Новите казни кои ги подготвува МВР ќе ги наплаќа Управата за јавни приходи

  • Креатор на темата Креатор на темата maxer
  • Време на започнување Време на започнување
Некои од казните се буквално смешни и патетични. Ги тераат децата да учат англиски од 6 години, оксфорди кемџриџи прогарами пичке материне, а е можат точак да возат до 10 години
А што има лошо во тоа да ги учат англиски од 6 години?
 
Ајде малце да ги разглабаме законите што се спомнаа во темава од моја гледна точка пошто гледам има многу Рамбовци и Шумахери на темава.

Казни од 45 до 50 евра се предвидени за возачите кои зборуваат на мобилен телефон и оние кои не носат безбедносен појас.
Апсолутно се сложувам. Доколку некој е до толку прост да збори на мобилен додека вози, барем нека му лупнат закон/казна за да сфати дека тоа е на негова штета/ризик. Што се однесува до каишот - исто. Нема една причина зошто не би ставил каиш додека возам. Не за џабе 100% од сите произведени коли имаат каиш. Случката некој што ја спомна погоре дека некој се заглавил и не можел да излезе ради каишот е една у милион шанси.

50 евра за не носење појас за совозач.
Ист коментар како горе што напишав. Ако нејкеш главата да ја лупнеш во каросерија при било каква сообраќајка, не носи.

200,300,400 евра за одреден промил за алкохол во крвта и 500 доколку одбие да му биде измерено.
Нема што тука дискусија. Доколку јас бев задолжен, уште повеќе ќе ги ставев и ќе ги рекламирав по телевизииве. Доколку возачот е благо ретардиран да вози пијан, нека го ошурат. Да видиме дали следен пат ќе влези во кола по 2 пива откога ќе му брцнат по џебот.

200,300,400,500 евра казна за одредена зголемена брзина од дозволеното: 20 km/h,30km/h, 40km/h, 50km/h.
Исто се сложувам со овој закон. Јас би ги ставил уште по високи. Тој што вози брзо ќе продолжи да вози брзо додека не направи сообраќајка и загини или додека не го сопре полиција и му мавне казна од 500 евра. Најголем процент од граѓаните немаат врски и познаници во МВР така да ќе си го кркаат. А кога ќе искочат со рипорт на крајот на викендот дека 20 души ги казниле по 500 евра, ќе видиш како просечниот возач ке му дојде паметот. Ако не одма, за 1 година на сите ќе им дојде.

250 евра за не превезување на повредено лице.
Немам коментар, се е на место и во рамки на човечноста.

35 евра превезување животни без заштитини кутии.
Од доста причини нема резон да не се сложам со овој закон, најмногу ради безбедноста на животните, во случајов.

30 евра за возење ролерки на коловоз.
Мислам дека казната е океј. Доколку под коловоз се подразбира лентите каде се одвива сообраќајот, односно има возила, тогаш не гледам зашто би се возело ролерки по истиот пат. Ем се кочи сообраќај, ем е загрозена безбедноста на ролеро-возачот :D Е сега, точно е дека нема многу патеки за точаци/ролери освен на кеј и некоја низ град, но тоа не ни дава за право да возиме по улици.

Совозачот да „седи мирен“.
Доста чуден закон, нема да го коментирам бидејќи мислам дека е непотребен.

Доколку сопственикот на возилото има кал на гумите ќе треба да плати 100 евра.
Малце глупаво да се пише во законик, но ете, така им текнало. Мислам дека никој не сака да вози со кал на гумите, ете сега ќе има и причина плус зашто да вози со чисти гуми... Е сега, ова е контрадикторно пошто пола држава нема асални асфалтирани патишта, така да тука ќе се согласам со вас.

Родителот чие дете под десет години вози велосипед треба да плати 250 евра.
Исто глупава казна, мислам дека 10 години е премногу, доколку лимитот беше 5 години би се сложил бидејки така би се нарушила и безбедност на детето и на околните возачи.

Полагање за кола со 16 години.
Иако е стар законов, се спомна во темава, се сложувам дека е глупав. Никое дете под 18 години не смее да седне позади волан, макар тоа било и на полигон.

Oдиме по ред :D
1.За појас незнам ни јас зошто има казни. На мој ризик си возам без појас и то е то. Ако не се грижам јас за мојот живот, нема потреба некојси џандар да се грижи. За зборање на телефон во ред е казната АМА баш вчера видов полициска службеничка (една од најклетите во Битола ) возеше без појас и збораше на мобилен. Неа кој ќе ја казни ? Или закон е, па му се можи.
7. Колку и да ја зголемат казната, тој шо вози брзо пак ќе вози.

Прочитај што пишав доле на илумиоус. Тоа е тоа. А, што ти е гајле за таа што немала каиш? Ако таа направи сообраќајка, таа ќе си ја лупне главата во волан.
7. Тој што вози брзо ќе продолжи да вози брзо додека не направи сообраќајка и загини или додека не го сопре полиција и му мавне казна од 500 евра. Најголем процент од граѓаните немаат врски и познаници во МВР така да ќе си го кркаат.

Ни мене не ми е јасно зошто се казнува за неносење појас. Ако некој решил на негов ризик да страда, нека страда, што има тоа ти да го казнуваш? Личен избор е на крајот од краиштата, ај ако не нека казнуваат и за тоа што некои возила немаат ABS и паркинг сензори.
Не е така. Ако возачот е толку глуп да не става каиш, барем нека биде благодарен што некој друг „се грижи“ за него. Едноставно законите ги поставуваат други органи и нема што да се буниме. Каиш е строго препорачливо средство за заштита при сообраќајки и мора да се носи. Сме сиибале мајката ако ова мора друг да ни го врежува во глава и да става казни за да се почитува правилото. Еден каиш е for fuck sake, стави го!

Нас не треба да не боли тасе дали од казните го пунат буџетот, мене тоа ич не ми е гајле. Јас сакам кога ќе седнам во кола да се осеќам побезбеден меѓу околните возачи, а тој awareness се крева само со казни, казни и високи казни.

И 3000 да се направи, џабе е кога за некого важи, а за некого - не, кога некаде важи, а некаде - не.
Точно. Но да речеме, доколку мислеше на луѓето со врски во МВР и познаници кои ќинат казни - ова е единстевниот начин да се намали процентот на прекршоци односно пропорционално да се зголеми бројот на издадени казни. Кога нормална раја и луѓе како нас ќе слушнат дека таков закон е издаден, ваљда ќе им влезе малце во тиквата.
 
Последно уредено:
Фиц, од штаб те пратија? Колку лапна за овој пост? 50-че? Ако, со здравје да си ги трошиш, кола да си купиш, стан, а од остатокот на одмор да си појдеш.
(y)
 
Фиц, од штаб те пратија? Колку лапна за овој пост? 50-че? Ако, со здравје да си ги трошиш, кола да си купиш, стан, а од остатокот на одмор да си појдеш.
(y)
Никаков штаб, никакви пари. Јас ја гледам политиката како отров за мозокот и воопшто не се умарам со тоа. А искрено, сите знаеме дека Грујо е малку повеќе диктатор и освен ако не си пензионер, треба да си малоумен да ги фаворизираш и да си “за ВМРО“... Значи, ниту гласам за некој, ниту фаворизирам. Но, на страна политиката. Што јас правам е пробувам да ја согледам добрата страна од секоја ситуација и можеби и затоа ниту една точка од законов не ме рецна, бидејки поштувам правила? Нели ти текна на тоа?
Еве 2 години возам, ме имаат повеќе пати запирано на обична контрола или не знам што, па ме немаат казнувано. Ако јас не се устручавам за закониве, зашто некој друг „совесен“ возач би?
 
Последно уредено:
Фиц, од штаб те пратија? Колку лапна за овој пост? 50-че? Ако, со здравје да си ги трошиш, кола да си купиш, стан, а од остатокот на одмор да си појдеш.
(y)
Зошто мислиш дека ако некој се сложува со (дел) од законите, мора да е од партија пратен? Некој што вози пијан или вози со брзина над дозволената, ти не би го казнил? Јас да сум 1000 евра би го казнил, не 500, па да видиме дали пак ќе вози пијан.

Иначе, законот за калта на гумите, законот за заштитни кутии за животни и тој за не превезување на повредено лице, се чиста глупост. Особено тој со гумите.
 
Никаков штаб, никакви пари. Јас ја гледам политиката како отров за мозокот и воопшто не се умарам со тоа. А искрено, сите знаеме дека Грујо е малку повеќе диктатор и освен ако не си пензионер, треба да си малоумен да си “за ВМРО“. Значи, ниту гласам за некој, ниту фаворизирам. Но, на страна политиката. Што јас правам е пробувам да ја согледам добрата страна од секоја ситуација и можеби и затоа ниту една точка од законов не ме рецна, бидејки поштувам правила? Нели ти текна на тоа?
Еве 2 години возам, ме имаат повеќе пати запирано на обична контрола или не знам што, па ме немаат казнувано. Ако јас не се устручавам за закониве, зашто некој друг „совесен“ возач би?
Добрите страни во глупави закони ги наоѓаат партиските војници
Добра страна за тоа дека деца НЕ смеат да возат велосипед?:tapp:
Добра стана дека не треба да имаш кал на гумите? :tapp:
Добра страна да мораш да ставиш појас? :tapp:
Добра страна за превезување на повредени лица? Па јас сам си го платив таксито кога се искршив. :tapp:
Добра страна да користиме заштитни кутии за миленичиња? Оди ти стави ротвајлер, дога, шарко во кутија:tapp:
Треба уште? Верувам дека НЕ.[DOUBLEPOST=1412644345][/DOUBLEPOST]
Зошто мислиш дека ако некој се сложува со (дел) од законите, мора да е од партија пратен? Некој што вози пијан или вози со брзина над дозволената, ти не би го казнил? Јас да сум 1000 евра би го казнил, не 500, па да видиме дали пак ќе вози пијан.

Иначе, законот за калта на гумите, законот за заштитни кутии за животни и тој за не превезување на повредено лице, се чиста глупост. Особено тој со гумите.
Штосот е во тоа дека и на тие глупи закони им најде оправдувањње, ко у стилу да не биле 10 год за дете, ама 5, или сл
За брзо возење и во алкохолизирани состојба се согласувам и јас, ОДМА би им одзел возачка трајно.
 
Добрите страни во глупави закони ги наоѓаат партиските војници
Добра страна за тоа дека деца НЕ смеат да возат велосипед?:tapp:
Добра стана дека не треба да имаш кал на гумите? :tapp:
Добра страна да мораш да ставиш појас? :tapp:
Добра страна за превезување на повредени лица? Па јас сам си го платив таксито кога се искршив. :tapp:
Добра страна да користиме заштитни кутии за миленичиња? Оди ти стави ротвајлер, дога, шарко во кутија:tapp:
Треба уште? Верувам дека НЕ.
Вака можеме до утре...
1. Реков дека не се сложувам со законот дека 10 годишни деца не треба да возат точак...10 до 5 богами има разлика.
2. Исто и со ова... реков дека е контрадикторен пошто пола Македонија има калливи патишта.
3. Реков јас дека сме си ибале векот ако на виртуелен форум дискутираме за употреба на каиш. Што треба, да бараме статистики од 100,000 сообраќајки за да воочиме дека оние при кои се користело каиши имаат поголем % шанса да преживеат? Тоа го знае и дете од 5 години. Што има лошо во законов?
4. Тоа е сепак лично искуство и верувам дека законот предвидува за по сериозни повреди од тип на тешки сообраќајки.
5. За ова ќе се сложам со тебе.
 
Не верувам дека сите овие закони ќе се спроведуваат на дело. Повеќето се донесени формално, колку да ги има на хартија, демек да се пофалиме пред европјаниве еве работиме ние, како вас сме, ве молиме примете не' кај вас. Газолижачки закони се овие. Нема потреба толку да се замарате.

Закон за кал на гумите? Кој кур бе? Германија или Швајцарија може ваков закон, кај нас не. Кај нас уште коњи серат по улиците, овие за кал на гумите прават муабет. :facepalm:
 
Вака можеме до утре...
1. Реков дека не се сложувам со законот дека 10 годишни деца не треба да возат точак...
2. Исто и со ова... реков дека е контрадикторен пошто пола Македонија има калливи патишта.
3. Реков јас дека сме си ибале векот ако на виртуелен форум дискутираме за употреба на каиш. Што треба, да бараме статистики од 100,000 сообраќајки за да воочиме дека оние при кои се користело каиши имаат поголем % шанса да преживеат? Тоа го знае и дете од 5 години. Што има лошо во законов?
4. Тоа е сепак лично искуство и верувам дека законот предвидува за по сериозни повреди.
5. За ова ќе се сложам со тебе.
Ај вака да резимираме. Мене НЕ ми се допаѓа било каков закон за деца и возење велосипед. Ти најде некакво оправдување во 5 год, наместо на 10. Зошто сметаш дека деца не смеат да возат точак под 5 год? Понатаму, пак накако оправдуваш за каливите патишта со зборовите “контардикторен“, немасто да кажеш дека е дебилен и дека тој што го предложил појма нема кај живее и сл. Така да тој политички говор го осудивам. До сега не грешам нели?
Околу каишот, што Q ги заболе дали ќе бидам посериозно или полесно повреден. Моја работа!!! Јас си плаќам фино лепо придонеси, здравствено и сакам да си ко користам. Или, ќе треба да чекам евалуаија за операција ако паднам по скали дали тие биле по стандарди или не? Пак оправдување со зборовите “што има лошо“, ..........има, има кога треба покрај придонесите да им ја полнам касата со некакви глупи закони.
Даље, колку сериозна треба да биде повредата? Ќе чекаме комисија да утврди? Или јас со 3-4 фрактири на десна рака, со дислокација на рамо, со расеченици по двете раце, со удрена и раскрварена глава не спаѓам во категорија “повредени“? Спаѓам, ама кој ме ебе, ќе си платиш такси и готово. Е па исто и за другите, кој ги ебе искрено.
Шуќур, се сложуваш со мене за кутиите и миленичињата, ....... требаше да ти посочам колку е глупав нели? Ти си помисли законот е за мачиња и папагалчиња, а?[DOUBLEPOST=1412645419][/DOUBLEPOST]
Не верувам дека сите овие закони ќе се спроведуваат на дело. Повеќето се донесени формално, колку да ги има на хартија, демек да се пофалиме пред европјаниве еве работиме ние, како вас сме, ве молиме примете не' кај вас. Газолижачки закони се овие. Нема потреба толку да се замарате.

Закон за кал на гумите? Кој кур бе? Германија или Швајцарија може ваков закон, кај нас не. Кај нас уште коњи серат по улиците, овие за кал на гумите прават муабет. :facepalm:
Е ова ти е забелешка на место. Ама, колку би сакал никогаш да не влеземе во тоа проклето ЕУ и НАТО. ПОнатаму нема да коментирам, ќе навлезам во политички води, а тоа е противзаконито овде на форумов:love:
 
Ај вака да резимираме. Мене НЕ ми се допаѓа било каков закон за деца и возење велосипед. Ти најде некакво оправдување во 5 год, наместо на 10. Зошто сметаш дека деца не смеат да возат точак под 5 год? Понатаму, пак накако оправдуваш за каливите патишта со зборовите “контардикторен“, немасто да кажеш дека е дебилен и дека тој што го предложил појма нема кај живее и сл. Така да тој политички говор го осудивам. До сега не грешам нели?
Околу каишот, што Q ги заболе дали ќе бидам посериозно или полесно повреден. Моја работа!!! Јас си плаќам фино лепо придонеси, здравствено и сакам да си ко користам. Или, ќе треба да чекам евалуаија за операција ако паднам по скали дали тие биле по стандарди или не? Пак оправдување со зборовите “што има лошо“, ..........има, има кога треба покрај придонесите да им ја полнам касата со некакви глупи закони.
Даље, колку сериозна треба да биде повредата? Ќе чекаме комисија да утврди? Или јас со 3-4 фрактири на десна рака, со дислокација на рамо, со расеченици по двете раце, со удрена и раскрварена глава не спаѓам во категорија “повредени“? Спаѓам, ама кој ме ебе, ќе си платиш такси и готово. Е па исто и за другите, кој ги ебе искрено.
Шуќур, се сложуваш со мене за кутиите и миленичињата, ....... требаше да ти посочам колку е глупав нели? Ти си помисли законот е за мачиња и папагалчиња, а?
Бидејки дете под 5 години нема иста перцепција како нас и нешто што за нас е очигледно односно common sense за него не е. Пример, излетување на прометна улица или спуштање по висока/блага удолница. Али ај да не навлегуваме толку, не е битно ова ептен.
Ок, и за гумите ќе се сложам :) Барем нека го направат само за територија на Скопје, да нема говнарии по Партизанска :LOL: Се шалам.
За каишот - еве кажи ми искрено, ти ставаш каиш кога возиш? Ако не, дали е разумно од твоја страна?
За тоа со повредата. Значи законот предвидува доколу рандом човек кој се нашол на местото на настанот, ако не помогне - тогаш да се казни. Е ова зависи од тоа какви луѓе ќе те опкружат кога ќе ти се деси нешто. Дали некој ке слика со мобилен, дали некој ќе викне брза помош или можеби ќе те качи во кола и ќе те однесе кај што треба. Еве јас сум од последниот тип на луѓе. Затоа за овој закон немам замерка.
За тоа со животните, да :) Цел живот сум опкружен со ситнурајќи и не ми текна на поголемиве раси (y)
 
Ај вака да резимираме. Мене НЕ ми се допаѓа било каков закон за деца и возење велосипед. Ти најде некакво оправдување во 5 год, наместо на 10. Зошто сметаш дека деца не смеат да возат точак под 5 год?
Мислам дека се работи за забрана за возење на високо фреквентни улици, а не во маало пред зграда, низ маалските улици. Ти би дозволил твое 7-8 годишно дете да го шета Скопје со велосипед?
 
Како може некој да ги оправдува казните бе, па знаеш ли колкава казна е 300-400е за просечен македонец? знаеш колку време треба за да ги тргне настрана тие пари и да ја плати казната? Се трошат пари на споменици и слични срања, се кради на велико и удри по народот.ОЧАЈ !!!!
Тој што ги оправдува казниве,нека почни да си посетува психијатар.Најдругарски го советувам.
 
Не биди глуп толку, размисли малку. Возиш пијан, загрозуваш сообраќај, твојот живот и животот на другите, и сакаш 15 евра да биде казната? 1000 евра е малку.
 
Казни од 45 до 50 евра се предвидени за возачите кои зборуваат на мобилен телефон и оние кои не носат безбедносен појас.
Апсолутно се сложувам. Доколку некој е до толку прост да збори на мобилен додека вози, барем нека му лупнат закон/казна за да сфати дека тоа е на негова штета/ризик. Што се однесува до каишот - исто. Нема една причина зошто не би ставил каиш додека возам. Не за џабе 100% од сите произведени коли имаат каиш. Случката некој што ја спомна погоре дека некој се заглавил и не можел да излезе ради каишот е една у милион шанси.
Ај прво сфати дека човек што зборува на мобилен е закана за останатите учесници, а неносење на каиш е само на себе.

Не е така. Ако возачот е толку глуп да не става каиш, барем нека биде благодарен што некој друг „се грижи“ за него. Едноставно законите ги поставуваат други органи и нема што да се буниме. Каиш е строго препорачливо средство за заштита при сообраќајки и мора да се носи. Сме сиибале мајката ако ова мора друг да ни го врежува во глава и да става казни за да се почитува правилото. Еден каиш е for fuck sake, стави го!
Јакна е строго препорачливо средство за заштита од настинки во зима, па пу-пу да не урочам (и да не им давам идеи) уште нема казни за неносење. Зошто би било поинаку и за каиши? Ако некој сака да ризикува - на своја одговорност е. Ама друг да "се грижи" за мене со тоа што ќе ме казни 50 евра - bullshit. Казни за неносење на каиш се еден од најголемите фактори за спречување на природната селекција. А тоа е многу лошо.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom