liber oz – правата на човекот
1. Човекот има право да живее по својот сопствен закон-
да живее на начин како му е по волја:
да работи по својата волја;
да се забавува по својата волја;
да се одмара како му е волја;
да умре кога и како му е волја.
2.Човекот има право да јаде што му е волја;
да пие што му е волја;
да престојува каде му е волја;
да се движи по површината на земјата по својата волја.
3. Човекот има право да мисли по своја волја;
да зборува што му е волја;
да пишува што му е волја;
да црта, слика, резбари, гравира, кова, гради по своја волја;
да се облекува како му е волја
4.Човекот има право да љуби како сака –
исполнете се со љубов по волја, како ви е волја, кога, каде и со кого ви е волја. Al I.51
5.Човекот има право да ги убие оние кои му ги ограничуваат овие права.
--------------------------------------------------------------------------------------------------------
Прво, мислам дека во првиот болд и ти не веруваш и се смееш кога го читаш...
ама те боли.... дур има овци има и кој да ги стриже...
Но точка: 5... ме наежи, онака морбидно делува, ИСИС може вода да ви носи
Според твоиве права, можеш да престојуваш каде што ти е воља, кај некого дома на пр.(тоа како југославија што беше порано со становите и подстанарите
)
И замисли... ако некој ти ги ограничува овие права, имаш право да го убиеш... ептен јако, онака слободна воља до даске.
или на пр. Со закон во оваа држава е забранет говор на омраза, верски,расистички, меѓуетнички... кој сакаш одбери го.
Или на пр. Зборуваш против премиерот, му нанесуваш душевна болка од 500 иљади евра, тој те тужи, и ти што ќе правиш?? Не се секирај,хепта е тука да ти каже дека имаш право да го убиеш.
Болеста нема крај.