E
emission
Гостин
Се знаат злоделата на сите,особено на Бугарија во втората светска војна каде што луѓето при испитување биле мачени најѕверски со тепање со пендрек по табаните,дерење на табаните,силување,корнење на брада и мустаќи,имало дури и специалаен метод на давење при кој затвореникот еден го давел со јаже а друг го удирал со чекан по градниот кош, па подоцна се сценирала ситуација како самиот да се фрлил низ прозорец а предходно бил убиен или со давење или умрел од употреба на прекумерна сила.Ова не се измислици истото е напишано и во официјалните судски документи и во документите на ОЗНА но како и по сеќавање на живи сведоци и секако по давањето на признание пред судовите во 1946 година од страна на ХаџиКимов,Асен Богданов,Стефан Стефанов и многу други.
Ако си слушал постари луѓе за периодот од втората светска војна наверојатно си слушнал како кажуваат дека бугарските војници оделе по домовите и правеле пакост и одземале (краделе) млеко, јајца, основни продукти, додека кажуваат дека германските војници не го правеле тоа.
Ова ти е муабет од обични полуписмени селани како тие гледале на бугарските војници.
А тоа што велиш „скокање“ низ прозорец, пример ти се Коле Неделковски и Вапцаров кој бугарските војници ги имаат убиено,а сега источниве ги слават како велики бугари.
