Како да се откажете од цигарите?

  • Креатор на темата Креатор на темата *princess*
  • Време на започнување Време на започнување
Задоволство.

Епа некои не гледаат задоволство повеќе. Или пак нешто друго. Јас се откажав од здравствени причини но планирав да прекинам зашто веќе не ми беше задоволство и само трошев пари и смрдев. Сега може да почнам пак ама не сакам. И тоа е тоа.
 
Месец дена секој ден по 2 јаболка и 5 литри вода! Искомбинирано со спортски активности. Тоа е лекот и наумувам да го напраам тоа кога ќе ми дојде време да ги откажам....
 
Кај се продаваат никотински фластери некој да не знае?
 
Moжи некој пушач да објасни кое е задоволството во пушењето на цигари? Мирисот, вкусот, што ви е убаво? Сум пробал неколку пати онака во друштво колку за атер и никогаш не ми се појавила желба за друга да запалам... But that's just me..
 
Мене на пример цигарата ме смирува... кога немам запалено сум нервозна, но тоа зависноста си го прави своето :)
 
6 години бев пријател со никотинот.
Се присетувам читајќи еден самокритичен текст кој си го напишав лани ова време,нешо као "самиот себеси ли се лажеш будало бла-бла"
Квалитетот на животот ми се подобрува одкоа престанав да бидам роб на ова срање.
Шо ми помогна најмногу во многуте обиди?
-Волја и трпение,какви активности какви бакрачи.
Верувајте тоа е најдобрата работа шо може да ја направите за самите себеси,телото и умот ќе ви бидат благодарни.
 
Првиот обид заврши неуспешно се разбира. Стасав до 5 цигари на ден и после се вратив на дупла доза, не една кутија туку две во ден. Ваљда недостаток на никотин или параноја.

Денес почнувам втор обид. Купив електронска цигара и обична цигара немам запалено од 7 наутро. Ако и ова чудо не ми помогне да ги откажам, се затворам во соба земам две кутии и додека не завршам во болница од никотинско да ми се згади за цел живот не прекинувам да палам.

Нема спас од оваа болест, попрво од бубрег ќе се откажам од колку од ова глупово цигаре.
 
почнете да спортувате само спорт и нека ви стане навика ке баталите се иначе јас од време на време чурнувам по некоја само кога сум изнеривран нешо
цигарите поисе ме маваат мене на психа а да сум зависен од нив мислам дека не сум
како и да е неделно имам по една кутија онака да ублазам стрес
 
Првиот обид заврши неуспешно се разбира. Стасав до 5 цигари на ден и после се вратив на дупла доза, не една кутија туку две во ден. Ваљда недостаток на никотин или параноја.

Денес почнувам втор обид. Купив електронска цигара и обична цигара немам запалено од 7 наутро. Ако и ова чудо не ми помогне да ги откажам, се затворам во соба земам две кутии и додека не завршам во болница од никотинско да ми се згади за цел живот не прекинувам да палам.

Нема спас од оваа болест, попрво од бубрег ќе се откажам од колку од ова глупово цигаре.
Оти бе глупаво цигарче, баш се слатки :)
И што запна да ги откажиш, имаш некоја мака нешто. Неможиш да истрчаш 5 км спринт?

П.с уште се 6 евра цигарите или има некој измени?
 
Оти бе глупаво цигарче, баш се слатки :)
И што запна да ги откажиш, имаш некоја мака нешто. Неможиш да истрчаш 5 км спринт?

П.с уште се 6 евра цигарите или има некој измени?

Уште се по 5/6/7 евра зависи кој што пуши. И Владе го најде човекот стегнат за пари :) Не Владе, не ми се скапи цигарите. Да не се мачиш на второ прашање.

Имам проблем со дишење и силни болки.
 
Уште се по 5/6/7 евра зависи кој што пуши. И Владе го најде човекот стегнат за пари :) Не Владе, не ми се скапи цигарите. Да не се мачиш на второ прашање.

Имам проблем со дишење и силни болки.

замисли колку кутии можеш да земеш тука 5/6/7 еура:rolleyes:

Иначе стварно не можам да ве разберам вас пушачиве (општо зборам), толку ли неможете без цигара по цена на вашето здравје
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom