Сум пријавувал. Затоа дрндам, "брат". Затоа што си праите cherry-picking.
Види, конкретно на ова тема имам преглед на сите стигнати пријави, од тебе не стигна ниту една. Навикнав на плачипичкосувањето поради тоа што сум модератор само поради тоа што вие неколкумина гледате на мене пред се’ од перспектива на ваш соперник во мислењата, што не значи дека треба да ми се реванширате со лажни обвинувања.
Така да молим те без драми и обиди за дискредитирање.
А ако барем малку си имал интеракција со геј луѓе, ќе имаше увид дека 80% не сакаат геј паради, нити сакаат да излегуваат во геј локали/барови/клубови. Што значи за мнозинството, широко распространета геј популација и не е баш идеална ствар.
Првин фала што конечно ме удостои со нормален одговор.
Имам и јас геј пријатели, но не се обидувам да им се умилкувам со мислења кои им одат во прилог од џ-причини и затоа постои почитување меѓу нас, под услов отворената комуникација да биде прифатена од сите страни.
Точно е дека оние понормални геј луѓе кои си ја почитуваат приватноста, не сакаат геј паради како такви, но ги поддржуваат кога се отвара дискусија. Можеби ти можеш тоа подобро да го објасниш?
Искрено, ако погледнеш од било кој крај на светот, овие геј паради придонесуваат само кон поголемо исмејување и недоверба према геј популацијата. Затоа што тоа не е нормално, не е.
Нормално би било организирање спортски маратон под паролата на ЛГБТ заедницата, менаџерски-лидерски семинари со успешни геј луѓе, добротворни акции и отворени јавни дебати за правата на вашата заедница.
Сум присуствувал на неколку вакви настани и поддржувам ваков тип иницијативи.
Затоа што бракот не е само религиозна градба, туку носи со себе и правни рамки/бенефиции. Затоа што живеам во смрдено капиталистичко општество, правилата се такви што брачна двојка и само двојка, се две различни работи во очите на државата, и не ги носат истите привилегии. Ме заболе ташак за религиозната чувствителност, говорам од стриктно правен аспект за браков, и зошто е потребен. И не мора да е брак, нека е со друг назив како што има во странство, граѓанска унија/партнерство, whatever. Без тоа не сме исти пред законот и Уставот, како хетеро-двојките. Тоа е поентата.
Во тој случај у реду, земање кредити, препишување наследство и делење трошоци, тоа го разбирам. Но не сите геј луѓе застануваат на ова, а примери имаш многу, од имитирање на венчавка во црква, до барања да се смени ставот на Ватикан и да дозволи геј бракови. Веќе има некои разграноци на христијанството кои од желба да придобијат повеќе следбеници се согласија да прифатат венчавање на геј двојки.
И затоа нема да има доверба затоа што не познавате граници и за очекување е да одите се подалеку со каприците.
Има стерилни луѓе на кои никој не им забранува да имаат деца, така да и твојов аргумент нема основа за користење нити тежина во дискусијата, така да се согласувам дека бесцелно е да дискутираме по тоа прашање.
Напротив, стерилноста не остава можност за избор, додека сексуалниот избор не е врзан за стерилноста.
Така да како здраво машко со твојот партнер биолошки може да имате деца но со спротивниот пол - што значи дека вие имате избор - и сте избрале парнет од истиот пол знаејќи дека немате предизпозиции за раѓање.
Мислам дека треба да почнете со реални очекувања кога влегувате во сериозна врска.
Традицијата не останала во иста форма, па колку сакаш лажи се. А како аргумент е нон-сенс затоа што општо земено, без промена има стагнација, а државава, општо земено пак, гледам традицијата колку ја одржува во живот. Од сите можни аспекти.
Сексуалната определба не е боја на носија, материјал за опинци или рима во народна песна, ниту пак сексуалната определба досега била причина за стагнација на државите кои биле изградени врз хетеросексуални традиции.
Да беше толку моќно геј лобито (и со агенда каква си замислуваш дека ја има), сега ќе глеаше live gay sex кај комшиите в двор и немаше да можеш да сториш ништо околу тоа. Because, fucking uber-powerful gay lobby, нели?
Моќта се определува според сметката во банка, а парите со кои располагаат геј лоби здруженијата укажуваат на втора по моќ заедница после еврејската.
Агендата воопшто не е тешко да се замисли со оглед на барањата, тоа што денеска сеуште се далеку од остварување, не значи дека треба лежерно да размислуваме преку споредби ко твојата.
И јас не викам дека е/треба да биде приоритет. Ама извини, и владава не знае кои и се приоритетите, така да не се надевам дури и да рече, океј, ќе ви помогнеме, но се со ред, дека нешто ќе се деси во догледно време. А извини дечко, имам живот за живеење, нема да чекам на 40 години кога ќе ги имам, една инклузија ебана во законот за анти-дискриминација да видам да биде вметната, а не па друго. Затоа е и притисокот. Затоа и сега се бара тоа што се бара. Затоа што до сега се чекало.
Па видиш во тоа е проблемот, што никаде не се крева врева за стандардот во кој живееме, никој не поднесува услови од ЕУ до Влада да ни ги зголемат платите, ниту ЕУ да ни тргнат визи, туку напротив, фокусот е на второстепени по приоритет барања, со оглед дека со подобрување на стандардот би профитирале сите ориентации.
А како инклузијата за антидискриминација во законот треба да ни го подобри на сите нас животот?