Прашања до Атеистите II

Член од
25 декември 2011
Мислења
404
Поени од реакции
185
Постои ли Бог? Да, Не, Не знам или Не ми е гајле.
Доволно е.
Не е фер малце да прашуваш за Бог пред да го дефенираш тој поем. Што е Бог? За секого е различно - за некој тоа е добар чичко на небото, а некој дека е магаре од камен.
На кој Бог мислиш?
Ако ке прашаш за христијански бог - не.
Ако ке прашаш за мусулмански бог - не.
Ако генерално да земеме Бог - како некоја разумна виша сила што го креираше универсумот и на некој начин го контролира - ке ти кажам незнам.
Но најверојатно не, затоа што до сега не биле најдени некој потврди на такво нешто.

И тоа е еден од фундаметнални прашања, слично како дали универсумот има крај, и т.н.на кој најверојатно никогаш нема да се најде одговор.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Теизмот и Атеизмот не се последица на емпириско иследување, тоа се појдовни позиции.

Затоа подобро е да се каже: јас верувам дека не постои Бог, или дека постои..ВЕРУВАМ. Не можам да знам.

Легитимната позиција е Агностицизам. А тоа е НЕ ЗНАМ. НЕМАМ ДОКАЗИ.

Тоа е најсоодветна легитимна рационална артикулација со која би можеле да се сложат теистот и атеистот.
Атеизмот не е појдовна позиција, туку е реакција на теизмот.
Атеизмот не се базира на верување во непостоење, се базира на скептицизам, нема доволно докази за верување, така да го отфрлам верувањето.
И не мешај гностицизам со теизам, тоа се одговори на две сосема различни прашања, ова сме го разглобувале едно милион пати на подфорумов.
 
GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Ќе дојде време каде што планетата нема да може да се одбрани од никакви катаклизмични прогнози и закани.Во Октривението пишува дека доаѓа време пострашно од било кога,затоа што следи период на конечното воведување ред на земјата од страна на Бог..
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.192
Некои сметаа дека прашањево е поставено на несоодветна тема, затоа го препоставувам тука.
До атеистите, како со свои зборови ја објаснувате абиогенезата, и по која причина ја сметате како порелевантна логика во однос на созданието Адамово, за настанување на жива од нежива природа.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.992
Тоа значи дека не можеш да препознаеш нечии мислења ако ти смени ник.:)

Не е Гурџи, ако мислеше на него.

Човекот се обиде да те разубеди, но попусто. Сфати дека си безнадежен случај, најверојатно.

Инаку, дали приметуваш откако Гурџи се тргна од форумов, повеќе нема сериозна дискусија на религија форумов.
Оди на темата Телема, таму тој престојува.

Не, тоа значи дека од него може се да се очекува, башка пречесто менува и никови. Но јас си останувам на ставот дека овие нешта не може на еден атеист да му ги рече во очи. Сложил ти или не. :)

пи.ес. Тој долго негираше дека Сидарта3 е негов нов ник.
пи.ес.ес. Ќе можеш ли малку да го разјасниш третиот пасус. :)
 
D

Daedalus

Гостин
Од сеа па натаму, сите религија/кредибилитет на истата вс атеизам дебати ќе се одвиваат тука, а секој пост кој не е стриктно прашање/одговор ќе биде соодветно казнуван и бришен. Продолжете ги дебатите таму и прочитајте ги прво правилата.
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.192
Бидејќи на прашањето за абиогенеза немате познавања,и го игнориравте прашањето, освен Ipsissimus(кој сепак даде мислење но сепак не за абиогенезата).
Прашањето ми е кој од овие теории за настанокот на животот ја сметаате најрелевантна и како ја објаснувате со свои зборови?
-Биохемичната еволуција
-Стационарна состојба на животот
-Примоидалниот буљон
-Панспермија
-Спонтаното самозодавање.
-нешто трето кое?
 
Последно уредено:

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Бидејќи на прашањето на абиогенеза немате познавања,и го игнориравте прашањето, освен Ipsissimus(кој сепак даде мислење но сепак не за абиогенезата).
Прашањето ми е кој од овие теории за настанокот на животот ја сметаате најрелевантна и како ја објаснувате со свои зборови?
-Биохемичната еволуција
-Стационарна состојба на животот
-Примоидалниот буљон
-Панспермија
-Спонтаното самозодавање.
-нешто трето кое?
Прво, на грешна адреса ти е прашањево. Атеизмот е НЕ верување во богови. Ова се научни/квази научни теории кои само заради тоа што не се вклопуваат во верничкиот видокруг одма се атеистички и еве нив ќе ги прашаме. Не секој атеист е научно поткован, но тоа не го прави помалку атеист.
Но еве ќе ти дадам дел од одговорот, колку да не ти пропадне прашањето, убаво прашање, но грешна тема си одбрал.
Панспермиа НЕ е теорија за настанакот на животот, него теорија за можното распространување на животото низ универзумот, и ги има 5 начини на нивно распространување. Така да ова отпаѓа од прва
Првото и третот имаат некаква логика, иако полна со дупки, а другото е глупост
 
Јас никаде непишав што е, што не е, атеизмот тоа вие си знаете/незнаете. Туку прашав бидејќи многу од атеистите се ослонуваат на науката.
Прашањето е како ги објаснувате и која е најрелевантна, а не како ги квалифицирате.
Сите се научни, некои актуални, некои минато.
За панспермијата во ред, ќе беше на место ако прашањето беше како го објаснувате настанокот на животот на земјата.
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Јас никаде непишав што е, што не е, атеизмот тоа вие си знаете/незнаете. Туку прашав бидејќи многу од атеистите се ослонуваат на науката.
Прашањето е како ги објаснувате и која е најрелевантна, а не како ги квалифицирате.
Сите се научни, некои актуални, некои минато.
За панспермијата во ред, ќе беше на место ако прашањето беше како го објаснувате настанокот на животот на земјата.
Е така веќе сосема друго прашање се добива. Кога се прашува/одговара, треба да се биде детален, прецизен, конкретен, во спротивно бадијала дискусија
Како такво прашање тогаш и панспермијата може да биде земена во предвид.
е сега, која од овие Е, а која НЕ е работа на лично убедување и сфаќање. Убаво си назначил, “теорија“, значи допрва треба да се дознае. А во зависност од личните преференси, научникот ќе истражува за таа теорија и ќе докаже/побие со докази истата.
Моите лични преференси не спаѓаат во набројаното.
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Затоа има точка - разно.
ДА, има, и ако сакам да ги вулгаризирам своите размисли (а морам за да можете барем малку од малку да сфатите) за да ги опфатам во 1-2-3 збора ќе се сведе на матрикс, лабораторија, енергија и мултиверзуни/паралелни универзуми. Обрати внимание на зборот “вулгаризирам“. Да не биде после не видов. И толку за ова од мене. Понатаму веќе нема поента, пошто не е ова стриктно поврзано со атеизмот.
 
Поврзаноста ја опишав, а и прашањето е со таква насоченост(како ја објаснуваат атеистите...).Последната точка (да појаснам дополнително)која е научната теорија за настанокт на животот, која според атеистите е најрелевантна, најприфатлива. За лични мислења за настанокот на животот не сум прашал.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Поврзаноста ја опишав, а и прашањето е со таква насоченост(како ја објаснуваат атеистите...).Последната точка (да појаснам дополнително)која е научната теорија за настанокт на животот, која според атеистите е најрелевантна, најприфатлива. За лични мислења за настанокот на животот не сум прашал.
Атеистите не се истомисленици за се и сешто па да имаат ист став за било што друго освен за тоа што ги прави атеисти - "неверување во богови", за се останато може да имаат различни ставови, мислења и знаења.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom