Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.287
Поени од реакции
12.279
Ова не го пишува во Талмудот!
Не собирај сешто од нет.

Ова се глупости. Преведени глупости од анти-семитски расположени религиозни организации.
Го имаш талмудот на нет... Оди побарај го ова во Талмудот - го нема (освен бедни вакви цитати кои немаат врска со Талмудот).
Лошо е преведено, лошо разбрано.
Ова е чисто напаѓање на еврејскиот закон за да се оцрни самиот евреин како народ!
А и ако е толку лош евреинот, што му го украдовте Законот, го искасапивте и сега го напаѓате со вакви глупости?

Еве ти - читај! [линк]. И најди ми во тој 74б каде има за тоа дека сексот со неевреин е како да имаш секс со животно!!!
Сешто читам значи од вас...
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.601
Поени од реакции
9.237

Си ми дал линк од Вавилонски Талмуд, а горе цитатите се од Тосафот.
 
Член од
7 мај 2013
Мислења
1.581
Поени од реакции
387
Хепта друже, да не се лажеме, знамо се.
убаво е ова што го објаснуваш, ама проблемот е што земља се заклела да нече ништа сакрити :)
Ипси на пример ќе ме разбере поубаво, бидејќи се знаеме со тие недефинирани јадни души екс муслиманки, не знаат ни што се ни во што упаднале, се исушиле од дрога.
и сега ти ќе ми кажуваш овде за воља, па уште слободна :)
Доста од мене на оваа тема :)[DOUBLEPOST=1412811697][/DOUBLEPOST]За субзеро и сите останати.... за ИСИС веќе го кажав својот став за тоа, и за тоа не ме замарајте и не земајте за примери.

И јас кога зборев за шеријатска држава не реков дека нема да има алкохол туку дека државата тоа нема да го толерира и ќе биде строга за такви прашања.
Или не дека нема да има лоповлук, ама ќе има казни.
итд итн.[DOUBLEPOST=1412815267][/DOUBLEPOST]И пази ова, се пресмеав и наежив истовремено кога ја отворив твојата страница
------------------------------------------------------------------------------------------------
liber oz – правата на човекот

1. Човекот има право да живее по својот сопствен закон-
да живее на начин како му е по волја:
да работи по својата волја;
да се забавува по својата волја;
да се одмара како му е волја;
да умре кога и како му е волја.

2.Човекот има право да јаде што му е волја;
да пие што му е волја;
да престојува каде му е волја;
да се движи по површината на земјата по својата волја.

3. Човекот има право да мисли по своја волја;
да зборува што му е волја;
да пишува што му е волја;
да црта, слика, резбари, гравира, кова, гради по своја волја;
да се облекува како му е волја

4.Човекот има право да љуби како сака –
исполнете се со љубов по волја, како ви е волја, кога, каде и со кого ви е волја. Al I.51
5.Човекот има право да ги убие оние кои му ги ограничуваат овие права.
--------------------------------------------------------------------------------------------------------

Прво, мислам дека во првиот болд и ти не веруваш и се смееш кога го читаш...
ама те боли.... дур има овци има и кој да ги стриже...

Но точка: 5... ме наежи, онака морбидно делува, ИСИС може вода да ви носи :)
Според твоиве права, можеш да престојуваш каде што ти е воља, кај некого дома на пр.(тоа како југославија што беше порано со становите и подстанарите :D)
И замисли... ако некој ти ги ограничува овие права, имаш право да го убиеш... ептен јако, онака слободна воља до даске.

или на пр. Со закон во оваа држава е забранет говор на омраза, верски,расистички, меѓуетнички... кој сакаш одбери го.
Или на пр. Зборуваш против премиерот, му нанесуваш душевна болка од 500 иљади евра, тој те тужи, и ти што ќе правиш?? Не се секирај,хепта е тука да ти каже дека имаш право да го убиеш.

Болеста нема крај.
 
Последно уредено:
D

Daedalus

Гостин
@121314 @Ipsissimus @Хептаграм XI @Hattab1 Мислењата од „Прашања за исламот“ ви се преместени тука, расправајте се тука кадешто можете да полемизирате за тоа што е секта, а што не и за веродостојноста на исламот.

Е сеа, пошто се работи за личен став кој што смета за секта и пошто не е лична навреда туку е мислење за одредено религиозно движење, не можам да го сврстам тоа у директна „навреда“ се' дур не стане очигледно и флагрантно вреѓањето. Телема не е секта туку е религија. Постојат разлики од култ до религија (иако се суптилни и некогаш сиви) така што не навлагам во тоа дали Телема е и култ.
Oд друга страна, @kooperativa барајќи на нет за ова, ми текна на муабетот којшто го правевме и релативно ова е уствари разликата меѓу религија и секта.

Религија е секта која е официјално признаена и претставена или од државата или од официјална организација.(ваљда има регулативи за тоа што треба да исполнува организацијата како критериум, али касно ми е сеа да барам ќе си легнам :D).
Секта е религија која не е официјално признаена. Затоа се практикува тајно додека не добие доволно поддршка и да стане религија.
Сума сумарум, ако си официјално признат ( а тоа ваљда подразбира потврда од државата блабла) ондак стануваш религија, а до тогаш се криеш и си секта која е деноминација на официјална религија, ама не мора да биде секогаш деноминација според некои дефиниции како оваа подолу иако најчесто е.
a group of people with somewhat different religious beliefs (typically regarded as heretical) from those of a larger group to which they belong.

Исто така се користи како погрден збор за недозволени религиозни практикувања иако според мене лично, нема ништо погрдно во тоа да бидеш секта. На вики е добро објаснет муабетот.

Поентата е дека ја лично зборовите секта и култ не ги сметам за навредливи, има илјадници религиозни секти и илјадници култови. Не знам зошто некој би се вреѓал, настрана од културниот стереотип за секта и култ кој подразбира луѓе у црно што жртвуваат бебиња и кози.

A ова сега важи за @Hattab1, @Хептаграм XI и @Ipsissimus.

@Ipsissimus и вие имате кажано илјадници погрдни реченици упатени кон исламот, не навлагам у тоа дали се базирани на факти или не, али штом они можат да го прифатат тој негативен фидбек од вас, можете и вие да го прифатите нивниот негативен фидбек и нивната мисконцепција за тоа дали сте култ, секта или религија.
Значи вака, не е навредливо некој да верува дека нешто е секта/култ/религија ако нештото не е тоа, само што истиот е во заблуда. Затоа препорачувам сите да ги проучат разликите и сличностите помеѓу овие три работи чисто за да не постојат недоразбирања. Ако приметам дека некој намерно го употребува зборот секта цело време со цел да навреди некого и буквално го спама, Хитлерот во мене ќе се разбуди и човештвото ќе страда од мојот гнев модераторски!!!!
<3 :pipi:
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.287
Поени од реакции
12.279
Од рано наутро ќе те „нападнев“ - си велам каде ли е сега тој толку голем текст што го изнапишав, го избришал модераторот, а ти си го преместил. И мене ми текна дека е за тука. Ок, благодарам за небришењето :)
Се додека не се прифати официјално што е секта што религија, јас ќе го сметам за навредлив збор со кој некој религиозен сака да ме дискредитира заради тоа што сум Телемит и иницијант во таен иницијаторски Ред! Така да... тоа е тоа.
И телемата е повеќе философско-религиозна матрица, отколку религија... :)

Исто и Р.М. се „справува“ со деликвенти и слични девијантни проблеми, но тоа нема врска со религијата... ти велам шеријатскиот закон не е ништо посебно, само ставање на немуслиманите во втор ред и истиснување на се што не е ислам! Со страшни казни се плаши само стоката што нема разбирање ! Со човекот треба посуптилно, за да „расцвета“ во нешто убаво!!!
Исламот е непријателска религија заради тој шеријатски закон и фаворизирање на една религија под присила и не дозволува разновидност и го ограничува човекот. Барем оној ислам што се крева заради обичниот верник. И создава фанатици кои со драга волја би убиле некој затоа што не се клања 5 пати дневно и што не плаќа данок на Аллах - материјално! А тоа НЕ бидува! ;) И тоа никој нема да го дозволи.

Е ми се допаѓа кога ќе ја спомне некој од старо-еонските школи Liber Oz :) Знам дека се што е кажано во Liber Oz го пече во душата еден муслиман или христијанин, но што да правиме? Такво е времето!

За Liber Oz... рековме дека ти најмалку треба да зборуваш за чистата волја, бидејќи воопшто не ја разбираш и не можеш да го разбереш тој концепт - ти не може да разбереш дека жената да ги има истите права со мажот ! Еднаква! Прво тоа, после се друго...
Ти ја скокна цела Liber Oz... и сите права што ги има Човекот! И зе залета на крајот
Прифати ја Liber Oz како важи не само за тебе, ами и за другиот - и ете ти, ќе внимаваш и ти да си максимално реализиран, а и да не засметаш на некој друг човек во неговата намера да биде апсолутно реализиран тука на Земјата!

Не е морбидно ако ме ограничуваш. Пробај да ме замислиш мене во твојата шеријатска држава :)
И ако мојата волја е да живеам, а ти си запнал да не постојам бидејќи Аллах така ти рекол. Се разбираме? Поморбидно е кога заради Аллах ти би ми ги отсекол рацете или би ме убил заради него!

Не се разбираме - ти си муслиман. Новиот еон на Детето е сосема друг концепт на живот.

Ама бидејќи имам блог за вакви работи,ете мои коментари за Liber Oz, за да имаш што да критикуваш - моето разбирање на Liber Oz, не самата книга. ;)

[DOUBLEPOST=1412833412][/DOUBLEPOST]
Си ми дал линк од Вавилонски Талмуд, а горе цитатите се од Тосафот.
Ахам. И ова ти е поверодостојно од „вавилонскиот“ Талмуд?
Кога се зборува за Талмуд, се мисли на овој што јас ти го споделив.

Може линк до тој Тосафот што содржи коментари и критики кон Талмудот од 12 век? :)
Бидејќи го немам прочитано никаде... да видам дали навистина постојат вакви изјави...
Бидејќи може да пишува: секој не-евреин ќе го разбере овој и овој текст како „сексот со не-евреин е како водење љубов со животно“, а всушност значи тоа и тоа...
Ме разбираш? Вадењето од контекст е од страна на религии кои се негативно настроени кон евреите и нивниот Закон само за да се прикажат евреите како лоши, самобендисани... Еми нели богот ги избра за свој народ, што се буните сега? :)
 
Па ако толку инсистираш, веројатно и во Кетубот 11 не пишува така какошто пишува, нели?
http://www.come-and-hear.com/kethuboth/kethuboth_11.html

А што се однесува до Евреите дека Бог ги избрал за свој народ, не е точно.
Точно е дека Бог ги беше избрал за свој народ, но тие го отфрлија Него и Неговиот избран народ сега е Новозаветниот Израел, т.е. Православната Црква.

Види ја алегоријата со смоквата која ја проколнува Исус. Симболите се дадени за да ги мешаме, нели?
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
@RogerBacon од оваа причина и пробав пред некое време да ги разјасниме тие терминологии и која што значи и кога едната преоѓа во друга. Но, еве, од она што беше приложено како докази и дефиниции за истите (и неможноста да се дефинираат;)), можеме да дојдеме до заклучок дека СЕ' што е после Хиндуизмот е секта. Едноставно, СИТЕ после тоа се деривати на тоа учење. Под тоа СИТЕ ги подразбирам и монотеистичките религии. Може и повторно да се развие истата дискусија, но ќе дојдеме до истиот заклучок. Така да, за воља на вистината, приморан сум да го избегнувам тој израз за да може да се продолжи со каква и да е дискусија. Но за мене се секти и ќе останат секти сите религиски убедувања освен Хиндуизмот.
П.С. Знам дека @Атеист ќе го спомне шаманизмот, анимизмот и сл, па тука можеме да спориме дали има постара религија од Хундуто со пишани записи или не, но ако се валидини. Тогаш и Хиндуто ќе бидне секта
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921

Анимизмот да, но не и шаманизмот пошто не е религија, не е достапен за сите. А хиндуизмот е најстара жива религија со не мал број следбенци. Но не и најстара, па ни меѓу живите. Џаинизмот на пример, кога зборуваме од тие простори.
Небитно е тоа кој од кого и како настанал, болката е друга. Тоа што зборот секта се употребува во пежоративна форма. Најчесто од така(само)наречени верници кои пак од друга страна припаѓаат на секти. Да не е смешно ќе беше трагично.
 
Тоа е тоа!!! Затоа е и коректно да бидат сите нарекувани со тоа име, кое за нив значи нешто отпадничко, прљаво, ..... секта!!! Така да тука сме на исто, се согласуваме.
Ај сега околу Џаинизмот, кој го заборавив, ...... докази за него од кога постои и сл. Тоа “сл.“ значи да пробаме да најдеме нишка дека Хиндуизмот е надоврзување/секта на Џаинизмот.
Бујрум, ти си позапознат со него, па ........... ;)
 
За кого? Не вреди бе брат кооператива, мислиш некој ќе прочита? Џабе... тоа јас и ти уз пивце....;)
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
За кого? Не вреди бе брат кооператива, мислиш некој ќе прочита? Џабе... тоа јас и ти уз пивце....;)
Ако, овака ќе остане и за други љубопитни. А тие “џабе“, тие се веќе изгубени, така да кој ги врти нив за нашиот муабет. единствено мисалм дека дони малку ќе проба да се умеша, сите други ќе стојат на страна;)
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
можеме да дојдеме до заклучок дека СЕ' што е после Хиндуизмот е секта.
Tова е саде твој „заклучок„ по начелото „...јас се согласувам со своето мислење...„, оти, да имаш минимум познавање на Писмото, ќе видиш дека Божјото учење и промисла за спас на Светот и човекот, започнуваат уште во вечноста и уште во времето кога нашитe прародители беа во Рајот, односно во времињата кога хиндузимот не бил ниту мисла, а камо ли политеистичка идолопоклничка религија.

Тезата дека религиите се „деривати„ една од друга е прилично наивна, оти религиите настануваат во времиња и простори и кај народи кои своевремено немале контакти едни со други, односно, религиите, во сета своја различност, имаат барем грам заедничко, а тоа е вродената потреба од (до)ве(р)ба во „виша сила„, како облик од колективно сеќавање за некогашното човеково битисување во близината Божја.
 
Така е мики1, ќе ги затвориме очите и ОП, го нема и станавме религија. А кога ќе имаш конкретни аргументи и докази да ме побиеш, бујрум.
До тогаш, ти продолжи да уживаш во твојот избор, ама остави ме и мене во мојот. А тоа дали ти се допаѓа или не, не е мој проблем. :noze:
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Така е мики1, ќе ги затвориме очите и ОП, го нема и станавме религија. А кога ќе имаш конкретни аргументи и докази да ме побиеш, бујрум.
До тогаш, ти продолжи да уживаш во твојот избор, ама остави ме и мене во мојот. А тоа дали ти се допаѓа или не, не е мој проблем. :noze:
kooperativa,

уз пиво, веќе има изнесено доволно нешта, кои укажуваат на наивноста во верувањето дека некоја овосветовна идолатриска религија е „као„ оригинал, а све друго е „као„ дериват, така не барај „докази„, за кои и самиот не знаеш како би требали да „изгледаат„.

Према томе, ако живиот и беспочетен Бог промислува во вечноста, а хиндузимот е стоврен од луѓе, во дадено историско време и од тогаш е три пати (!) надграден и променет, што значи дека е неконзистентна религија, за кои црни докази правиме муабет?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom