Говор на телото

Член од
24 мај 2014
Мислења
5.311
Поени од реакции
5.934
Ваква тема нема. Мислам дека вреди да ја има и затоа ја направив. Мене ме интересира вежбањето говор на телото од естетски аспект. Првиот впечаток на средба со било кој е многу битен момент и вреди да научиме да покажеме самоувереност, смиреност, сигурност итн. Од причина да добиеме тоа што сакаме при средбата или пак да изгледаме како што сакаме... Несакам да се свати темава погрешно па да се пишува по неа за говор на тело на јавен настап... И тоа е битно и убаво али одма ке го поврзат со политика па ке ми се одмили темава... Целта е говор на телото во секојдневието. И да се разбереме темава е и за Мажи и за Жени и кај двата пола е темава многу битна. Ме интересира дали вие сте вежбале говор на телото ??? И слободно ставајте линкови по темава... Што поубави што повеке.
 
Говорот на телото доаѓа природно и инстинктивно заедно со самодовербата и други работи. Говорот на телото не се учи и свесно да се применува пошто дел од тие работи кои ќе ги научиш на курсевите се комплетно бескорисни, други изгледаат многу глупо и „промислено“ додека ги правиш, а останатиот дел од тие кои се стварно „говор на тело“ и имаат утичај на луѓето околу тебе, си доаѓаат природно исто како што и детектирањето на истите доаѓа природно зависно од човек до човек.

Има и аспекти кои ги учиме како некои гестикулации и манеризми. Најчесто потсвесно или свесно ги превземаме од другите луѓе (најчесто тие кои ги поч. Али не постои универзален „закон“ кој ќе покаже кои од тие манеризми и гестикулации ќе бидат привлечни кај кого.
Ако типка пуши цигара со дланка на страна и свиткана нагоре, кај едни тоа може да значи „дамство“ и да е привлечно и сензуално, кај други комплетно истата гестикулација да подразбира „шмизла“.
 
Последно уредено од модератор:
Значи потполно се согласувам со членот над мене. Само да кажам еве еден прост пример. Секојдневно ни се случува да си помислиме "ејј немој да ја прајш та гестикулација глупа е". И даваш се од себе да избегниш да го употребуваш тој гест, а то е надвор од контрола на твојата свест, можи можиш еднаш-два пати да го исконтролираш, ама за појче не верувам. Е сеа ти во тој момент ја потискаш та мисла во потсвесното, а пак потсвесното не знај за време и граници (шо би рекол стрико Фројд), и колку појче се трудиш да го скријаш то баш ко че не очекуваш тогаш че излези, пошто ти уствари мислиш потсвесно на то.
Е сега муабетов ми беше дека не можиш да го вежбаш говорот на телото, пошто тој спаѓа во то потсвесното, и ако сакаш некоја гестикулација да ја елиминираш, или па да си увежбуваш некој нов гест тогаш можиш контра ефект да добијаш и то да изгледа невкусно или смешно.
 
што значи она што политичарине мафтаат со рацете наоколу само?
 
што значи она што политичарине мафтаат со рацете наоколу само?
Абе Бране ко че мафташе ај сфајчам мушички бркаше, нели ко шо беше она песнана "на мојот здив мушички се збират..." :pos:
 
Значи потполно се согласувам со членот над мене. Само да кажам еве еден прост пример. Секојдневно ни се случува да си помислиме "ејј немој да ја прајш та гестикулација глупа е". И даваш се од себе да избегниш да го употребуваш тој гест, а то е надвор од контрола на твојата свест, можи можиш еднаш-два пати да го исконтролираш, ама за појче не верувам. Е сеа ти во тој момент ја потискаш та мисла во потсвесното, а пак потсвесното не знај за време и граници (шо би рекол стрико Фројд), и колку појче се трудиш да го скријаш то баш ко че не очекуваш тогаш че излези, пошто ти уствари мислиш потсвесно на то.
Е сега муабетов ми беше дека не можиш да го вежбаш говорот на телото, пошто тој спаѓа во то потсвесното, и ако сакаш некоја гестикулација да ја елиминираш, или па да си увежбуваш некој нов гест тогаш можиш контра ефект да добијаш и то да изгледа невкусно или смешно.

Кажи му го ова болдираново на Демостен и ќе ти се изнасмее дури можи :)
 
Кажи му го ова болдираново на Демостен и ќе ти се изнасмее дури можи :)
Чеј сеа ми велиш за онај Грчки говорник шо бил, или има некој на форумов со таков никнејм? :)

Ако е за овај Грков благе везе неам од неговото животно дело си признавам. Иначе ко че зборууваме за вежбање говор на тело, не мислам на мавтање со раце туку покомплексни гестикулации.
На пример допирање на увото еве че го зеам како пример, или поминување со прсти низ косата шо кај секој варира и секој не го употребува, природно доаѓа од внатре :)
 
^ Мислам и знам дека говорот на телото може и се вежба, сите политичари и јавни лица го прават тоа со цел полесно да те убедат во нешто.

А и цела таа работа не е комплицирана, брзо се учи.
 
Чеј сеа ми велиш за онај Грчки говорник шо бил, или има некој на форумов со таков никнејм? :)

Ако е за овај Грков благе везе неам од неговото животно дело си признавам. Иначе ко че зборууваме за вежбање говор на тело, не мислам на мавтање со раце туку покомплексни гестикулации.
На пример допирање на увото еве че го зеам како пример, или поминување со прсти низ косата шо кај секој варира и секој не го употребува, природно доаѓа од внатре :)

Говорот на телото произлегува и е поврзан со самата природа на човекот да. Истиот тој може да покаже работи кои ниту зборот, ниту јазикот не ги покажуваат. Говорот на телото воедно е и вештина која се совладува колку толку, па затоа си постои цела наука која се занимава со тоа.

Кај жените поминување со прстите низ коса најчесто се употребува кога се во присуство на симпатично момче, па на тој начин, го покажуваат индиректно интересот за истото, притоа истакнувајќи ја женственоста која ја поседуваат.

Инаку Демостен бил жив пример за невешт говорник кој со многу труд и вежбање успеал да постани она што постанал. Еве некои мали финти кои ги користел. За да говори добро и јасно пикал стапче и го загризувал со забите, онака во хоризонтала да стои од едниот до другиот крај, и зборувал на тој начин. Над рамениците си поставувал мечеви кои допирале до рамената, во случај да ги мрдни повеќе од вообичаено. Вежбите ги држел поракрај морските води, онака разбеснети дури биле, за да може да поработи на гласноста и чистината на говорот.

Темава знам дека ве асоцира повеќе на она природното од човекот, кога самиот се издава преку гестикулациите за нешто што го мачи од внатрешноста, но не заборавајте дека тука влегува и оној увежбаниот говор, кој секако дека може да замачка нешто и од природното, да изрегулира и да не се сети. Обично човек кога лажи или се обидува да лажи ги држи најпрвин широко отворени очите додека ја смислува и шминка сторијата, се до моментот кога ќе трепни онака изненадно. Обично тоа трепкање се појавува во клучниот момент каде лагата доаѓа до израз, кога кажува нешто спротивно од вистината. Нешто слично е и со фокусот на очите кои може да забегаат од лицето на оној на кому му зборува во моментот кога ја кажува лагата.

Ме мрзи сега да се расплинувам пошто ептен долго е и ќе ми требаат часови за да доопишам досега што сум научил кое што значи, но еве за оние кои бркаат женски или дечковци една мала финта. Доколку конверзацијата се одржува во стоечка положба, и доколку лицето од спротивен пол ужива во истата и во вашето друштво, постојат огромни шанси да ги прекрсти нозете, онака во стоењето. Доколку било која нога(најчесто десна) ја насочи во правец на кај излезот, или онака настрана како да сака да заминува, тогаш лицето се досадува.

Постојат и доста глупости околу пиењето на кафе и сигурноста што ја чувствуваат во ваша близина. Начинот на ракување, поставување на рацете, тапкање по рамо и така натака.

Обама е пример за добар говорник. Џорџ Буш беше рутка. Некои од нашиве политичари работат на случајот но сето тоа е некако круто и вештачко исфорсирано.

Тоа ,,несвесното’’ што го нарекуваш може да ти покористи при толкувањето само ако знаеш што значи истото, во спротивно џабе ти гестикулира чоекот.

На правен имаше предмет познат како Реторика, кој малку од малку задираше во оваа проблематика.
 
Последно уредено:
Значи Демостен го увежбал то пошо имал некоја виша цел, уствари чоеко си створил кариера, животно дело, а колку шо сфатив дечково шо ја отворил темава не му е то целта ;)
Иначе само кажав онака мое мислење шо е и шо иам читнато низ една книга од Фројд, имаше мн интересни примери за вакви работи, ама меморија иам за нигде така да ниеден не памтам баш. Иначе книгата се вика "Патопсихологија на секојдневниот живот" и вреди да се прочита има мн интересни работи поткрепени со примери од вистински случки.
 
Говорот на телото доаѓа природно и инстинктивно заедно со самодовербата и други работи. Говорот на телото не се учи и свесно да се применува пошто дел од тие работи кои ќе ги научиш на курсевите се комплетно бескорисни, други изгледаат многу глупо и „промислено“ додека ги правиш, а останатиот дел од тие кои се стварно „говор на тело“ и имаат утичај на луѓето околу тебе, си доаѓаат природно исто како што и детектирањето на истите доаѓа природно зависно од човек до човек.

Говор на тело се учи. Не со тоа што учиш говор на тело, туку работиш на тоа да станеш човекот со говорот на тело што го сакаш.
За тоа да го постигнеш мора да ја имаш теоријата, инаку ти е буквално непоимливо. Теоријата, на еден начин те "oсвестува" за феноменот и потоа ја користиш само како база за асоцијација која мора да кореспондира со реалноста, што захтева скилови као активна обзервација, себе-познавање и развиена емпатија како би го посигнал оној POV аспект. Коа ќе се стекнеш со скилсетот се фаќаш за работа, и пред да приметиш више си стигнал таму.
Инаку се сложувам дека, оној метод за кој ти збориш за "учење" на говор на тело е само глума, фасада. Наметка шо ја ставаш у одредени пригоди, и се приметува дека ја носиш, за оној што гледа, наравно. Незнам главниов дал го пратиш, од коа дое на влас до сеа, шо ти значи америчка ПР агенција. Се фураш ама тата-мата е сеа, не пробуе он на тебе да ти се свиѓа, глуп народ му е таргет група, и мора да признаеш дека има разлика и прилично добро му иде :)
 
Многу лошо сум се изразил погоре. Поентата ми беше дека не дека не се учи или дека нема одредени потези/гестикулации/држење итн.. за кои социјално е земено дека означуваат нешто (некои пошто инстинктивно укажуваат на нешто, а други варираат со културата/менталитетот на народот), али кога имаш/немаш самодоверба, дури и да не ги учиш тие гестикулации, сами си доаѓаат и таа психолошка состојба или наречи го како сакаш, се одразува на секој аспект, почнувајќи од говор на тело и завршувајќи со боја на глас/тон и ред други ствари што пак може да се сврстат у говор на тело.
Тоа уствари што пробуем да го кажам е дека:
1. Бусташ самодоверба и ред други психолошки фактори на кои можеш да влијаеш.
2. 10000 ствари што спаѓаат у говор на тело доаѓаат сами и спонтано, не мора свесно да ги мултитаскаш и ваљда не можеш сите истовремено да ги мултитаскаш поради што лажговци се издаваат пробувајќи свесно да контролираат одреден аспект од истите.

А не дека одредено држење и потези не можеш свесно да ги научиш буквално ко Велики Диктатор, а послем да ти преминат во потсвесни (мускулна меморија) и више да не се приметуваш дека ги праиш, а да имаат утичај на луѓе. На крај краева илјадници глумци/оратори ги вежбаат овие ствари али тука го имаш сегментот кој ти го кажувам, а тоа е да се убедат дека се нешто и да веруваат дека се тоа што треба да глумат за гестикулациите да добијат +5 модифаер на сенс мотив. :X3:
 
Ме интересира дали вие сте вежбале говор на телото ???
Ни сум вежбал, ни ќе вежбам. Едноставно тоа сум јас, тоа е она што ме прави во нешто да бидам поразличен од некој друг.

А и на тие што вежбаат говор на тело, секогаш не им успева да го направат тоа како веќе извежбаното и замисленото..............., зошто сепак нешто од внатре те тера да го даваш говорот на телото со цел да се изразиш полесно:)
 
Сунѓер и мене да ме вијш, ќе речиш оту сум лигајнчар, али сум доста интелигентно суштество.
Сунѓер брат да знајш дека те поштовам, жими се.
 
Говор на тело е многу битна работа кога се работи за јавни настапи/презентации. Тоа нешто на секој почетник му е тешко и изгледа многу вештачки кога се прави, а со тоа и се губи поентата на истото. Сепак, да не заборавиме, тој “тренинг“ треба да се заснова на самата личност. Не може да глумиме лудило, нели?
Каде се е важно? Па како прво на секој нормален човек му треба кога бара работа, поточно кога е на интервју. Во тој момент всушност го оставаш твојот впечаток кај потенцијалниот работодавец. Ако си затворена личност, која која воедно и срамелива, ........ако си таков на интервјуто, тогаш оставаш впечаток на несигурност. БЉАК, тоа никако не смееме да си го допуштиме. Е сега, таа своја срамежливост треба да се доведе до степен на толерантност, односно, да оставиме впечаток дека од возбуда сме без текст или сл. Затоа ќе се каже некоја мала забелешка на свој рачун.Или пак ако си подобро истрениран, тогаш ќе се насмевнуваш (кога треба, не ко да си хај на се' живо), ќе спомнеш некои свои квалитети со тон кој ќе биде смирен и сигурен, ова зрачи со сигурност, ..... ИТН.
Позицијата на седење е исто така многу важна. НИКАКО не смееш да бидеш со скрстени раце. Ај за нозе и некако може да помине, ама и тоа не е пожелно. НИКАКО да не тресеш со нога, или пак да ги крцкаш прстите, или некоја слична гестикулација. Да НЕ се завалуваш во столчето, ниту пак премногу напред, ...... да се одржи нормална поза......... ај доста за тоа, иако ако сакате може да попишам уште;)
Друга важна ситуација е презентација. Не е важно дали е професорска, студентска или професионална. Никогаш не смееш да бидеш нерасположен или намрштен. Презентацијата треба да ја осмислиш да биде забавна во дадени моменти, и ти самиот кога се спремаш за тоа ќе си направиш концет кога треба да биде ова или она. Сакото да биде откопчано, краватата благо лабава со откопчано горно копче, а и кога ќе бидеш затекнат со некое прашање да не се уозбилуваш премногу или гримаси, него со брзо размислување да помислиш на некое од претходно направените сценарија и одговориш со позитивен тон. Забранети си премногу гестикулации, кои одаваат впечаток на несериозност.
Трето, политичарите (сериозните се разбира), кај кои тоа се тренира со недели. Е тука е веќе сосема поинаква работата, поинакви се тренинзите. И кај овие ... тренингот не е заснован на нивните карактеристики. Едноставно стануваат други луѓе заради потребите. :(
Уметници (пејачи, глумци, сликари и сл) они пак тренираат мистериозност, недофатливост, а сепак да бидат допадливи и впечатливи. Они и по природа се “посебни“, ама го доведуваат на сосема друго ниво. Ќе го земам за пример Том Круз, и неговото интервју со Опра Винфри. Да не мислите дека само така, сосема случајно му текна на Том да скока по троседот? Не, не, ништо не е случајно. Му требаше публицитет и си го доби(y)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom