Силјан Мицевски ја купи битолската касарна
25 АПРИЛ 2011
На лицитацијата се продаде и локацијата за изградба на хотел, како и за трговски центар. Сопственици на локациите станаа “КАМ маркет“ и еден руски инвеститор, чиј идентитет засега не е познат на битолската јавност.
Во Одделението за локален економски развој во Битола, деновиве вриеше како во кошница. Купувачите на градежните парцели во Индустриската зона “Жабени“ и битолската касарна ги потпишуваа договорите за купените парцели.
И покрај тоа што многумина, а особено опозицијата, гледаа со скепса на можните инвестиции во “Жабени“, сепак ако денот по утрото се познава, Индустриската зона “Жабени“ ќе биде претесна да ги прими сите заинтересирани за купување локации.
Имено, на првото наддавање за првите градежни парцели се пријавија дури 12 инвеститори кои купија вкупно 19 парцели, со што се продадоа првите 25 хектари од вкупните 80. Најголемиот број инвеститори се домашни, но ги има и од странство, пред се од Германија, Италија, Грција, Русија.
Инаку, покрај за “Жабени“ огромен е интересот и за купување локации во мошне атрактивната зона во битолската касарна, каде на првата продажба се продадоа вкупно 10 парцели во вредност од 52 милиони денари.
Имено, деновиве таму се одржаа лицитации. И покрај големата заинтересираност, сите објекти во Касарната, според извори на Битолски весник, ги купи познатиот битолски бизнисмен и екс градоначалник на Битола, Силјан Мицевски, кој беше најповолен понудувач за речиси сите објекти што Министерството за одбрана ги понуди на продажба.
Мицевски стана сопственик на ресторанот “Вардар“, стационарот на битолскиот гарнизон, командата на гарнизонот, стражарскиот комплекс и неколку атрактивни парцели за изградба на станбени згради.
Во врска со купопродажбата на атрактивните локации во битолската касарна, првиот човек на ГП “Пелистер“ Силјан Мицевски, изјави:
-На јавното наддавање во Министерството за транспорт и врски конкуриравме за неколку локации.
Не знам точно, но мислам дека купивме пет локации.
На прашањето што ќе се гради на тие локации, Мицевски со одговор:
-На оваа атрактивна локација
ќе градиме станбени објекти.
izvor
:nesvest: циле тушникот од што не си знај парите кутриот не знаел и колку локации купил а 100% не знае и колку платил важно да се купи :kesa:
За кој ги градат овие згради ен знам на кој ќе му ги продаваат ? ан ниту збор за фонтаната за плоштадот што требаше таму да биде или за спорски и други објкети ваѓно зградии да се вратат парите а за друго има време :bip: