Ќе можеш ли да го образложиш своето тврдење зашто јас ама баш никаква поврзаност не можам да најдам помеѓу движењето на Сонцето со Велигден и задушниците. Плус на тоа, да го додадеме и фактот дека рамнодневиците и сонцестоите имаат безмалку фиксен датум (+/- еден ден), а Велигден и задушниците подвижен.
Единствена поврзаност што наоѓам се остатоците од старословенските пагански и магиски ритуали кои некои таканаречени христијани ги практикуваат за Бадник, Василица, Прочка и Ѓурѓовден, а се култови кон паганските божества Коледа, Велес и Јарило.