Новите казни кои ги подготвува МВР ќе ги наплаќа Управата за јавни приходи

  • Креатор на темата Креатор на темата maxer
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 јануари 2014
Мислења
593
Поени од реакции
843
1ffb47b7e69b3d83e70da15cc589a8b9_L.jpg

Казните во сообраќајот ќе ги наплаќа упрвата за јавни приходи. Сите граѓани кои во рок од 8 дена нема да ја платат казната или пак нема да внесат негативни поени во сообраќајните книшки, Министерството за внатрешни работи ќе ја активира УЈП која преку трансакциските сметки ќе изврши поефикасна наплата. Овие измени се предвидуваат со новиот закон за Безбедност во сообраќајот. Битолчани не се согласуваат со новата измена.

Управата за јавни приходи ќе се вклучи во наплатата на казните на прекршителите во јавниот сообраќај доколку не ги почитуваат новите одредби од законот кој го изготвува Министерството за внатрешни работи. Станува збор за два типа на исплата на казните односно мандатен платен налог и прекршочен. Според мандатниот платен налог им се остава рок на прекршителите да одлучат дали ќе ја платат казната или ќе им се впишат негативни поени. А во одредени случаи следува и одземање на возачката дозвола од 6 до 12 месеци кога станува збор за посериозни прекршоци. Прекршочниот платен налог не остава простор за пишување на негативни поени, но доколку во рок од 8 дена се плати казната таа ќе биде намалена. Меѓу посериозните прекршоци кои се наплаќаат според мандатниот платен налог се возење под дејство на алкохол, недозволена брзина и лошо паркирање. Битолчани не се согласуваат со новиот предлог закон на МВР.

Според новиот закон кој е содржан на 166 страни се предвидува од 2017 да биде променет и изгледот на возачките дозволи, а ќе следуваат соодветни казни и за автошколите кои нема да работат според пропишаните правила. Казни од 45 до 50 евра се предвидени за возачите кои зборуваат на мобилен телефон и оние кои не носат безбедносен појас. Доколку сопственикот на возилото има кал на гумите ќе треба да плати 100 евра, исто така предвидени се казни за: родителот чие дете под десет години вози велосипед кој треба да плати 250 евра, исто така треба да се платат 250 евра за не превезување на повредено лице, 30 евра за возење ролерки на коловоз, 35 евра превезување животни без заштитини кутии. Највисока казна е онаа за надминување на дозволената брзина, односно оние кои брзо возат ќе добијат казни до 500 евра.
 
Доколку сопственикот на возилото има кал на гумите ќе треба да плати 100 евра....


:facepalm:

а колата смее да седи непрана недела дена или еден слој прашина да има директ зандана сами да се одвеземе?
 
Се согласувам со Законот, но не се согласувам со тие идиоти што добиват казна па истата казна ке ја скине со некој познат идот у МВР.
 
Доколку сопственикот на возилото има кал на гумите ќе треба да плати 100 евра....


:facepalm:

а колата смее да седи непрана недела дена или еден слој прашина да има директ зандана сами да се одвеземе?

Ќе има жнеење по селата.
 
Зборување на мобилен и неносење на појас се на исто рамниште. ggwp. остваруваме. :facepalm:

Всушност, никако не можам да се помирам со фактот дека воопшто постои казна за неносење на појас, па уште и 50 евра е... fuck this bullshit
 
Мора да се зајакне малце законодавството и да се зголемат даноците и таксите. Многу се опуштивме.

Буткање на количка со бебе на тротоар - 49.99 евра, што би претставувало загрозување на животот на бебето и стварање на тесно грло на пешачкиот коридор.

Бездомниците што спијат на бетон/клупи мора да плаќаат лежарина - 50 евра (многу поефтино него кирија!).

Давајте предлози да и помогнеме на Владата да го наполни буџетот и да ги оствари капиталните проекти.

Панорамското тркало ќе се гради ли?
 
Сега намерно нема да асфалтираат патишта за да има кал, а со тоа да има и казни. Еурека! Win-win.
 
Родителот чие дете под десет години вози велосипед треба да плати 250 евра. :pos:

Мора да го наполнат буџетот за секои 3-4 месеци да има зголемување на платите во администрацијата и пензиите. УЈП ќе блокира сметки во банката на тој што нема да ја плати казната. Банката пак ќе наплаќа по 1800 ден за одблокирање на сметката.

Тоа е Македонија што ја споредувавте со Швајцарија и Германија.

Уште да има казни за неизмиена коса. :icon_lol:
 
Откако мојот професор жив изгорел во кола после сообраќајка а не можел да излезе од возилото затоа што неможел да се ослободи од безбедносниот појас , моето мислење за неговата употреба тотално се смени. И воопшто има ли некои сериозни истражувања со конкретни податоци за користа од него ?
А ова со законот , не знам ! На крај , Орвел ке треба да се прогласи за светец .
 
ако признаете дека сте „криви„ ќе добиете попуст на казната, ама ќе мора со џандарот да склучите договор дека ја признавате вината :pos:а и за странците ќе важи истото - плус со забрзана постапка ( ко кај србите)
Је*ем ти Балкан , је*ем:tapp::drk:
 
Откако мојот професор жив изгорел во кола после сообраќајка а не можел да излезе од возилото затоа што неможел да се ослободи од безбедносниот појас , моето мислење за неговата употреба тотално се смени. И воопшто има ли некои сериозни истражувања со конкретни податоци за користа од него ?
А ова со законот , не знам ! На крај , Орвел ке треба да се прогласи за светец .
Барем да се воведи закон за ЗАДОЛЖИТЕЛНО носење на нож/скалпел или ножици за да не доаѓа до такви ситуации.
 
Сега намерно нема да асфалтираат патишта за да има кал, а со тоа да има и казни. Еурека! Win-win.
И сега утре очекувајте чичо Гвујо да излезе на тв и во негов познат стил како оној во изјавата за автопатиштата што беше ова да го прикаже како позитивна работа:
"Гуаѓаните немаат потуеба да коуистат асфалтиуани патишта."
 
Родителот чие дете под десет години вози велосипед треба да плати 250 евра. :pos:
.
Бати работата па ние сме биле срекници , замисли во наше време од 7 години возевме точаци под рам , сега мора да чекаш полнолетство за да се качиш на точак. А за кола не треба ни да се надаш , додека пораснеш со закон ке биде дозволена употреба на моторни возила само за членовите на ЦК !
 
1. Доколку одите по улица и го среќававате вашиот сосед, неискажување на почит со едноставното поздравување е кривично дело. Казна 50 евра.

2. Јадењето шпагети во ресторан на неправилен начин (односно со филушка и лажица, наместо само со филушка) е лична навреда за италијанскиот народ. Казна 20 евра.

3. Влегувањето во ЈСП автобусите е сериозно кривично дело доколку влезете со нечисти патики, кондури и сл. За да се избегне ова кривично дело, се препорачуваат влечки. Казна 100 евра.

4. Јадењето благо, пушењето цигари и пиењето алкохол на улица е кривично дело кое е што е многу строго, со ова ваше недолично однесување ги стрвите бремените жени да си купат од горе наведените производи, а со тоа се нарушува здравјето на бебето. Казна 500 евра.

5. Зборување на мобилен додека шетате на улица е сериозен прекршок, вашето недолично однесување може да предизвика судир со друго лице и да се нанесат сериозни повреди, скршена карлица, скршен кук па и изместување на пршлени. Казна 100 евра.

Исклено ваш - Глујо.
cstfm.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom