Говор на тело е многу битна работа кога се работи за јавни настапи/презентации. Тоа нешто на секој почетник му е тешко и изгледа многу вештачки кога се прави, а со тоа и се губи поентата на истото. Сепак, да не заборавиме, тој “тренинг“ треба да се заснова на самата личност. Не може да глумиме лудило, нели?
Каде се е важно? Па како прво на секој нормален човек му треба кога бара работа, поточно кога е на интервју. Во тој момент всушност го оставаш твојот впечаток кај потенцијалниот работодавец. Ако си затворена личност, која која воедно и срамелива, ........ако си таков на интервјуто, тогаш оставаш впечаток на несигурност. БЉАК, тоа никако не смееме да си го допуштиме. Е сега, таа своја срамежливост треба да се доведе до степен на толерантност, односно, да оставиме впечаток дека од возбуда сме без текст или сл. Затоа ќе се каже некоја мала забелешка на свој рачун.Или пак ако си подобро истрениран, тогаш ќе се насмевнуваш (кога треба, не ко да си хај на се' живо), ќе спомнеш некои свои квалитети со тон кој ќе биде смирен и сигурен, ова зрачи со сигурност, ..... ИТН.
Позицијата на седење е исто така многу важна. НИКАКО не смееш да бидеш со скрстени раце. Ај за нозе и некако може да помине, ама и тоа не е пожелно. НИКАКО да не тресеш со нога, или пак да ги крцкаш прстите, или некоја слична гестикулација. Да НЕ се завалуваш во столчето, ниту пак премногу напред, ...... да се одржи нормална поза......... ај доста за тоа, иако ако сакате може да попишам уште

Друга важна ситуација е презентација. Не е важно дали е професорска, студентска или професионална. Никогаш не смееш да бидеш нерасположен или намрштен. Презентацијата треба да ја осмислиш да биде забавна во дадени моменти, и ти самиот кога се спремаш за тоа ќе си направиш концет кога треба да биде ова или она. Сакото да биде откопчано, краватата благо лабава со откопчано горно копче, а и кога ќе бидеш затекнат со некое прашање да не се уозбилуваш премногу или гримаси, него со брзо размислување да помислиш на некое од претходно направените сценарија и одговориш со позитивен тон. Забранети си премногу гестикулации, кои одаваат впечаток на несериозност.
Трето, политичарите (сериозните се разбира), кај кои тоа се тренира со недели. Е тука е веќе сосема поинаква работата, поинакви се тренинзите. И кај овие ... тренингот не е заснован на нивните карактеристики. Едноставно стануваат други луѓе заради потребите.

Уметници (пејачи, глумци, сликари и сл) они пак тренираат мистериозност, недофатливост, а сепак да бидат допадливи и впечатливи. Они и по природа се “посебни“, ама го доведуваат на сосема друго ниво. Ќе го земам за пример Том Круз, и неговото интервју со Опра Винфри. Да не мислите дека само така, сосема случајно му текна на Том да скока по троседот? Не, не, ништо не е случајно. Му требаше публицитет и си го доби
