Age of Empires 1/2
Всушност ми фали чувството (возбудата, фасцинираноста), не самата игра.
Имено, ова беше првата игра/серијал за кој што бев чул пред да добијам компјутер. Ја фалеа ептен, а јас и немав претходни искуства со игри, освен со оние од флиперите, па ми се случи гејмерска револуција. Можеби од денешна гледна точка ова е малку смешно, но за мене беше мало откровение. Сепак, воодушевувањето, колку и да беше големо, не траеше долго - набрзо други игри - меѓу кои и стратегиите HOMM3, Civ3, Empire Earth, целосно го засенија AOE, чие трето издание дојде многу подоцна.
Од денешна гледна точка овој серијал не го сметам ама за ништо посебно, дури ни меѓу стратегиите (без да навлегувам во поджанровски ситничарења - Total War серијалот, и не само тој, се многу подобри игри за мене), но ете, првиот впечаток, првиот спомен во врска со РС игриве, ми е поврзан со АОЕ.