Поврзаноста веќе ти ја нагласив и тоа повеќе пати. Велигден секогаш се празнува после пролетната рамнодневница, кога денот станува поголем од ноќта, кога животот почнува да се буди (ја победува смртта), кога светлината симболично ја победува темнината. Велигден исто така секогаш паќа во недела (денот на сонцето) и поради тоа не е фиксен датум. Божиќ од друга страна има фиксен датум и е на 25 декември, кога сонцето ја достигнува најниската точка и после три дена почнува да се искачува!
Починатите христијани секогаш се погребуваат свртени кон исток...и ред други примери.
И не е само велигден, многу култури и религии го практикуваат истото, како примерот што ти самиот го даде со Иранците, пасхата со евреите, јапонците.....и ред други.
Не знам како ги поврзуваш Велигден и задушниците со рамнодневиците и сонцестоите кога често помеѓу нив има и месец до месец и пол разлика? Единствено Божиќ можеш да го поврзеш со зимската краткодневица (25. Декември и по Грегоријански и по Јулијански календар). И зошто сосила го поврзуваш Велигден со пролетната рамноденвица, а не Младенци кои секогаш се на 22. Март, ВЕДНАШ по рамнодневицата? И други христијански празници имаш кои се многу поблиски до горенаведените точки отколку задушниците, зошто кај нив не гледаш поврзаност?
Недела кај нас не е ден на сонцето, туку е недела (не делај, не работи).
Дали си забележал нешто интересно околу парот недела-понеделник?
Во романските јазици:
италијански domenica - lunedì
шпански domingo - lunes
португалски domingo - segunda-feira
француски dimanche - lundi
романски duminică - luni
Недела е Господов ден, додека понеделник е месечев ден, освен кај Португалците кадешто има значење на втор ден. Исто така, и во келтските јазици недела е Господов ден, додека понеделник е месечев ден.
Се изгубило Сонцето во неделата, додека Месечината се задржала во понеделникот, многу чудно, нели?
Во германските јазици:
англиски Sunday - Monday
холандски zontag - maandag
германски Sonntag - Montag
шведски söndag - måndag
Недела е сончев ден, а понеделник е месечев ден.
Кај балтичките народи, недела има значење на прв ден, а понеделник на седми ден.
Кај словенските народи, недела има значење на неработен ден ( не делај, не работи), освен во рускиот кадешто се вика воскресенье. Понеделник кај сите словенски народи, вклучувајќи го и рускиот, има значење на денот после неделата (руски:
понедельник).
На албански, недела и понеделник имаат значење на сончев и месечев ден.
На турски и унгарски недела има значење на пазарен ден, додека понеделник на турски значи денот после пазарниот ден, а на унгарски - прв ден.
На грчки недела е Κυριακή (Господов), а понеделник е Δευτέρα (втор ден).
Она што те буни тебе,
@Ipsissimus, e дека во Античка Грција,
пред да се покрстат, недела била ἡμέρα Ἡλίου, а понеделник - ἡμέρα Σελήνης, т.е. денот на Сонцето и денот на Месечината.