Етничката припадност на Цар Самоил и карактерот на неговото царство

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
лат. SCLAVINIAE - Византиски поим; се употребува за Словенските населби кои биле вон контролата на Византија или биле независни.

Во овој случај Берзити (Охрид). Да не се објаснуваме пак, еве го имате и Барон кој тврди дека сте иранци, чичко Самуил нема такви карактеристики ниту пак жителите од неговото царство.
[DOUBLEPOST=1410632396][/DOUBLEPOST]
Е сега да видиме што открива археологијата, чаши за вино со античко-македонско сонце- екипата археолози ги пронашле во цитаделата на Самоиловата тврдина.
Ова е мегарска чашка од 4впне и нема врска со средновековната Самоилова држава.
 
Последно уредено:
Член од
7 октомври 2008
Мислења
228
Поени од реакции
203
Четирите жени симболизираат 4-те делови на империјата. А Склавинија нема никаква врска со Самуил - територијата и е многу далеку од бугарското царство.

Еве каде е (ок. 1000 година):


Еве и Римската Империja:


Когда это произошло, Иоанн, изгнанныј в город Иатеру, бежал [оттуда и] сначала отправилсја в Склавенију, а потом в Италију, в город Бергамо (Bergami). Между тем [его] отец и брат, услышав об этом, отправили вестников (нунциев) к императору Лодовику167, требуја, чтобы он вернул им беглого сына. Император же, охотно уступив их просьбам, вернул им беглеца; его без промедленија [дукс Ангелл] отправил вместе с [его] супругој в Константинополь.
http://www.vostlit.info/Texts/rus17/Ioann_Diacon/frametext1.htm
Ова ти е од Јован Ѓакон, дали знаеш Јоанн од каде бегал и каде е Бергамо?
Срамота е за гените што ги носите да пишувате вакви ...
На еден форум од еден Полјак беше ставена мапа со познатите Склавинии
[DOUBLEPOST=1410634380][/DOUBLEPOST]А дали можно таа Склавенија што ја презентираше Штипјанецот, да е дел од една целина заедно со другите Склавинии на Балканот?
 
Последно уредено:

Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.628
Поени од реакции
719
Провинција Склавинија во Светата Римска Империја...
Добро.
"... homage of female figures representing the provinces of his empire:Roma, Gallia, Germania, and Sclavinia. Otto III was the fourth member of the Saxon (or Ottonian) dynasty that ruled the East Frankish or German kingdom from 919 to 1024."
~ Art: The Critics' Choice : 150 Masterpieces of Western Art Selected and Defined by the Experts, page 40


Monuments of Medieval Art, Robert G. Calkins, Cornell University Press, 1979











in it there are four figures, Roma, Gallia, Germania and Sclavinia (that is, the Slav province, which is obviously Poland), so Gallia was left ...
~The Hungarian Quarterly, Issue 42, 2001, page 76
[DOUBLEPOST=1410635386][/DOUBLEPOST]Еве уште:


Станува збор токму за таму, за каде дадов мапа... Полска...
 
Последно уредено:
Член од
29 септември 2013
Мислења
723
Поени од реакции
612
ВИЗАНТОЛОГОТ АЛЕКСАНДАР АТАНАСОВСКИ КОНТРА БУГАРСКИТЕ ТЕЗИ

САМУИЛ НЕ Е БУГАРСКИ ЦАР, ТОЈ СЕ ОТЦЕПИЛ ОД БУГАРСКАТА ДРЖАВА!



Самуил со востание се одметнал од бугарската држава, направил престолнина и патријаршија во Преспа, каде што се наоѓа и неговиот гроб. Самуиловото Царство не било бугарско! Вистината е дека Самуил со своите браќа Давид, Мојсеј и Арон организирале апостасија, односно востание со отцепување од бугарската држава. Историските извори се сосема јасни и недвосмислени. Тоа што некои бугарски историчари во поново време ги оспоруваат податоците е чисто политичка игра да се покаже наводен бугарски карактер на оваа држава, што не е точно.

Ова го истакна д-р Александар Атанасовски, професор по византологија на Kатедрата по историја на Филозофскиот факултет на УKИМ во Скопје. Тој говорејќи на научниот собир „1.000 години од смртта на цар Самуил“ што деновиве го организира општина Ресен, понуди интересни податоци за појавата и смртта на средновековниот владетел повикувајќи се на валидни историски документи.

Атанасовски врз основа на хрониката од византискиот хроничар Јован Скилица, како година кога било формирано Самуиловото Царство ја посочува 969. Тоа е периодот по обновувањето на мирот меѓу Византија и Бугарија (968) и по смртта на бугарскиот цар Петар на 30 јануари 969 година. При тоа нагласува, иако одредени бугарски историчари се обидуваат востанието да ја датираат порано со цел да се затскрие отцепувањето на комитопулитите (младите кнезови Самуил, Арон, Давид и Мојсеј) од бугарската држава, тоа не е точно.

Центарот на востанието бил во Преспа

- Бугарската држава по смртта на Петар останала без цар, а неговите синови биле заложници во Цариград. Токму таквата состојба ја искористиле комитопулите и организирале востание, односно апостасија. Апостасија буквално е отстапништво, односно одметништво. И Скилица забележува дели дека „ја вознемирувале државата на Бугарите“. По овие настани, Петровите синови биле испратени во Бугарија да го зачуваат татковото царство и да ги спречат комитопулите „да напредуваат“ - потенцира Атанасовски.

Востанието било кренато во југозападна Македонија од каде што се проширило и во другите македонски области. Центарот на востанието, според овој историчар, бил токму во преспанскиот регион. Kомитопулите имале успех и по отфрлањето на бугарската власт на ослободената територија создале нова држава на Балканот, позната како Самуилова, по основачот на царската династија.

- Одметнувањето на Самуил и браќата од бугарската власт порано го признале некои бугарски историчари, како Васил Златарски, иако денешните зборуваат нешто друго - додава Атанасовски.

Тој објаснува дека Самиуловата држава не настанува како резултат на отцепување од византиската власт, туку од бугарската држава. Новата државна ја признала византиската власт, но задржала широка автономија на управување.

- Немало формирана византиска воено-адаминистративна управа во областите западно од градот Сердика, денешна Софија, најголемиот дел на територијата на Македонија, почнувајќи од Скопска Црна Гора на север, на југоисток до средниот тек на реката Струма, на југ до малите теми Драговитија, Бер и Едеса, потоа до темата Хелада со центар Лариса и на запад до областите Драч - вели професорот.

Византиска управа немало во градовите Kостур, Битола, Охрид, Дебар, Прилеп, Скопје, Велес, Штип, Струмица, односно во јадрото на Самуиловата држава.

Гробот и патријаршијата се на Свети Ахил во Преспа

Kако центар на Самуиловото Царство се посочува преспанскиот регион, поточно островот Свети Ахил, кој денес е на грчка територија. Таму царот во 985 година од Лариса ги пренел и моштите на светецот Ахил, учесник на првиот Вселенски собор во Никеја 325 година.

-Тука, на островот во Преспа, каде што бил неговиот дворец изградил достојно место за светецот, тоа било и седиште на Преспанската патријаршија што нашите историчари не сакаат да признат, мислат дека патријархот бил во Охрид. Таков податок нема - тврди Атанасовски.

Овој историчар кој важи за еден од најсолидните познавачи на историјата на средниот век, тврди дека и гробот на цар Самуил се наоѓа на островот Свети Ахил во Преспа. Со ова побива некои од досегашните историски претпоставки дека тој бил закопан во Прилеп. Постојат податоци дека по катастрофалниот пораз во битката на Беласица на 29 јули 1014 година, неговиот син Гаврило Радомир го спасил. Го качил на коњ и го однел на тврдината наречена Прилеп. Но, за Атанасовски тоа не значи и дека починал таму.

- Сметам дека тука е направен еден превид и треба да му веруваме на податоците на Михаил Атаљат, кој кажува дека Самуил умрел на мочурливиот остров во Преспа. И во археолошките ископувања се смета дека таму е откриен гробот на Самуил. Тој ја изградил црквата, нормално е таму да бил погребан. Археолозите тврдат дека има остатоци од повеќе цркви од кои едната била и патријаршиска, верувам дека тука е закопан. Јас стојам на тоа нека повели некој ако има контра аргументи да ме побие- цврст е во ставот професорот.

Законите од времето на Самуил основа на современото граѓанско право

Во јавноста малку е познато дека постоеле закони за епархот, за градоначалникот и за тоа како се уредуваат градоначалничките функции и граѓанското право во средновековната македонска држава, вели д-р Сашо Дуковски, професор на Правниот факултет во Kичево.

- Станува збор за корпус закони донесени во времето на Јустинијановата кодификација и потоа преправени со Василиките. Едноставно, во времето на Самуиловата држава се користи византиското право кое денес е основа на современото граѓанско право - вели Дуковски.

Василиј ги ослепел војниците како одмазда за убиениот војсководец

Постојат недоречености и за тоа кога биле ослепени Самуиловите војници, колку време доаѓале до местото каде што по битката бил сместен Самуил и кој е датумот на царевата смрт.

Трагичната слика за умирањето на Самуил многу сликовито во своите записи ја има опишано хроничарот Скилица. Тој запишал дека византискиот император Василиј наредил на заробените војници да им се извадат очите, а на секој стоти да му се остави по едно за да ги води до Самуил. Царот, не можејќи да ја поднесе храбро и мирно глетката, паднал на земја во несвест. Наскоро присутните го повратиле со вода и мириси и малку закрепнал. Побарал една голтка вода и штом ја испил доби срцев удар и по два дена умрел.

За Атанасовски неприфатливо е царот да починал некој ден по катастрофалниот пораз од византиската војска во битката на Беласица на 29 јули 1014 година. Вели дека византискиот император Василиј веднаш не ги ослепил заробените Самуилови војници, а и тие не можеле за кусо време да пристигнат од Струмичко до Преспа. Затоа постојат претпоставки дека починал во периодот од 14 септември до 6 октомври. Тоа значи дека во овој период од 2014 година точно се навршува еден милениум од смртта на средовековниот цар Самуил.

- Василиј, откако ги заробил, извесно време се задржал околу опсадата на неколку тврдини. Во меѓувреме го испратил својот војсководец Теофилакт Вотаниат да му го исчисти патот до Солун. На враќање тој паднал во заседа од синот на Самуил, Гаврило Радомир, кој лично го убил со своето копје. Василиј ги ослепил војниците како освета заради загинувањето на неговиот војсководец - додава историчарот.

*извор: http://www.dnevnik.mk/?ItemID=A4218FE77E40AE42ADDE04B8B5716121
 
Член од
15 декември 2010
Мислења
197
Поени од реакции
87
А коj овоj Атанасовски, каде му се изучават трудовите?
Од која хумористична серија е комичарот -„византолог“?!!!
А бре Александр Будаловски.
 

Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.628
Поени од реакции
719
Атанасовски врз основа на хрониката од византискиот хроничар Јован Скилица, како година кога било формирано Самуиловото Царство ја посочува 969. Тоа е периодот по обновувањето на мирот меѓу Византија и Бугарија (968) и по смртта на бугарскиот цар Петар на 30 јануари 969 година. При тоа нагласува, иако одредени бугарски историчари се обидуваат востанието да ја датираат порано со цел да се затскрие отцепувањето на комитопулитите (младите кнезови Самуил, Арон, Давид и Мојсеј) од бугарската држава, тоа не е точно.
Скилица насекаде зборува за Бугари и за Бугарија. Никаде не говори за Самоилово царство, Македонци или некакви други.

Или Атанасовски фалсификува зборовите на Скилица или воопшто не ги прочитал.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
А коj овоj Атанасовски, каде му се изучават трудовите?
Од која хумористична серија е комичарот -„византолог“?!!!
А бре Александр Будаловски.
Во Македонија, редовен професор на катедрата по Историја.
Ау да заборавив само вашите се компетентни, нашите не.
Ах бре фашизмус слободно ќе си пишете без да јадете бан...[DOUBLEPOST=1411845750][/DOUBLEPOST]
Скилица насекаде зборува за Бугари и за Бугарија. Никаде не говори за Самоилово царство, Македонци или некакви други.

Или Атанасовски фалсификува зборовите на Скилица или воопшто не ги прочитал.
Пак ли со термниот Бугари?
Ти имаш нешто од Скилица или јок..
 

Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.628
Поени од реакции
719
Пак ли со термниот Бугари?
Ти имаш нешто од Скилица или јок..
Еве за 996 година:
Ашот излегол напред и тој влегол во борба со предниот одред на Самуил, урнал го, но паднал среде посади и бил фатен. Како научил тоа, Григориј веднаш отишол на помош на својот син, сакајќи да го ослободи од заробеништво. Но и тој бил опкружен од Бугарите и паднал по храбра и херојска борба.
~Скилица-Кедрин (Cedreni op. cit. p. 449)

Еве за истата 996 година:
Самиот Самуил и неговиот син Роман ... избегале во Бугарија.
~Скилица-Кедрин (Cedreni op. cit. p. 450)

Императорот секоја година продолжил да навлегува во Бугарија и да опустошува и уништува се што е во својот пат. Самуил не можел да му се спротивстави на отворено ... и почнал да губи своите сили. Затоа тој решил да прегради со ровови и ѕидови патот на императорот кон Бугарија. ... А императорот ослепил заробените Бугари, кои биле 15 000, како што велат, како оставил на сто лица ослепени по еден едноок и им наредил да ги одведат
~Скилица-Кедрин (Cedreni op. cit. p. 457-458)


и така натаму...

Нема Македонци, нема македонски Словени, нема македонска држава или македонски цар во делата на Скилица...


Еве и на англиски:
http://www.paulstephenson.info/trans/scyl1.html

Тhe emperor [Basil] did not relent, but every year he marched into Bulgaria and laid waste and ravaged all before him. [The Bulgarian ruler] Samuel was not able to resist openly, nor to face the emperor in open warfare, so, weakened from all sides, he came down from his lofty lair to fortify the entrance to Bulgaria with ditches and fences. Knowing that the emperor always made his incursions through so-called “Kiava Longos” and [the pass known as] “Kleidion,” he undertook to fortify the difficult terrain to deny the emperor access. A very wide fence ( phragmon ) was built and worthy defenders were committed to it to stand against the emperor. When he arrived and made an attempt to enter [Bulgaria], the guards defended the wall manfully and bombarded and wounded the attackers from above. When the emperor had thus despaired of gaining passage, Nikephoros Xiphias, the strategos of Philippopolis, met with the emperor and urged him to stay put and continue to assault the wall, while, as he explained, he turned back with his men and, heading round to the south of Kleidion through rough and trackless country, crossed the very high mountain known as Belasica. On 29 July, in the twelfth indiction [1014, Xiphias and his men] descended suddenly on the Bulgarians, from behind and screaming battle cries. Panic stricken by the sudden assault [the Bulgarians] turned to flee, while the emperor broke through the abandoned wall. Many [Bulgarians] fell and many more were captured; Samuel barely escaped from danger with the aid of his son, who fought nobly against his attackers, placed him on a horse, and made for the fortress known as Prilep. The emperor blinded the Bulgarian captives -- around 15,000 they say -- and he ordered every hundred to be led back to Samuel by a one-eyed man. And when [Samuel] saw the equal and ordered detachments returning he could not bear it manfully nor with courage, but was himself struck blind and fell in a faint to the ground. His companions revived him for a short time with water and smelling salts, and somewhat recovered he asked for a sip of cold water. Taking a gulp he had a heart attack and died two days later on 6 October
 
Член од
29 септември 2013
Мислења
723
Поени од реакции
612
СОФИЈА ЈА ОБВИНУВА АТИНА

ГРЦИТЕ НА БУГАРИТЕ НЕ ИМ ЈА ДАЛЕ ПЛАШТAНИЦАТА НА ЦАР САМУИЛ „ПОД ПРИТИСОК НА СКОПЈЕ“



Таа се чува во Музејот на византиската култура во Солун и е многу достапна, но од политички причини нашето барање беше одбиено под изговор дека не е во добра состојба, изјави вчера Људмил Вагалински, шеф на Националниот археолошки институт и музеј при БАН

Македонскиот притисок била причината зошто во Софија не стасала плаштаницата на цар Самуил, која, инаку, се чува во Музејот на византиската култура во Солун. Вакво тврдење завчера го искажал Људмил Вагалински, шеф на Националниот археолошки институт и музеј при Бугарската академија на науките спроти отворањето на големата изложба насловена како „Цар Самуил (+1014) во битка за Бугарија“. Изложбата ќе се отвори на 7 октомври, а наметката на цар Самуил требаше да биде еден од највредните експонати. Меѓутоа, надлежните грчки органи не го прифатиле бугарското барање.

Во веста што е објавена на бугарскиот „Монитор“ се пренесува изјавата на Вагалински, кој не крие дека е разочаран од грчката одлука.

- Плаштаницата се чува во Музејот на византиската култура во Солун. Таа е многу достапна, но од политички причини нашето барање беше одбиено под изговор дека не е во добра состојба. Kако токму сега открија дека има потреба од реставрација, како кога толку години е кај нив. Тоа беше единственото што им побаравме - се запраша Вагалински и претпостави дека одбивањето било направен под македонски притисок.



Оваа вредна реликвија требаше да биде еден од најзначајните експонати на претстојната изложба. Со плаштаницата беа прекриени коските на цар Самуил кога неговиот саркофаг беше пронајден на островот Свети Ахил на Преспанско Езеро, во делот што ~ припаѓа на Грција.

- Златната плаштаница има голема емоционална вредност, бидејќи таа е единствен личен предмет на царот во сегашноста - нагласи тој.

Инаку, во софискиот Национален историски музеј вчера беше отворена голема изложба „Бугарската автокефална архиепископија во Охрид 1018-1767 година“ и на која се претставени вредни експонати.



Плаштаницата е парче свилена ткаенина со фина изработка во византиски стил. На неа се претставени хералдички знаци во форма на птици, а за кои се претпоставува дека се грб на семејството од кое потекнува цар Самуил. Инаку, бугарското барање до Грција да им се дозволи изложување на овој експонат било испратено преку нота од бугарското министерство за внатрешни работи.

Бугарската страна имала намера да побара повеќе археолошки експонати и предмети кои се наоѓаат во повеќе музеи во Грција. Меѓутоа, се откажале од тоа мислејќи дека ќе им биде дозволено да ја изложат плаштаницата.

- Понудивме и да одржиме заедничко чествување на гробот на Свети Ахил, но за тоа требало политичко решение - потенцира пред неколку месеци директорот на Националниот археолошки музеј.

Моштите на Самуил сега се наоѓаат во Музејот за византиската уметност во Солун. Во 1969 година грчкиот археолог професор Николаос Муцопулос прави ископувања во базиликата „Свети Ахил“ крај Малото Преспанско Езеро и открива 4 богати гроба, од кои три се ограбени уште во средниот век. Муцопулос претпоставува дека тоа се гробовите на Самуил, на внук му и на последниот владетел на Првото бугарско царство, Иван Владислав, како и на синот на Самуил, царот Гаврил Радомир.
извор: http://www.dnevnik.mk/?ItemID=FF46C6EF7A757148A9AD728BD07C88A9
 
Член од
19 февруари 2010
Мислења
536
Поени од реакции
1.720
СОФИЈА ЈА ОБВИНУВА АТИНА

ГРЦИТЕ НА БУГАРИТЕ НЕ ИМ ЈА ДАЛЕ ПЛАШТAНИЦАТА НА ЦАР САМУИЛ „ПОД ПРИТИСОК НА СКОПЈЕ“



Таа се чува во Музејот на византиската култура во Солун и е многу достапна, но од политички причини нашето барање беше одбиено под изговор дека не е во добра состојба, изјави вчера Људмил Вагалински, шеф на Националниот археолошки институт и музеј при БАН

Македонскиот притисок била причината зошто во Софија не стасала плаштаницата на цар Самуил, која, инаку, се чува во Музејот на византиската култура во Солун. Вакво тврдење завчера го искажал Људмил Вагалински, шеф на Националниот археолошки институт и музеј при Бугарската академија на науките спроти отворањето на големата изложба насловена како „Цар Самуил (+1014) во битка за Бугарија“. Изложбата ќе се отвори на 7 октомври, а наметката на цар Самуил требаше да биде еден од највредните експонати. Меѓутоа, надлежните грчки органи не го прифатиле бугарското барање.

Тоа не е вистина! Тука Скопје нема и не може да има никаква улога! Од години се знае дека Грците се согласуваат да се пренесе на Бугарија и коските и плаштаницата, но во замена на византиските ракописи од 10 век земени од Богдан Филов во периодот на двете светски војни од грчки манастири !

Грција е подготвена да ги врати коските на Самуил
Обидите на Бугарија за враќање на коските на Самуил датираат од пред 10 години. Интересот на Софија се интензивирал во изминатата година, бидејќи на 6 октомври ќе се наполнат 1 000 години од неговата смрт.

Во замена Грција сака да и бидат вратени неколку стотици византиски ракописи, кои беа земени за време на Првата светска војна од манастири во Северна Грција. "По потпишувањето на Ньојскија мировен договор во 1920 Бугарија вратила донесените манастирот на Тимиос Продромос (Свети Јован Крстител) икони и црковни садови, но не и над 400-те ракописи, кои беа земени од манастирот на Панагија Икосифиниса (Света Богодорица - Икосифиниса ) до Серес ", раскажа Дзимас пред GRReporter.


http://www.grreporter.info/Grciya_e_gotova_da_vrne_kostite_na_Samuil/15077
 
Последно уредено:
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.266
Тргувате и пазарувате со Македонски коски, со македонски свети книги, со Македонците и Македонија.

Од ова се гледа дека ни едните ни другите имате било каква врска со Македонците,со Самоил, со Македонија и македонското, затоа што никој не тргува со своето. Вистинските синови не тргуваат и не вршат размени со својот татко и мајка.

Вашето однесување е однесување на грабливец со неговиот плен. Однесување на крадец кон украдената туѓа сопственост...

Бедници.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
18 февруари 2012
Мислења
1.273
Поени од реакции
930
ДИРЕКТОРОТ НА БУГАРСКИОТ МУЗЕЈ ЉУДМИЛ ВАГАЛИНСКИ ЗА „ДНЕВНИК“

„МОНИТОР“ ПИШУВА НЕВИСТИНИ, НЕ РЕКОВ ДЕКА СКОПЈЕ ВРШИ ПРИТИСОК НАМЕТКАТА НА САМУИЛ ДА СЕ ДОНЕСЕ ВО СОФИЈА

На Атина ~ пречи тоа што го бараме, а не го побаравме засекогаш да биде наше, туку само за да го изложиме на 7 октомври и веднаш потоа да го вратиме, вели директорот

Не сум рекол дека Македонија вршела притисок врз Грција да не ~ ја даде плаштеницата на цар Самуил на Бугарија. Тоа што е објавено во „Монитор“ не е вистина. Јас такво нешто ниту мислам ниту сум кажал, вели за „Дневник“ директорот на Националниот археолошки институт и музеј при Бугарската академија на науките, Људмил Вагалински. Оваа вест завчера ја објави бугарскиот весник „Монитор“ известувајќи за прес-конференцијата на Вагалински, по повод отворањето на големата изложба „Цар Самуил (+1014) во битка за Бугарија“, на 7 октомври. Наметката на цар Самуил требало да биде еден од највредните експонати, но грчките надлежни органи не го прифатиле бугарското барање, со објаснување дека транспортот ќе ја уништи плаштаницата, на која итно ~ требало реставрација.

- Реков дека како директор на музејот сум разочаран од ваквиот изговор на Грција зашто знам дека плаштаницата се чува во Музејот во Солун и е многу достапна. Додадов дека нашето прашање беше одбиено од политички причини, но што ги засегаат односите меѓу Софија и Атина, а за Македонија воопшто не стана збор, објаснува Вагалински за „Дневник“. Тој не сака да коментира за причините поради кои „Монитор“ објавил невистинитa изјава.

Побаравме одговор од редакцијата на „Монитор“. Новинарката која го напишала извештајот од прес-конференцијата на Вагалински, Маријана Цветкова, во првите моменти од разговорот тврдеше дека пренесената изјава на директорот е точна и дека тој ја обвинил Македонија. Но откако ја информиравме дека лично тој за „Дневник“ демантира, таа даде поинаков одговор.

- Па добро, можеби не ја спомена Македонија, ама се подразбира дека Скопје врши притисок врз Атина плаштеницата на цар Самуил да не дојде во Софија, рече Цветкова. На прашањето дали ваквите нагаѓања и заклучоци од страна на бугарскиот медиум предизвикуваат тензии и испраќаат погрешна порака, новинарката повторно даде недоволно јасен одговор.

- Јас ништо не коментирав, тоа е извештај од прес-конференција, а јас само пренесувам, рече Цветкова за „Дневник“.

http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=97877CA68DD6744DA00E8245D870D242
 

red baron

sad but true
Член од
3 ноември 2012
Мислења
960
Поени од реакции
825
Вашето однесување е однесување на грабливец со неговиот плен. Однесување на крадец кон украдената туѓа сопственост...
Бедници.
Дај да видиме дали овие лоши лажговци и грабливци (се разбира Бугарите) навистина се толку злобни и лоши бидејќи не само византиски, а и ерменски и арапски хроничари кои се речиси современици на настаните пишуваат за етничката припадност на Цар Самоил и карактерот на неговото царство

(Асохи́к) Степанос Таронеци -''Сеопшта историја''
https://ru.wikipedia.org/wiki/Степанос_Таронеци

XXII
Император Василиј их обоих с гвардејскими своими полками повел в Македонију на војну против булхаров.

Император Василиј со своите гардиски полкови започнал војна во Македонија против Бугарите.

XXIII
После этого царь Василиј, собрав војско, сам лично пошел на землју Булхаров. ... .. Булхары поспешили и занјали узкие места и горные проходы, по которым мог пројти непријатель: то были места непроходимые, покрытые кустарником. Таким образом окружив царја со всем его војском, они всех предали мечу; только армјанскаја пехота, спереди и сзади обступив царја Василија, другоју горноју дорогој вывела его в Македонију. Всја же конница [греческаја] со всем скарбом и царским убранством 183 предалась непријателју.

Потоа император Василиј собрал војска и сум лично дошол на бугарска земја. ... .. Бугарите побрзале да заземаат стрмните места и планинските премини во кои можат да преминат непријатели, тоа биле непроодни места покриени со грмушки. На таков начин опколија императорот со целата негова војска која предала оружјето со исклучок на ерменската пешадија која се наредила пред и зад царот и на друг планински пат го изведе од Македонија. Целата грчка коњаница со сите царски предмети се предала на непријателот.
http://www.vostlit.info/Texts/rus17/Asohik/frametext32.htm

Jaх'ja Антиохиски
https://ru.wikipedia.org/wiki/јахьја_Антиохијскиј

4
И употребили хитрость оба сына Самуила, [21] царја болгар 143, которых Иоанн Цимисхиј взјал и держал в заклјучении во дворце, и бежали из своего места заклјученија на лошадјах, которых они приказали держать наготове длја себја. И когда они очутились на перевале ведуштем в Болгарију, обе лошади, на которых они сидели, остановились. И слезли они с них и скрылись в горах, бојась быть догнанными, и пошли пешком. И опередил старшиј из них на пути младшего своего брата. И был он переодетым, и заметила его толпа болгар, которые охранјали ту гору от разбојников. И выстрелил один из них в него, не узнав его, так как он был один 144 и убил его. И пришел по следам его младшиј брат и об'јавил им кто он. И увели они его и потом сделали своим царем. И был у него раб, известныј под именем Комитопула 145, и дејствовал тот за одно с ним, и собрались к нему болгары и воевали страны греков.

И употребиле измама против синот на Самуил царот бугарски кој Јован Цимисхиj зел во заложништво и го држел заклучен во палатата и избегале од овој затвор на коњи ... И кога се најдоа на преминот кој води кон Бугарија тие оставија коњите. И овие се сокрија во шумите плашејќи се да не бидат фатени и почнаа да одат пеш. ... И бил оној (по големиот брат) облечен (во византиска облека), забележала го групата Бугари која чувала преминот од разбојници. И пукал (со стрела) еден во него без да знае кој е и го убил. И дојде потоа помалиот брат и им кажа кој е. И тие (бугарите) го одведоа и потоа го направија свој цар. И имаше тој роб (слуга, потчинет на него,во средниот век сите благородници биле потчинети на својот цар) познат со името Комитопула. И дејствуваа заедно со него и се собраа кон него Бугари и војуваа во земјата на Грците.
http://www.vostlit.info/Texts/rus/Yahya/text1.phtml

Во последниот текст станува збор за бегството на бугарските престолонаследници од византиски заробеништво и убиството на постариот Борис II, убиен по грешка (поради византиската облека) од бугарски граничен гарнизон. Борис II нема синови и не може да биде наследен, а неговиот брат Роман е скопен кога е во заробеништво на Византијците за да не може да продолжи царскиот род.

Од текстот станува јасно дека комитопулите се потчинети на бугарскиот цар Роман и Самуил се прогласува за цар едвај по смртта на законскиот цар - Роман.
 
Последно уредено:

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Председателот Плевнелиев ке учествува во официалната програма за 1000 години от смрта на цар Самуил.
Председателот ке с поклони и ке положи венец пред коските на цар Самуил во музеja за визатиjска култура во Солун.
Покасно председателот ке присоствува при положуване на камен темелник на споменик на цар Самуил до црквата Св. Софиja, каде се посрештат сите државни гости и официални лица.
Вечерта во патриаршеската катедрала Св. Александар Невски ке има заупокоjна молитза от патриарх Неофит за душата на владетелот.
На 9 Октомври председателот ке учествува во заклучителните празненства во близина на село Клуч до Петрич, каде ке има спектакал "Неослепена памет".Председателот ке приеме почетниот строj и ке има вечерна проверка на воjските. На церемониjaта ке присоствува премиера Близнашки и негово светеjшеству бугарскиот патриарх - Неофит.
http://www.dnevnik.bg/bulgaria/2014/10/06/2393880_bulgariia_otbeliazva_1000_godini_ot_smurtta_na_car/?ref=embed&source=www.capital.bg
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.202
Бакрачески: Нашите соседни земји прават обиди да го присвојат наследството на Цар Самоил
Во Охрид денеска беше одбележана 1000-годишнината од смртта на Цар Самоил


Историскиот час се одржа во Самоиловата тврдина каде присуствуваа ученици од основните училишта, како и претставници на локалната самоуправа, граѓани, но и туристи кои денеска беа во разглед на тврдината.

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, обраќајќи се пред присутните рече дека соседните земји се обидуваат да ја присвојат македонската историја во обидот да стекнат дневно-политички поени.

-Во последно време од дневно-политички карактер, многу историчари од нашите соседни земји и од други држави, прават обиди да ја присвојат историјата на Република Македонија, вклучително и наследството на Цар Самоил, оносно неговото потекло и периодот на неговото живеење. Она што јас сакам да го порачам е дена секојпат при градење на едно научно историско сознание треба да се користат историски факти и аргументи врз основа на кои понатаму се гради одредена теза или теорија која треба да биде потврдена, а така и со
припадноста на Цар Самоил. Ние како граѓани на РМ и како охриѓани го сметаме како наш основоположник на македонското средновековно царство и како таков го прославуваме, истакна охридскиот градоначалник Бакрачески.


Самоиловата тврдина на калето каде што денеска се одбележа 1000-годишнината од смртта на Цар Самоил е еден од најпосетените споменици на Охрид, а влегува во симболите за градот, како што се грбот и знамето на Општина Охрид.

За славниот војсководец, како што најави македонскиот режисер Антонио Митриќески кој присуствуваше на историскиот час во Охрид, ќе се снима и филм во Самоиловата тврдина, на планината Галичица, како и околу Охридското и Преспанското Езеро.
http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=40473
 

Kajgana Shop

На врв Bottom