Битола

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.028
Поени од реакции
623
Чоек пазефф,, ама стварно пазефф, некревај на телефон шо демек тие поважни ти се од мене хаххахахха абе каадеее :D
 

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Добро дали не ја погодив вечерта или секогаш е слабо во петок во Расчекор? Полупразна дискотека (Инфинити ни толку немало), а Широк Сокак после 1,30 живо пиле немаше.
Иначе да ги пофалам во кафе Dante, капучиното беше мераци...

Толку од мојата кратка посета кај Конзулите.
 
Член од
14 ноември 2008
Мислења
3.418
Поени од реакции
856
Добро дали не ја погодив вечерта или секогаш е слабо во петок во Расчекор? Полупразна дискотека (Инфинити ни толку немало), а Широк Сокак после 1,30 живо пиле немаше.
Иначе да ги пофалам во кафе Dante, капучиното беше мераци...

Толку од мојата кратка посета кај Конзулите.
Еми не мој цела ноќ да дремат на улица луѓето :).
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.028
Поени од реакции
623
Незнам за Петокот, ама саботата Расчекор беше фул на Бени
 

Вондерфул

Chemical love
Член од
2 јуни 2008
Мислења
251
Поени од реакции
157
Широк сокак и на сред лето, после 1 станва ghost ....place.
 
Z

ziko bt

Гостин
Добро дали не ја погодив вечерта или секогаш е слабо во петок во Расчекор? Полупразна дискотека (Инфинити ни толку немало), а Широк Сокак после 1,30 живо пиле немаше.
Иначе да ги пофалам во кафе Dante, капучиното беше мераци...

Толку од мојата кратка посета кај Конзулите.
Инфинити иживеано е веке никој не му оди мада дискотеката според мене е најспремна во Битолава,ама се зависи и од луѓето шо ја водат,иначе ако ти беше да најдиш полно место за после полноќ требаше да одиш во Позитив мада некад разбрав праеле проблеми т.е не пуштале ако не си редовен или така нешто,а за на Широк Сокак незнам шо очеквате да прат луѓето после 1саато та е шемата и налето до толку сато се врти по корзо и после секој си брка работата
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.028
Поени од реакции
623
Поставен споменикот за загинатите битолски бранители
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.296
Поени од реакции
8.238
Силјан Мицевски ја купи битолската касарна
25 АПРИЛ 2011


На лицитацијата се продаде и локацијата за изградба на хотел, како и за трговски центар. Сопственици на локациите станаа “КАМ маркет“ и еден руски инвеститор, чиј идентитет засега не е познат на битолската јавност.



Во Одделението за локален економски развој во Битола, деновиве вриеше како во кошница. Купувачите на градежните парцели во Индустриската зона “Жабени“ и битолската касарна ги потпишуваа договорите за купените парцели.





И покрај тоа што многумина, а особено опозицијата, гледаа со скепса на можните инвестиции во “Жабени“, сепак ако денот по утрото се познава, Индустриската зона “Жабени“ ќе биде претесна да ги прими сите заинтересирани за купување локации.



Имено, на првото наддавање за првите градежни парцели се пријавија дури 12 инвеститори кои купија вкупно 19 парцели, со што се продадоа првите 25 хектари од вкупните 80. Најголемиот број инвеститори се домашни, но ги има и од странство, пред се од Германија, Италија, Грција, Русија.

Инаку, покрај за “Жабени“ огромен е интересот и за купување локации во мошне атрактивната зона во битолската касарна, каде на првата продажба се продадоа вкупно 10 парцели во вредност од 52 милиони денари.

Имено, деновиве таму се одржаа лицитации. И покрај големата заинтересираност, сите објекти во Касарната, според извори на Битолски весник, ги купи познатиот битолски бизнисмен и екс градоначалник на Битола, Силјан Мицевски, кој беше најповолен понудувач за речиси сите објекти што Министерството за одбрана ги понуди на продажба.

Мицевски стана сопственик на ресторанот “Вардар“, стационарот на битолскиот гарнизон, командата на гарнизонот, стражарскиот комплекс и неколку атрактивни парцели за изградба на станбени згради.

Во врска со купопродажбата на атрактивните локации во битолската касарна, првиот човек на ГП “Пелистер“ Силјан Мицевски, изјави:

-На јавното наддавање во Министерството за транспорт и врски конкуриравме за неколку локации. Не знам точно, но мислам дека купивме пет локации.

На прашањето што ќе се гради на тие локации, Мицевски со одговор:

-На оваа атрактивна локација ќе градиме станбени објекти.

izvor
:nesvest: циле тушникот од што не си знај парите кутриот не знаел и колку локации купил а 100% не знае и колку платил важно да се купи :kesa:

За кој ги градат овие згради ен знам на кој ќе му ги продаваат ? ан ниту збор за фонтаната за плоштадот што требаше таму да биде или за спорски и други објкети ваѓно зградии да се вратат парите а за друго има време :bip:
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.028
Поени од реакции
623
Абе има план за касарната, го има мислам и на интернет мора според планот да гради, тој купил локаците за згради и ке си гради нормално. А ова незнам точно ама мислам 5 локации лудила :)
 

Вондерфул

Chemical love
Член од
2 јуни 2008
Мислења
251
Поени од реакции
157
Лектира се поќе и поќе ми се бендисва. Тапа се луѓето шо не одат.
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Абе новото Портал што е до Симбол вришти:)...иако внатре нема место за една маса билијард,ама барем кафичот има свое реноме во битола и кафичот е динга секој ден:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom