Негледам што ти е поентава со "немоќта да се одговори", за прашање кое апсолутно нема допирни точки со овој подфорум. Значи веќе потенцирав дека атеистите имаат идентичен - ист став единствено за тоа што и ги прави атеисти - неверување во богови! За се останато може да се согласуваат, несогласуваат, да знаат или да незнаат одредени работи.
Ако некој атеист незнае географија и неможе да го најде Осло на карта, што ќе докаже таа немоќ да се одговори од негова страна?
Абиогенезата нема врска со религија, исто како што и географијата и Осло немаат! Така да...стварно не ја гледам поентава во случајов.