Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Какво е тоа твое барање кога знаеш што бараш?
Јас навистна не знаев што да барам, но Бог веќе ме нашол, а со тоа наоѓање, моето трагање беше олеснето па не преостоана ништо друго освен средбата со Бога...[DOUBLEPOST=1412959893][/DOUBLEPOST]
Како не го најде Бахус или Хорус? ]
Немам потреба да ги барам, оти и Бахус и Хорус не се моите творци. Душата човекова го бара само својот Творец, оти само со Творецот истата може да се помири и смири.

А со Бахус и Хорус, што со нив?[DOUBLEPOST=1412959955][/DOUBLEPOST]
Сеуште имаш избор за промена, но треба да истражуваш и да надминуваш! Со потрага - далеку од вера без знаење! :)
Зашто да го отпочнувам она кое веќе сум го завршил?...
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.285
Поени од реакции
12.278
Пак зборуваш како да знаеш, а само веруваш.
Ти веруваш дека богот те нашол убаво сместен во својата ќелија на догматско верување... не знаеш за божественоста, не мора да лажеш дека ја поседуваш.

Чудна ми е таа особина кај вас - верата ви е знаење... не е исто и не може да биде исто. Зборувате за својот бог како да знаете дека постои. Признајте дека само верувате дека постои и ќе биде се ок. :)

Бахус и Хорус и Исус и се останато е ЕДНО! Една вистина...
Поделбата е кај вас, а со тоа и непријателството и напаѓањето на другите... знаеш она, секти, неверници и слично.

Неверници не постојат, само различни патишта кон богот - небогот.

Да ме читаш, ќе знаеш што зборувам. А тоа што ти смета што зборувам е друга сказна.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949

SuBZerO

Бигус Дикус
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.862
Поени од реакции
4.814

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.285
Поени од реакции
12.278
Најисцрпен одговор имаш во Житието на Преподобниот Антониј Велики:

http://www.svetosavlje.org/biblioteka/avajustin/zitijasvetih/Lat_ZitijaSvetih0117.htm
Аман пак ти со твоите старци и светии... нека одат по ѓаволите со нивните старо-еонски бладања за новиот човек влечкајќи го со нив наследниот им грев.
Пу јазк...

Одете 11 дена и медитирајте и надминете се. Не постојано да зборувате за вашите богови (концепти на божественост) како да сте седеле на маса со нив или ги имате кај вас !!!
 
Последно уредено:
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.600
Поени од реакции
9.237

Црвеното здебелено ти е оксиморон и тоа не си свесен каков.[DOUBLEPOST=1412962255][/DOUBLEPOST]
Накратко: Toa e крсниот знак, верата во Бога и молитвата.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Пак зборуваш како да знаеш, а само веруваш.
Ти веруваш дека богот те нашол убаво сместен во својата ќелија на догматско верување... не знаеш за божественоста, не мора да лажеш дека ја поседуваш.
Постојано ми „накалемуваш„ дека лажам, а самиот не кажуваш ниту една вистина...а како можеш да кажеш, кога самиот не стоиш во вистината.[DOUBLEPOST=1412962914][/DOUBLEPOST]
Чудна ми е таа особина кај вас - верата ви е знаење... не е исто и не може да биде исто.
Може: верувам за да знам, верувам за да разберам.[DOUBLEPOST=1412963007][/DOUBLEPOST]
Бахус и Хорус и Исус и се останато е ЕДНО! Една вистина...
Од кај ја извади оваа мисла, леба ти?...[DOUBLEPOST=1412963055][/DOUBLEPOST]
Неверници не постојат, само различни патишта кон богот - небогот.
Хммм, да: особено кај овој вториов, со претставката „не„,[DOUBLEPOST=1412963120][/DOUBLEPOST]
А тоа што ти смета што зборувам е друга сказна.
Воопшто не ми смета, чак би рекол дека ми е забавно: јас имам своја вера, а надвор од неа, може да има било што...
 
Член од
17 јануари 2012
Мислења
1.044
Поени од реакции
644
Вонземска цивилизација способна да патува низ меѓуѕвездени пространства, а уште и да ни биде во нашето соседство е утопија.

Да претпоставиме, дека има напредна вонземска цивилизација на 10 светлосни години од нас, што е преоптимистична претпоставка (најблиската ѕвезда Проксима Кентаури е на 4.3 светлосни години што е страшна далечина во споредба со Сонцето кое е далеку од Земјата 8 минути и 18 секунди или Плутон кој е оддалечен околу 5 и пол часа).

Да претпоставиме дека таа цивилизација е способна да направи брод кој се движи со 10% од брзината на светлината. Каква енергија би користел тој брод за погон и каков мотор да издржи 100 години меѓуѕвезден пат?

Не знам дали ја знаеш формата на нашиот Сончев систем до хелиопаузата?

На надворешниот дел на нашиот Сончев систем се наоѓа Ортовиот облак, кој го обвиткува сферично целиот наш Сончев систем како надворешна лушпа од орев.

Таа сфера се претпоставува дека започнува помеѓу 2000 и 5000 АU и оди до над 100000 АU (1.5 светлосна година). Се дели на внатрешен регион, во форма на крофна (Хилсов облак) и се протега од 2000 до 20000 АU, и надворешен регион, во форма на сферична обвивка којј се протега од 20000 до над 100000 АU.

Надворешниот регион на Ортовиот облак има трилиони објекти поголеми од 1km.

Дали при брзина од 10% од светлосната, интерстеларниот брод е способен да ги избегне овие објекти? При таква брзина, при судир и со најмал камен, бродот ќе се претвори во прав.

Но да претпоставиме дека успешно поминале низ Ортовиот облак и дошле до планетарната рамнина.

Со кој на Земјата треба да стапат во контакт после таков незамислив ризик? Со астрономите, со СЕТИ, со многубројните астрономи-аматери, со најумните луѓе на планетава, со подвижниците итн., нели?

А вонземјаните што ги знаеме ние со кого стапуваа во контакт? Со лица со намалени ментални способности, со разни шарлатани и измамници и со банкарски потрчковци.
И како после вмешувањето во животот на земјанинот нивна главна цел е истиот да го доведат до нервен слом и да изврши самоубиство!? Како ама баш ништо друго паметно не им текнува, туку баш тоа - да го пратат исконтактираниот во Пеколот?

Јасно е како ден дека за досегашните контакти не се работи за никаква вонземска напредна цивилизација, туку за демони!
Сериозно!!!
Ова што го напиша навистина ти е сериозно размислување на мегуѕвездено патување???

Ако е така ме остави без каков и да било коментар.[DOUBLEPOST=1412963568][/DOUBLEPOST]
Трагањето по вистината, редовно заршува во средбата со Бога.

Така, ако трагачот по вистината се сретне со конечната вистина, на трагачот не му е потребно натамошно трагање, оти е задоволен со исходот од своето барање: нашол што барал. Натамошното барање вистини, кои се повистинити од вистинските, значи изразување на „незадовостство„ со веќе најдената вистина, односно, значи поставување на самиот себе за референца во тоа трагање., или поинаку кажано, значи невидено и безмерно самољубие, на кое ниту една вистина не му е доволно вистинита.

Значи, зборувам за трагањето и наоѓањето, а не за паразитско прифаќање на било каква вистина, која некој ја напишал, а некој друг ја прочитал и ја прифатил за вистинита, без можност за нејзина проверка.

Шпекулативните ставови во стилот „...ако беше роден во Јемен, ќе беше муслиман по автоматизам...„ не се ништо друго, туку обично (само)оправдување: ако некој јеменец не е убеден во вистинитоста од верата која му е наметната по раѓање, сеуште има избор да ја промени истата.
Мики ова не ти малце контрадикторно.
Бидејки и не тргањето по вистината завршува со средба со бога според вас :D
 
Последно уредено:
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.600
Поени од реакции
9.237
Аман пак ти со твоите старци и светии... нека одат по ѓаволите со нивните старо-еонски бладања за новиот човек влечкајќи го со нив наследниот им грев.
Пу јазк...

Одете 11 дена и медитирајте и надминете се. Не постојано да зборувате за вашите богови (концепти на божественост) како да сте седеле на маса со нив или ги имате кај вас !!!
Не за нашите богови, туку за нашиот Бог - Пресветата Троица и нема да ти се верува, но Го имаме кај нас. Телото на верниците е храм на Светиот Дух.

1. Коринтјаните 6:19 Или не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух, Кој живее во вас и ви е даден од Бога и дека не припаѓате само на себеси?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Накратко: Toa e крсниот знак, верата во Бога и молитвата.
Значи пак се сведува на вера. Ќе провериш вера верувајќи..... Циркуларна логика.
Туку....ме интересира нешто друго - посуштинско. Предходно ми рече дека најблискиот пат помеѓу Бог и човекот е во боголикоста на неговата душа. Како ти ќе навлезеш во мојата душа и ќе знаеш дали сум во право или не? Што ако мојот пат е различен, но сепак дестинацијата е иста?
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.600
Поени од реакции
9.237
Значи пак се сведува на вера. Ќе провериш вера верувајќи..... Циркуларна логика.
Туку....ме интересира нешто друго - посуштинско. Предходно ми рече дека најблискиот пат помеѓу Бог и човекот е во боголикоста на неговата душа. Како ти ќе навлезеш во мојата душа и ќе знаеш дали сум во право или не? Што ако мојот пат е различен, но сепак дестинацијата е иста?
Браво! Погоди во средиштето на проблемот. Замисли си дека Царството Божје е една голема куќа. Домаќинот на таа куќа поканува гости да му дојдат на свадба.

Ти можеш како поканет да тргнеш по патот кој ќе те доведе до вратата и да влезеш низ неа (исправно).
Можеш како непоканет да се обидеш да влезеш и преку прозорец, и преку покрив, или да му срушиш дел од ѕид и да сакаш сосила да влезеш. Што мислиш, како ќе те пречека домаќинот? Со добредојде или ќе ти ја стегне сачмарката како на секој разбојник?

Гледаш, дестинацијата може да ти биде иста, ама пречекот нема да ти биде ист:pos:
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399

Зависи кај кого одиш на гости :D
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.594
Браво! Погоди во средиштето на проблемот. Замисли си дека Царството Божје е една голема куќа. Домаќинот на таа куќа поканува гости да му дојдат на свадба.

Ти можеш како поканет да тргнеш по патот кој ќе те доведе до вратата и да влезеш низ неа (исправно).
Можеш како непоканет да се обидеш да влезеш и преку прозорец, и преку покрив, или да му срушиш дел од ѕид и да сакаш сосила да влезеш. Што мислиш, како ќе те пречека домаќинот? Со добредојде или ќе ти ја стегне сачмарката како на секој разбојник?

Гледаш, дестинацијата може да ти биде иста, ама пречекот нема да ти биде ист:pos:
Или можеш да си направиш твоја свадба.Поголема,поарна свадба. With blackjack and hookers!
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Браво! Погоди во средиштето на проблемот. Замисли си дека Царството Божје е една голема куќа. Домаќинот на таа куќа поканува гости да му дојдат на свадба.

Ти можеш како поканет да тргнеш по патот кој ќе те доведе до вратата и да влезеш низ неа (исправно).
Можеш да се обидеш да влезеш и преку прозорец, и преку оџак или да му срушиш дел од ѕид и да сакаш сосила да влезеш. Што мислиш, како ќе те пречека домаќинот? Со добредојде или ќе ти ја стегне сачмарката како на секој разбојник?

Гледаш, дестинацијата може да ти биде иста, ама пречекот нема да ти биде ист:pos:
Ама како ти ќе знаеш? Можеш ли да влезеш во мојата душа? Можеш ли да го видиш тоа царство и да видиш колку "врати", "прозорци" или "оџаци" има?
Како ти ќе знаеш што значи за мене одреден термин што јас го употребувам за да изнесам одредено сознание? Како ти ќе знаеш дека тоа што за тебе означува одредена работа, исто ќе биде перцепирано и од другите?
Ако незнаеш, тогаш како ќе можеш да наречеш било кого еретик, грешник или било што слично?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom