, отколку истата да прошета низ јавноста, па да бидеш обележана од сите знати и незнати.
А во полиција нема шо да разгласуваат, тие со триста други глупости во денот се соочуваат, зошто па твојата да биде посебна? Плус тоа спаѓа во тајна обработка, така да не смее истото да се разгласува, во спротивно може и полицијата да наеби (во некоја нормална држава да речеме, па по некој исклучок и тука)
 
Член од
14 февруари 2011
Мислења
55
Поени од реакции
30
погледни тука, па ако не сакаш да ти се смеат отиди во друга полициска станица надвор од твојот град и таму пријави ....
 
Член од
15 октомври 2014
Мислења
6
Поени од реакции
0
погледни тука, па ако не сакаш да ти се смеат отиди во друга полициска станица надвор од твојот град и таму пријави ....
Немав нешто доверба во нашата полиција, мислев и ова би го занемариле, не ја сметав за ефикасна што знам ама гледам си ја работат и тие работата. Што знам немав досега случај со полиција затоа не знам ги сметам за неспособни. Фала за линкот!!!! Да, одам дефинитивно и тоа во друг град. Фала многу, ни на крај памет не ми падна да пријавам. Само ме мачи една работа, типот на типкава и бара 300 евра а мене 5 илјади евра ми барааат!!! Пет!!!!!! Свиња! Заради фетишот е.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom