Карта на просечни плати во Европа

  • Креатор на темата Креатор на темата NikolaMKD91
  • Време на започнување Време на започнување
Финска има повисока просечна плата од Шведска за околу 1200 евра. Голема разлика навистина.

Финска или Норвешка?
Норвешка има нафта и гас, доста хидроенергија, затоа таа разлика. Само за инфо Норвешкиот национален фонд има 1.000 милијарди долари на располагање.
http://www.nbim.no/en/the-fund/
 
Финска или Норвешка?
Норвешка има нафта и гас, доста хидроенергија, затоа таа разлика. Само за инфо Норвешкиот национален фонд има 1.000 милијарди долари на располагање.
Се извинувам за Норвешка мислев. Веќе го корегирав во постот. Фала на исправката.Ама да, тоа е поентата . Не очекував толкава разлика во скандинавските плати.
 
Како дошле до 350€ во МК само тие си знаат.
Јас колку што пратам огласи за работа секаде освен во администрација и Скопје се нуди 8800 плата.
 
4047 евра............. машала, баш она што се вика машала:)

Иначе по ова што го пишува за нас и не сме така лоши во однос на останатите на Балканот:)
 
Ова просекот од 349 евра изгледа е од платите на администрацијата. :icon_lol:

Никаде го нема бројот на оние што земаат под 12.000 ден :icon_mrgr:

4047 евра како просечната плата во Македонија да е 1000 евра. Двајца да земаат по 1000 евра и нив ќе им остануваат најмалку по 500 евра месечно или во Швајцарски стандарди (2000 евра).
Но реалноста е што поголем дел од населението ни 50 евра не можат да заштедат и не знаат кога последен пат влегле во менувачница или ставиле пари на сметка.

Колку и да има трошкови во Швајцарија ако двајцата се вработени и месечно земаат вкупно 16.000 евра сигурно заштедуваат најмалку 4000 евра. И 1000 евра на пример не е малку да заштедиш.

И после се чудите што секое лето доаѓаат со кола од 30.000 евра и овие во селата посебно Струмичките што се иселени во Швајцарија имаат направено големи куќи во кои никој не живее. :noze:
..штедење??? тоа е како да гориш пари во камин....инвестирај, стварај работни места,експлоатирај евтини глупандери и богати се...;)
Големи куќи за чавкарници??? ....тоа градат само некои кои очигледно многу ги засакале чавките..откако овие им го испиле умот...:)
 
Секој не сака да се замара со инвестирање и стварање на работни места. Штедење во Швајцарска банка е подобра опција.

Кој ги знае може си прават куќи за кога ќе земат пензија да се вратат таму да живеат. Странска пензија и живеење во Македонија со такви стандарди е уживање.
 
Инаку во дискусијата за останати пари од плата во Швајцарија е кога плаќаш кирија за стан. Да не плаќаш кирија за стан би имал многууу поголема заштеда.

Еве имам многу време поминато во Швајцарија, роднини и пријатели од Швајцарија (не сум шоч) па ќе направам една споредба со тоа што го знам:

Фамилија со 2 деца под услов и двајцата да се вработени:
Македонија, 2јца факултетски образовани родители:
Плата: 42.000 денари (вкупна плата на двајцата родители)
-кирија за стан= 18.000 денари (во Скопје, за семејство со 2 деца)
-струја = 7000-8000 денари во зима
-вода = 500 денари
-ѓубре = 300 денари
-интернет + тв (800 денари), телефон (2 претплати по 500 денари и 2 по 300 денари) = 2400 денари
-месечни трошкови за гориво за автомобил = 6.000 денари
-трошкови за прехрамбени продукти и пијалоци = 15.000
-2 месечни карти за ЈСП = 2100 денари
-по 2000 денари месечно на секое од децата (по претпоставка дека се во средно и основно образование)
Доаѓаме до вкупно: 54.300 денари
И ова е сума да се живее како робот, без еднаш месечно да се отиде на ручек/вечера во ресторан. Без вонредни трошкови (дефект на автомобил и сл.), без заштеда за летен одмор. Значи за основно живеење веќе сме во минус над 12.000 денари.

Швајцарија, 2јца факултетски образовани родители:
Плата: 12.000 франци (вкупна плата на двајцата родители)
-осигурување = 800 франци за родителите и 150 франци за децата
-кирија за стан: 3000 франци (бидејќи се 2 деца, станот мора да е со 3 или повеќе соби според швајцарските закони)
-струја, вода и ѓубре - 200-300 франци (за стан од 80 до 100м2)
-интернет и тв = 80 франци + 2 претплати по 50 и 2 претплати по 30 франци = 240 франци
-месечни трошкови за гориво за автомобил = 500 франци
-трошкови за прехрамбени продукти и пијалоци = 2500 франци
-2 месечни карти за јавен превоз = 200 франци
-по 600 франци месечно на двете деца (по 20 франци дневно на секое дете, повеќе од доволно за малолетни)
Или вкупно месечни трошкови: ~9000 франци
и заштеда од 3000 франци.

Значи ова се точни информации, можеби се зголемени за швајцарија (затоа што ретко кое 4члено семејство троши 2500 франци за храна месечно), но сепак тоа е некоја реална потреба за основен живот.
И немојте повеќе да споредувате Македонија со други земји. Во Македонија патлиџан бил 30 денари кг а во Швајцарија 500 денари, и доаѓате до заклучок дека животот е подобар во Македонија.
 
Секој не сака да се замара со инвестирање и стварање на работни места. Штедење во Швајцарска банка е подобра опција.

Кој ги знае може си прават куќи за кога ќе земат пензија да се вратат таму да живеат. Странска пензија и живеење во Македонија со такви стандарди е уживање.
Ebati penzijata ako ne si tamu kaj sto ti se decata i vnucite. Na tie godini prijatelite ti se i onaka 90% umreni. Ova mi go rece eden postar covek sto se otkaza od idejata i si zamina nazad.

Nejse, za platite e muabetot. Interesno e Danska. Ima preku 3000 na kartava, toa e interesno. Vaka gledano se isplakja da rabotis vo Danska i da trosis vo Germanija :)
 
Ех, плати, мати, ова, она, небитни работи...
Ај да видиме мапа кој има најмногу споменици, а пички ви фуфка, а?!?
 
Место да штанцате букви по форумов поарно ќе е да се фатите за работа па ќе имате поголема плата
Ја знам голем број на луѓе, што се убиваат од работа, во три смени, по некогаш и прекувремено остануваат... Осум саати плус нешто ситно, дневно, плус два саати пат (наваму и натаму) од дома до индустриска зона. Значи 10+ саати дневно трошат на работата, а зимаат 10.500. Така веќе подолго време....

Како не заработуваат повеќе?
Нешто до нив е изглеа.
За кој кур не си нашле врски па да работат помалку од 8 саати дневно за 2-30 кила, во администрација?
Тоа е. неснаодливи се, па после стојко им е крив.
Да беа снаодливи, сеа немаше да немаат време да прднат, да видат фамилија за тие 10.500, туку сеа на Кајгана ќе висеа и ќе ни јадеа гомна како тука било убаво и океј, а у Немачка срање.
 
Овие по сендвичарите во рамстор,ситимол....работат по 8-9 часа и ниеден нема под 14-15к
 
Овие по сендвичарите во рамстор,ситимол....работат по 8-9 часа и ниеден нема под 14-15к
Ааааа, машала 14кила зимале. Бре, бре, не им оставам бакшиш више....
Види ги ти, нашле па зашле....

Да даде Господ еден ден и ти таква висока плата да зимаш, да си бидеш на раат.(y)
 
Како дошле до 350€ во МК само тие си знаат.
Јас колку што пратам огласи за работа секаде освен во администрација и Скопје се нуди 8800 плата.
Ти земаш 10.000 мкд, твојот директор 30.000 мкд, ете ти просечна плата 20.000.
Се прашувам дали до просекот е дојдено така. Да беа земени во предвид оние со нула јаболка, просекот ќе беше под 200 евра. Кај нас мислам дека нулите се отстранети од равенката а направен е просек само од оние кои земаат плата. Поубаво изгледа.
Не се земаат во предвид нулите, не само кај нас, секаде.
 
Свалбард - 2890 ЕУР
Норвешка - 3554 ЕУР
Колку што знам иста земја се :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom