Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Teoloskite dokazi se ednakvo validni kako i prikaznata na brakata Vahovski.
Само што истите водат кон вистина и вистински настани а ова твоево со браќава во глупости(иако прв пат слушам за нив)
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Само што истите водат кон вистина и вистински настани а ова твоево со браќава во глупости(иако прв пат слушам за нив)
Ti si znaes najubavo golem si.

Samo smetam deka treba da go ispocituvas stavot na forumdzijata koj ja navel.
 
GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Ti si znaes najubavo golem si.

Samo smetam deka treba da go ispocituvas stavot na forumdzijata koj ja navel.
Јас не реков ништо против него и неговиот став,туку улогата на филмовите.. гледаш предложив да ја тражи и Фонатаната на младоста.. гинеле за да ја најдат и тоа многу.Што значи,повеќе му се исплати да го даде животот во тражење вода која ќе го направи вечно млад и бесмртен од колку да тупи со филмови.. зар не ?
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Колку за инфо за неинформираните. Матрикс теоријата постои многу многу пред да биде реализиран филмот. А пошто сум многу постар од филмот, филмот ми беше само една добра забава.
А името “матрикс“ го искористив за да бидам лесно сфатен.
Понатаму, Дони, фала за поддршката, и ти должам пиво за ова :P
И за крај, реков “омилена“ матрикс, али и дека лабораторијата ми е поверојатна него матриксот.
Лабораторија (ботаничка градина)=Земја + жив свет
Изгрев, за атеистите науката е можеби најмеродавна, но и не е единственото нешто на кое се ослонуваме ние атеистите. Прост пример ти е филозофијата. Тоа не е наука, но е нешто кое со задоволство го читаме. Е сега, кога ова го разјаснивме, слободно можам да кажам дека кај атеистите НЕ постои една универзално прифатена теорија, а другите да ги отфрла. Едностаавно СЕ' е во игра, секоја опција, комбинација, теорија е нешто на кое се работи (нормално не јас него луѓе кои животот го посветиле) и се' додека не се дојде до дефинитивен одговор на било што за сега е непознато/шпекулација. Ова е барем втор пат како ти го објаснувам ова, и сфати го, или барем прифати го како такво ако не можеш да го сфатиш, затао што секое нередно вакво напињање ќе ствара непотребна нервоза.
Мал совет, или прашувај конкретен член за одредена работа, или не поставувај воопшто прашање каде работите ти се воопштени. Единствено едно нешто што е заедничко меѓу атеистите Е: неверување во бог/богови. СЕ' понатаму е веќе лично убедување. Као на пр: Зошто не веруваш? Еден ке најде одговор дека прикасната во библијата му е ко снежана и 7-те џуџиња, друг дека е глупост дека бог ја залепил месечината, трет дека е во прашање енергија која некој сака да ја идентификува со бог, а всушност е само јин/јанг и така во недоглед.
Мислам дека бев јасен и за тебе и за други кои сакаат да дискутираат.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.649
Поени од реакции
59.603

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Otecot e pred potopot.
Стариот завет е стар приближно 3500 год. а од таму и датира YAHWEH.....ако воопшто може да се направи некоја сличност помеѓу него и тој отец за кој наводно зборувал Исус. Меѓу другото имаме тука еден автор, додека кај митовите не е тоа случај. Можно е, Мојсеј да искористил митолошка приказна во своја корист да го напише стариот завет, ама тоа е друга тема од каде му се податоците.
 
Без разлика за што зборува Исус, Мики1 зборува за истиот тој, Јахве, Отецот, Создателот, како сакаш наречи го. Ете нека е стар стариот завет 3500 години, сепак:

Myth

a traditional story, especially one concerning the early history of a people or explaining some natural or social phenomenon, and typically involving supernatural beings or events.

Комплет влегува во дефиницијата.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Без разлика за што зборува Исус, Мики1 зборува за истиот тој, Јахве, Отецот, Создателот, како сакаш наречи го. Ете нека е стар стариот завет 3500 години, сепак:
Myth
a traditional story, especially one concerning the early history of a people or explaining some natural or social phenomenon, and typically involving supernatural beings or events.

Комплет влегува во дефиницијата.
Стариот завет не е традиционална приказна, тоа е наводно диктирање од Бог. Еве ти пример од поново време -> http://www.lawofone.info/ The Law of One .....замисли од ова произлезе религија за едно 2000 год, дали ќе се рачуна за мит?
Митолошките приказни, а од таму и митолошките ликови датираат од пред потопот, и тоа ти е дефиниција меѓу другото за митовите, YAHWEH не е митолошки лик.....ако му веруваме на Моше :)
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Атеизмот е состојба...во компјутерски речник програма. Имаш неколку догми таму ама основата е материјалистичко-редукционистичко гледиште на работите. Се се сведува на тоа наводно разбирање на работите, од таму вакви прашања ти се небитни....еволуцијата е причина ќе ти кажат. Исто како во христијанството како што е крив ѓаволот за сите ѓаолштини :)
До кога бе со истите христијански догми, а верниче?
Не ќе да е така како што си пишал. твојот агностицизам е состојба и тоа умислена, мисловна именка. Не постои такво нешто.
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Атеизмот е состојба...во компјутерски речник програма. Имаш неколку догми таму ама основата е материјалистичко-редукционистичко гледиште на работите. Се се сведува на тоа наводно разбирање на работите, од таму вакви прашања ти се небитни....еволуцијата е причина ќе ти кажат. Исто како во христијанството како што е крив ѓаволот за сите ѓаолштини :)
Уште во втората реченица правиш кардинална грешка. НЕМА ДОГМИ!!! Не пробувај на ефтин начин да ни ја префрлиш топката. Но продолжетокот бара дообјаснување. Што подразбираш под тоа Материјалистичко-редукционистичко гледиште на работите? Дали енергијата спаѓа во таа категорија? И, никој не кажа дали ова/она е небитно, можеби од личен интерес мене ми е небитно дали навистина водата се претворила во вино, но на некој друг му е, зборам за атеист. Или, јас сакам да бидам прав и пепел кога ќе умрам, ама некој друг го интересира дали има нешто после.......... па затоа иако е атеист ќе работи на таа проблематика без да очекува некако посебен одговор, него што е, тоа е. Нема универзалност!!!
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Уште во втората реченица правиш кардинална грешка. НЕМА ДОГМИ!!! Не пробувај на ефтин начин да ни ја префрлиш топката. Но продолжетокот бара дообјаснување. Што подразбираш под тоа Материјалистичко-редукционистичко гледиште на работите? Дали енергијата спаѓа во таа категорија? И, никој не кажа дали ова/она е небитно, можеби од личен интерес мене ми е небитно дали навистина водата се претворила во вино, но на некој друг му е, зборам за атеист. Или, јас сакам да бидам прав и пепел кога ќе умрам, ама некој друг го интересира дали има нешто после.......... па затоа иако е атеист ќе работи на таа проблематика без да очекува некако посебен одговор, него што е, тоа е. Нема универзалност!!!
Нема универзалност!?
Па зошто се идентификуваш како нешто.....било што и да е?

Инаку за твоите желби да станеш пепел и прав.....уште не си се родил младичу за да кажуваш за желби и честитки :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom