Mr. Mojo Risin'
Porka de Majorka
- Член од
- 14 септември 2008
- Мислења
- 3.517
- Поени од реакции
- 4.400
Киелини го постигна првиот Хет-трик во неговата кариера
е сеа и ти, како да играат кога веќе имаат еден куп натпревари одиграно за Аргентина. секунда да одиграш на официјален сениорски натпревар и веќе не можеш да смениш репрезентација. не важи единствено за пријателски натпревари.
а плус тоа Паласио нема италијанско потекло туку шпанско. татко му е од Шпанија кој како дете со фамилијата пребегал во Аргентина поради граѓанската војна. Паласио има шпански пасош и да не играл за Аргентина ќе можел комотно да игра за Шпанија.
фамилијата на Меси потекнува од Анкона, град во централна Италија. иако и по двајцата родители е италијанец, мислам дека доколку Италија го побарала не би добил дозвола од ФИФА поради тоа што ФИФА признава потекло до трето колено, значи до дедо или баба, а случајов со Меси почнува од пра-прадедо му Анџело и пра-прабаба му Мариа кои емигрирале во Аргентина при крајот на 19 век. иако нивните потомци се мажеле и женеле со други италијански имигранти, кај ФИФА тоа не проаѓа. е сеа за од на мајка му страната не знам од кое колено му е италијанското потекло, можеби не е толку далечно. иначе, во Италија Меси денес има роднини, како на пример боксерот Лука Меси или па дечково за кој се пишуваше и по весници. според италијанските закони, Меси има право да извади италчијански пасош без разлика од кое колено му е потеклото, ама не е според ФИФА. за тоа колку е строга ФИФА кога станува збор за потеклата, ќе го наведам примерот на аргентинецот Дарио Цвитанич кој во 2008 зема хрватски пасош благодарение на хрватското потекло. требаше да игра за Хрватска арно ама ФИФА не му дозволи бидејќи потеклото му е од прадедо, што е четврто колено.
Тренер со карактер. Ете тоа е Конте. Било кој од другите просеци или заостанати тренери ќе го макнеше Балотели, без разлика на тоа дали на теренот се движи половина километар на час или истрчува помалку од голманот на клупата. Тој си рече дека нема да бира играчи врз основа на име и популарност туку ќе ги игра тие што заслужуваат и го прави тоа. Покрај се има и авторитет доволен за никој од земјата да не му се меша во работата и во изборите на играчите, како ни во тактиката. Италија играше лошо против Азербејџан, ама токму тоа е поентата, што човекот без разлика тимот што го води игра лошо или добро, секогаш можеш да се надеваш на победа. За разлика од некои...За прв пат во животот вчера го сакав Киелини.
Ги чекав на спортска и душа ми се исполни да ви кажам. Реално, премногу ми се допаѓа оваа НОВА Италија под водство на Конте. Им текна на дегените дека конечно треба асален тренер да стават, а не да се ебаваат со Донадони, Прандели и остали просеци. Јас се имам изјаснето многу пати за Конте додека беше тренер на Јуве, не можам да го сварам едноставно, ама дека е тренериште тука нема збор. Башка сега кога не е тренер на Јуве, веќе не ми е омразен, напротив, баш симпатичен лик ми е.
Одлично изгледа Италија под негово водство, а мора да земеме во предвид дека ова е само почеток!!! А чим некој тим на почетокот изгледа добро, ондак... if you know what I mean.
Се му е на тацна за да си ја игра неговата омилена формација, што се вели скоро цел Јувентус му е тука, плус во нападот ги има одличните Имобиле и Заза, додуша овој вториот вчера потфрли али нема везе, се дешава и слаба утакмица понекогаш. Така да од Италија очекувам многу на следното Европско Првенство.
Па тоа е најбитното. Карактер се покажува кога тимот игра лошо а сепак победува, а не ко Бенитез, губи 4-0 од Рома, а овој вика дека Интер покажал карактер.Тренер со карактер. Ете тоа е Конте. Било кој од другите просеци или заостанати тренери ќе го макнеше Балотели, без разлика на тоа дали на теренот се движи половина километар на час или истрчува помалку од голманот на клупата. Тој си рече дека нема да бира играчи врз основа на име и популарност туку ќе ги игра тие што заслужуваат и го прави тоа. Покрај се има и авторитет доволен за никој од земјата да не му се меша во работата и во изборите на играчите, како ни во тактиката. Италија играше лошо против Азербејџан, ама токму тоа е поентата, што човекот без разлика тимот што го води игра лошо или добро, секогаш можеш да се надеваш на победа. За разлика од некои...
Мондо од дамна рече за овој ,ама на клада ќе го спалеа уште малку
Чек малце... ти не беше Потопо?Осврнува
Кладба беше бе еби се.Чек малце... ти не беше Потопо?
Вака, Прандели до финалето на ЕП многу добро си ја вршеше работата!!! И тој почна да прави тим, не дозволуваше ни тој да му се мешаат, барем според играчите што ги повикуваше. За репрезентација беа викани и играчи од втора лига, Италија почна да игра убав фудбал, напаѓачки... После тоа финале веќе Италија не личеше на озбилна екипа, тоа беше некоја друга приказна, се виде уште на првите натпревари во квалификациите за СП и тоа го пишувавме тука.Тренер со карактер. Ете тоа е Конте. Било кој од другите просеци или заостанати тренери ќе го макнеше Балотели, без разлика на тоа дали на теренот се движи половина километар на час или истрчува помалку од голманот на клупата. Тој си рече дека нема да бира играчи врз основа на име и популарност туку ќе ги игра тие што заслужуваат и го прави тоа. Покрај се има и авторитет доволен за никој од земјата да не му се меша во работата и во изборите на играчите, како ни во тактиката. Италија играше лошо против Азербејџан, ама токму тоа е поентата, што човекот без разлика тимот што го води игра лошо или добро, секогаш можеш да се надеваш на победа. За разлика од некои...
Мондо од дамна рече за овој ,ама на клада ќе го спалеа уште малку
И јас го користам, само смешно ми дојде у ситуацијава. Инаку правилно би требало да е се потпира.А што му фали на зборот осврнува или дека јас сум од провинција ми изгледа правилен ?
Прандели само привидно си ја вршеше добро работата пред финалето. Цело првенство лошо менаџираше, освен можеби со Англија. Особено се сеќавам на победата од 2-0 над Ирска кога Италија играше најпичкарски што може да се замисли. Во натпреварите против Костарика и Уругвај тимот не создаде нитуедна шанса што само беше доказ за очајната тактика која што ја форсираше, тактика со која уште не ми е јасно што сакаше да постигне.Вака, Прандели до финалето на ЕП многу добро си ја вршеше работата!!! И тој почна да прави тим, не дозволуваше ни тој да му се мешаат, барем според играчите што ги повикуваше. За репрезентација беа викани и играчи од втора лига, Италија почна да игра убав фудбал, напаѓачки... После тоа финале веќе Италија не личеше на озбилна екипа, тоа беше некоја друга приказна, се виде уште на првите натпревари во квалификациите за СП и тоа го пишувавме тука.
А треба да помине време за да се даде оценка за Конте, поточно за репрезентацијата под негово водство. Ова против Азербејџан беше доста лошо, дури напорно за гледање. На лаптоп ја гледав Италија, на ТВ друг натпревар, инстиктивно очите одеа накај ТВ, морав некогаш со сила да гледам во лаптопот за да видам каква е Италија под Конте. Начинот на кој се постигнати головите доста говори.
Добро е што следниот наптревар е со Малта...
Верати не игра затоа што игра Пирло. Не верувам дека Конте било когаш ќе ги стави да играат заедно, што е и исправна одлука. Зошто се форсира Пирло, кога ЕП е за две години, а не се пробува нешто друго, не ми е јасно.
Не треба никаква храброст сега да не го повикаш Балотели да игра за Италија. Па од Милан одвај чекаа да го продадат. Гнев би навлекол да го викне и да го форсира во првиот тим.
Малку се претерува околу карактерот, го видовме во ЛШ, го видовме тој карактер во Истанбул. Па и околу одлуката да оди на сигурно и да ја преземе италијанската репрезентација, а не да проба да се докаже некаде во странство, доволно говори за неговиот карактер. Освен Анчелоти, тој беше единствен тренер од Италија, кој ќе добиеше понуда да води голем клуб во странство.
А Конте има квалитетни фудбалери на располагање, има и младост и искуство, мора да постигне успех. Ако успехот изостане тој ќе е единствениот виновник... Резултатски овие квалификации не треба да се некое мерило, пласман во ЕП во ваков систем не е ни доведен во прашање...