Користам Samsung 840 EVO SSD, тешко дека станува збор за таков проблем
Го зголемив на 1700 како што сугерираа некои на интернет, и направи тоа што претпоставував. Стигна торентот до 1.67GB Downloaded и крашна. Се што прави Cache-от е користење на RAM-от како привремен storage за да го ослободи дискот од премногу read/write. Па така и utorrent.exe како апликација во Task Manager ми стигна до 1.8GB меморија, што мислам дека до сега ми е рекорд за некоја апликација. Особено некоја ко торент што не бара повеќе од 100MB.
Од други што читам на нет ова било ко баг на торент софтвериве и немало решение. Истово ми се има случено и со bittorrent и со utorrent и со еден друг кој не ми текнува сега како се викаше. На 2 различни HDD, и еден SSD до сега имам пробано.