Паднати гиганти - економска историја на Македонија и Балканот

  • Креатор на темата Креатор на темата Berzit
  • Време на започнување Време на започнување
ех, АЛУМИНА..., почнува како 21Мај , работилница за изработка на воздухопловни едрилици. Прави Чавки, едноседа тренажна едрилица на конструкторот Шоштарич, последната преостаната произведена во Летов е обновена и лета во Словенија , а серискиот бр.21, на 21 Мај е во музејот во Сурчин.
Cavka-MJV_116.jpg

и нема веќе ниедна друга..
Се осмелиле и нарачале проект на стандардна 15 метарска едрилица...Наречена е Илинденка, направени се 6 комада, две преостанати во подрумот на музејот во Сурчин. Со 99-ката една зима мајстор Глишо фино си се грееше.:tapp:
ilin99.jpg

После со декрет се тоа се запира и се почнува со школски мебел, па алуминиумски екструзии , па забегуење во се и сешто и дисперзирани погони во Тетово и Горњи Вакув, па незнаење кој пие и кој плаќа.., па транзиција , па сеа ледина на која ќе се гради трговски центар...
ТЕАЛ во Тетово, со тројца без двајца и со цедење на заостанатата опрема која уште функционира, сега во сопственост на некој белграѓанин, уште неинвентивно живурка...
 
Отекс Охрид

oteks2.jpg

Елегант
елегант.jpg

Македонија Спорт
Makedonija Sport.jpg

Трготекстил
Во склоп на ова имаше и леблеџилница и семкара Зуко од која за секој случај купувавме ако во КО-КО или Тропикана не те пуштат на врата ако немаш партнерка или не му се допаѓаш на вратарот ќе си седнеш на клупите што беа на стазите за пешаци на бул.Климент Охридски и ќе си грицкаш бадеми,кикирики......... или ќе си ја пробаше среќата како пиштолџија во Тунел
трготекстил.jpg
 
864 фабрики и фирми се уништени во времето на криминалната приватизација во Македонија. Македонија имаше најкриминална приватизација во периодот 1993-1998 г. што некогаш се случила во светот. Тешко дека ќе можеме да ги наброиме сите уништени 864 државни фабрики и фирми. За жал над 200,000 вработени од тие 864 фирми останаа на улица и Македонија стана земја со најголема невработеност во светот.

Истите оние што учествуваа во таа уништувачка приватизација, нивните деца и поддржувачи, сега трубат како народот бил осиромашен, како се бореле тие да ја вратат средната класа, како било лошо отварањето странски фабрики и слични глупости.[DOUBLEPOST=1410762776][/DOUBLEPOST]

Ништо не е Лозар или ТрансВелес во споредба со една Порцеланка, која беше најголема фабрика за тврд домаќински порцелан во светот.[DOUBLEPOST=1410762919][/DOUBLEPOST]

Човек да се чуди како може ОХИС да се уништи, ама најчудно е како можеше да се уништи фабриката за стаклени влакна во Гостивар која беше единствена во југоисточна Европа.

ај кажи ни кој беше на власт низ тие години во македонија ? еве ти уште една прилика да се задоволиш...
 
ај кажи ни кој беше на власт низ тие години во македонија ? еве ти уште една прилика да се задоволиш...
Битушанецот направи една грешка во годините.
Треба да биде 1995, кога е донесен и почна да се применува Законот за трансформација на општествениот капитал, па се до 2004 кога се распродаде, т.е. се раскрчми се што можеше и неможеше.
 
За таа ЧИК Куманово,имате ли некоја информација,дали работи и слично..Мислам дека правеа обувки,чевли,такви работи,ако не се лажам..
 
За таа ЧИК Куманово,имате ли некоја информација,дали работи и слично..Мислам дека правеа обувки,чевли,такви работи,ако не се лажам..
Како бе си заборавил?!
Најубавите обувки се од нив направени.
2708golema.jpg
 
...Од некогаш моќното охридско стопанство, во кое до 1991 работеа околу 22.500 луѓе, а Охрид беше втор град по вработеност според бројот на жители, веднаш по Марибор, останаа празни хали и фабрики зараснати со трева...
ВЕСТ, број 3514, од Сабота 10/ Недела 11 Март 2012
Големата тројка:
1.ЕМО (ЕлектроМонтажа Охрид) - трансформатори, далеководи, изолатори, комплетни трафостаници, кабли, метални конструкции, терморегулациски материјали, филтери за фабрики, колекторски системи, алати (после се оддели погон Алатница), по лиценца различни производи за Сименс и словенечка Искра (а логото нивно нормално:rolleyes:) и телевизори за ГолдСтар (илити сегашен LG), сефови за банки, трезорски бункери и врати.
Сите далеководи до пред десетина години се нивно дело.Добар дел од електричните инсталации во РЕК Осломеј и Битола и хидроцентралите.На 3 локации во Охрид и погони во Струга, Кичево (2), Дебар, Демир Хисар, Крушево, Македонски Брод, Тетово, Скопје и Гевгелија.

2.Отекс - еден од најголемите текстилни производители (до последните моменти шиеле кошули по лиценца за марки од Италија и Германија, дел заеднички и со Тетекс).Објектите ги доби КАМ, а огромните залихи квалитетни производи се распродадоа по багателни цени по принципот кој стигнал - влегол - земал - користел - продал.
И ден денес пола Охрид користит нивни чадори, ќебиња и кошули.

3.Застава - автоделови за истоимената фабрика (каиши /после се оддели Сигурносни Појаси или Си-По со каиши за Ситроен и Пежо/, ретровизори и слични помали додатоци).Мислам дека и Амак СП и Велмакс се со некое потекло од овие погони.

Сите овие имале од 3 до 5000 вработени.ЕМО можда уште толку во погоните во другите места.

4.Лихнида - пластика (пластична амбалажа за јогурт, тегли, кофи, корита, држачи за сапун, кутии за храна, саксии, гајби за леб, јогурт, грозје, зеленчук и пивски/ стаклени шишиња за сок (за трите пивари).Еурокремот на Агроплод и Витаминка во нивна амбалажа.
Screenshot_4.png Screenshot_5.png
Уште работат со далеку помал капацитет (110 вработени).

5.ЗЗ Горица - најголемиот земјоделски производител во ЈЗ Македонија после ЗИК Пелагонија.Моментално работат само еден дел како Градинар и с.о мизерни плати.

6.Братство Инокс - кујнски и прибор за готвење.Охридски Цептер :icon_mrgr: Рестартирани, работат со многу помал број работници од порано и редовни плати.

7.ЛТХ Леарница - секакви производи и наливи од метал.Рестартирани, со газди од Словенија.До пред некое време добро и добри плати, сега полека се прилагодија кон домашниот менталитет.

8.Коста Абраш - некогаш во првите три најголеми печатници во Македонија.Сега дали 50 души работат.

9.Винарија Охрид / Словин Билјана - некогаш трета винарија после Тиквеш и Повардарие.Не толку позната поради наливното вино носено во Словенија и флаширано таму.Кокта и Јупи произведувани во Охрид.Денес Винаријата е уствари скопска фирма,а газда на скопската фирма е српската винарија Чока.Еве една нивна етикета:
dsc03930-1-jpg.49818

10.Трудбеник - меѓу најголемите градежни фирми во Македонија.Мислам дека беше најтензичната приватизација со афери, напади и слично баш тука.
Од друга страна добивме градежна мафија со гипс картон згради.

Интересно е дека тогаш со овие објекти Охрид не го гледале само како туристичко место, туку и индустриски центар.Исто и Струга.

Овие киосци се на струшки Полипласт
11608_dscf1915.jpg
ImageHandler.ashx

Од нив остана само Унипласт.Производство базени, пластични чамци и јахти по нарачка :)

И една интересна статија од Капитал
http://www.kapital.mk/mk/dneven_vesnik/73220/najgolemite_izvoznici_ostanuvaat_na_vrvot.aspx?iId=2335
 
Последно уредено:

Прегледај го приврзокот 102607 Прегледај го приврзокот 102608

Оваа Лихнида нели работи уште?Бев пред 3-4 години,товарав гајби пластични..
 
ФАС 11 Октомври двојна жртва.
Еднаш на матната транзиција,втор пат жртва на наследниците на извршителите на матната транзиција за денес да купуваме Кинески автобуси и имаме Белгиска фабрика за автовбуси
Прегледај го приврзокот 102258

Газела уништена во матната транзиција и купена во врдност колу за керамидите
Прегледај го приврзокот 102257

Илинденка Крушево Фабрика за производство и боење јамболии
Прегледај го приврзокот 102260

Црн Бор Прилеп некогашен гигант за производство на мебел од масивно дрво уништен се знае кога и од кого а со цел денес да купуваме мебел од оплеменета иверка и лесонит
Прегледај го приврзокот 102261

Киро Ќучук Велес кој зне дали работи и произведува цигли ама затоа денес увезуваме Српски цигли
Прегледај го приврзокот 102262
Киро Ќучук го купија Заеви и го затворија. Сега по складовите се продаваат циглите од Еленица.
 
Киро Ќучук го купија Заеви и го затворија. Сега по складовите се продаваат циглите од Еленица.
Помогни ми не се сеќавам: Што се се произведуваше и колкава беше таа фабрика?
 
Киро Ќучук го купија Заеви и го затворија. Сега по складовите се продаваат циглите од Еленица.

Ептен си неписмен..Заеви ја купија во Чашка,ама другар ти тогашен Горан Петров по наредба на ВМРО и компанија не им даваше да ја отворат,бидејќи ке вработија над 500 души,а со тоа и автоматски Чашка ќе беше СДСМ..Ете затоа,не си го гледал интервјуто на Заев на канал21 пред 2-3 години,баш кога беше тоа..Заев викаше нова печка купил,така стои неотпакована,и долгот ќе го плател кон сите,арно ама за пуста позиција не дадоа гомната..[DOUBLEPOST=1427151189][/DOUBLEPOST]
Помогни ми не се сеќавам: Што се се произведуваше и колкава беше таа фабрика?

Таа фабрика беше ОГРОМНА..Цигли извезуваа за цел балкан..Имаше многу вработено,незнам колку,да не трескам ама имаше бааѓи народ..Сега се искрадоа,и така стои..Имаше наоѓалиште за глина таму,и само се оформуваа циглите и ги печеа..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom