...пак јас, ќе пишуев вчера ама заборавив.
Пред една недела вдомив трето маченце, заклучно со овие две што ги имам веќе неколку месеци. Двеве се братче и сестриче и никогаш не се делени, значи константно се заедно, јадење, играње, спиење, тука е невозможно никој да ги раздели ниту во различни соби, страшно се здушени. Е сега, кога го донесов малиов дома, очекував машково да реагира негативно дека е многу афективен и многу приврзан кон нас, арно ама обратно излезе. Женсково од секогаш е подистанцирано, помалку зависно од нас, арно ама со мачево маки мачам сега.
Таман ќе се приближи малово до нејзе, оваа р'жи како кучка некоја. Погледот и се менува, цела се тресе дури. Знам дека е љубоморна, ама па кога давам јадење не е љубоморна бе да се стисне до него и да јаде и ништо да не му прави. Врв на се`, во прв мензис е, понашањево и е како на тинејџерче некое мало напукано со хормони. Се гали додека се гали, ќе рипне у наредниот момент и ренде ќе ме направи од гребење. Па ќе се валка од среќа - па ќе рика од лутина по сите дома. Можеби и е од тоа што е ваква кон него, ама вчера и на брат и` едно убаво му с'ржа кога проба од мевцето што си го докопа од тањирот мој да и земе.
Tips, tricks, шо да правам со нејзе, како да ја смирам, никако да го прифати ова малово, значи скокање и рикање кога ќе го види до немај каде. Пробав и со трпение, пробав и малце построго, демек ќе и свикам малце кога ќе ја видам дека се спрема да се развика (ова со викањево пали кога сакам да ја симнам од маса, ама изгледа веќе не и е интересно

), пробав и со наградување во моментите кога нема да му с'ржи, аро ама више не знам што е чарето. Колку време ќе и треба да и помине таа љубомора, како да спашавам, и малово ми го вади од памет, ми го плаши. Да чекам, али да превземам поочигледни мери од типот: - Сега имаш ново братче, ќе се чувате...