Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Чекај да се уклопи..И Бензема во Лион даваше по 30-35 гола во сезона,па во Реал неможе 15 да даде..И со Бејл исто..Милан оваа сезона ќе бидат во топ 3 во Италија гарант..И плус Лопез се повреди на оваа утакмица,ја истегнал задната ложа..И на првата пријателска утакмица Лопез прими гол од преку 30 метри,али ќе се управи,човекот е ѕвер..
Телензема 5 сезони во Лион:
1. 0 гола
2. 4 гола
3. 9 гола
4. 31 гол (20лига,7куп,4лш)
5. 23 гол (17лига,1куп,5лш)

Последните 2 сезони во Лион му се најдобри во неговата кариера општо ко играч :D
 
Поздрав од Лопез :D
BxhzrYzCAAAClC4.png

https://vine.co/v/OajEqYK7hgO

Позз :D
 
Дај бре љуѓе да собереме пари да му дадеме на Бејл да се потшиша неможам да го гледам повеќе таков од ко е пушти косава формава нула му е ХАХАХАХААХА :D
 
ACS ha firmado el contrato de construcción y posterior concesión de la que constituye su primera autopista en Colombia, un proyecto que se adjudicó el pasado mes de junio por un importe de 1.790 millones de pesos (unos 692 millones de euros), según informó la Agencia Nacional de Infraestructura de Colombia (ANI).

брм, брм. :нинџ:

Фирмата на Флоро ќе гради автопати у татковината на Џамес за... не ви треба превод за цената. :D

Ситна роба, тендерчиња. :icon_lol:
 
Карло Анчелоти на пресконференцијата пред утрешниот натпревар против Базел во лигата на шампионите.

"Овој натпревар доаѓа во прав момент за нас. Очекувам реакција од фудбалерите и добра партија.
Важно е да започнеме со позитивен резултат.
Оваа сезона ке бидеме конкуренти и ке се обидеме да ја одбраниме титулата."

За противникот: "Базел е екипа која игра многу добар и динамичен фудбал, поседуваат јасно дефиниран стил на игра , нема да биде лесен натпревар. Мораме да одработиме добро на теренот за да забележиме победа."

Физичката спремност на екипата: "Ни треба уште време да дојдеме до оптималната форма , посебно фудбалерите кои ни се придружија крајот на јули/август".

Проблемот со прекините: "На предходните натпревари имавме проблеми со покривањето на прва статива по прекините, моментално работиме на тоа и пробаме да се подобриме во тој сегмент."

Од почетокот на новата сезона тема број еден во Реал Мадрид е прашањето околу голманската поцизија, но ваквиот расплет на настаните очигледно му дојде преку глава на Карло Анчелоти кој испрати јасна порака до медиумите.

Искусниот Италијанец потенцираше дека во текот на оваа сезона повеќе нема да одговара на прашања поврзани за голот на Реал Мадрид, бидејќи според него оваа дебата го следи уште откако пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ минатата година.
- Оваа дебата за мене е завршена. Сакам да бидам јасен, а нека ви биде и на вас. Во нашиот тим не постои дебата околу голманската позиција и затоа нема да должам. Оваа сезона никогаш повеќе нема да зборам за голманите, - изјавил Анчелоти кој е убеден дека Икер Касилјас ќе знае како да се справи со неочекуваните свирежи од „Сантијаго Бернабеу“.
- Касилјас има големо голманско искуство и неверојатен карактер. Тој добро ги познава ваквите ситуации и сигурен сум дека без проблем ќе се справи со истите, - додал Италијанецот на денешната прес-конференција во пресрет на дуелот од Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и Базел кој е закажан за утре во Шпанија.

-а убаво би било и ние да прекинеме со оваа дебата за икер и навас :)
 
Последно уредено:

Таа дебата ја наметна Мурињо,(Лопез е подобар,Икер е за на клупа, и ред други работи,со што ја нарушија рамнотежата у тимот) единствена причина поради која го мразам и како тренер и како личност е што ја поеба традицијата во Реал,и на Икер општо..После повредата Икер требаше да си се врати на голот,а не Лопез..Затоа таа слаба игра на светското,и на почетокот..Едноставно Икер е цар..
 
Апропо, ако Карло сеа почне да го игра Навас и го седне Касиљас на клупа, ќе го мразиш и Анчелоти?
 
Сега ќе биде горе-доле оправдано,поради тоа што во целата таа мешаница која ја направи Перез со продажбата на клучните играчи целиот стап го крка Икер..Нека проба бе и со Навас на голот,пак ќе биде исто,Навас неможе да отиде и да даде гол,тоа треба Бензема,Бејл,Хамес,нели за тоа ги носи Не се проблем голманите,туку играчите пред нив,посебно во нападот и центарот..Иначе на прашањево,Нема да го мразам оти Икер бранеше во Купот и ЛШ и таму освоивме титули,а во времето на Мурињо,сите утакмици ги бранеше Диего..
 
Таа дебата ја наметна Мурињо,(Лопез е подобар,Икер е за на клупа, и ред други работи,со што ја нарушија рамнотежата у тимот) единствена причина поради која го мразам и како тренер и како личност е што ја поеба традицијата во Реал,и на Икер општо..После повредата Икер требаше да си се врати на голот,а не Лопез..Затоа таа слаба игра на светското,и на почетокот..Едноставно Икер е цар..

Касиљас не беше седнат на клупата во ерата на Мурињо затоа шо е слаб голман, туку затоа шо правеше работи кои не му доликуваат на капитен на еден клуб и мораше на некој начин да биде казнет. Мурињо си е Мурињо и го направи тоа во негов стил.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom