Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Да де, вие знаете дали Икер поставувал услови, блиски другарчиња сте.
Можда све ова е по ќејф на Перез бе, од кај знаете? Може за мир у куќа (не у соблекувална, туку помеѓу навивачите кои без разлика на се го гледаат Икер како прва опција) се реши да го продаде Лопез. Од кај сте толку сигурни дека Икер врши притисок да биде прв голман??
На крај му ја префрливте вината и за тоа што навивачите го поддржувале него место Лопез. Ко од вчера да навивате за Реал па не знаете колкави слепци се.
Како сакате, ама мислим дека и премногу читате шпански "Свет" у врска со све ова, па носите заклучоци за кои ни самите не сте сигурни. Нека ви биде.
 
994492_376483569171577_1192618886094194184_n.jpg

Коментари не се потребни...

Porano ne igraa site za da mu namestat na Ronaldo
 
Porano ne igraa site za da mu namestat na Ronaldo
Али порано тимовите во Шпанија играа отворен фудбал безразлика на противникот а сега играат дефанзивно што е многу потешко да ги разбиеш и гол да им дадиш :)
 
Карло го менува системот во 4-4-2?

Карло Анчелоти е голем фанатик на рамнотежата и знае дека, во моментот, на Реал Мадрид му е повеќе од потребна бидејќи новите играчи сеуште се адаптираат на нивните ролји, а оние кои беа тука треба да ги асимилираат новите индикации. Затоа италијанскиот стратег има во план да игра со формација 4-4-2 на теренот за да биде засилен средниот ред.

Борбата на средината на теренот на дербито против Атлетико Мадрид ќе биде од клучно значење, а Анчелоти не сака „јорганџиите“ да имаат нумеричка супериорност. Затоа би можел да излезе на Бернабеу со формација 4-4-2 со Модриќ, Крос, Хамес и Бејл во средината на теренот, т.е. велшанецот ќе се врати поназад за да и помогне на екипата да биде побројна во средината и евентуално да пристигне во опасната зона без да го следат противничките дефанзивци.

Минатата сезона, Анчелоти го пронајде добитниот систем за да Реал Мадрид функционира перфектно со 4-3-3, а оваа сезона е во потрага по рамнотежата. Неговиот омилен систем е споменатиот, но не би имал ништо против да го користи и 4-4-2 за да екипата добие на рамнотежа.[DOUBLEPOST=1410551120][/DOUBLEPOST]
10649755_821167561259305_253900248890418893_n.jpg

" Дури и да играте на небото, ние би умреле за да можеме да ве бодриме"
- кореографијата која се спрема за утрешното дерби со Атлетико.
 
Последно уредено:
Карло изјави денес дека нема да менува многу во поглед на формацијата, т.е., кога Реал ќе напаѓа ќе се оди на 4-3-3 а ќе се брани со 4-4-2 формација. Она побитното од денес е дека нема да ги менува позициите на играчите, така да единствено двоумење му е она за десната бековска позиција.

Најверојатно
---------Касиљас----------------
Арбелоа-Рамос-Пепе-Марсело
Бејл-Крос-Модрич-Хамес
--------------------Роналдо-------
--------Бензема--------------------
:facepalm:
Ќе тера вака до ноември и откако ќе ги изгубиме сите утакмици против појаките екипи може ќе му текне да смени нешто. Мислам дека и годинава нема да освоиме ЛаЛига, за Копа и ЛШ ваљда ќе измисли нешто.
 
Сфатете дека со Карло како и лани и оваа година ќе нема стандарден состав.Една утакмица Коентрао,друга Марсело.Една Арбелоа,друга Карвахал.Една Касиљас и Бензема,друга Икер и Карим.Такво време е..
 
Чичарито утре дава гол..
Пишете си ..добра пара ќе земeте :) :)
 
Сфатете дека со Карло како и лани и оваа година ќе нема стандарден состав.Една утакмица Коентрао,друга Марсело.Една Арбелоа,друга Карвахал.Една Касиљас и Бензема,друга Икер и Карим.Такво време е..
Лани имаше стандарден состав. ББЦ Модрич Чаби ДиМарија Дани Рамос Пепе Коентрао (откако се опорави). Овој состав играше 90% од времето, секако откако сфати дека е најуспешен после 3-4 месеци. Затоа и на крај беа прегорени некои од играчите.
Не е проблем ротацијата, проблем е формацијата. Му фали играч со различни карактеристики од сите оние што ги имаме моментално, за да го фура ланското. Особено кога Иљараменди не го смета ни за жив. Ако не почне утре тогаш нека го шитнат уште зимото, заедно со Кедира.
 
- Да бидеш добар капитен значи да поставуваш услови „Тренерот или јас“ ако тој те седне на клупа заради лоша форма, да поставиш услов „Или вториот голман или јас“ иако два тренерски тима велат дека другата опција е подобар избор, да и кажуваш информации од соблекувалната на жена ти која е новинар, да му ставаш гел на фризурата на Чави, за репрезентација да играш со мотив наспроти игрите за клубот, да играш 15 години со Пујол а да не научиш како е да се биде капитен во најголемото фудбалско ривалство од него, да бидеш раскаран со пола играчи, да браниш како прв голман иако си во катастрофална форма, да примиш мал милион голови по твоја вина а никој да не ти замери, да имаш една јака интервенција како во старите денови и одма да почнат да те величат медиумите и фановите. - Икер Касиљас.

Мурињо претера со хејтањето на Барса, Ел Класико го направи ринг ММА, не гледам јас ништо лошо да Икер има односи со колеги од репрезентација, сепак 15 години играат заедно имаат освоено светско првенство две европски.. значи според тебе треба да се хејтаат да се тепаат тоа ти е вистинско ривалство ? Сепак е само игра и само спорт :)
 
разликата беше што секогаш кога Чави даваше изјави за новинарите,играчите на барселона беа секогаш на прво место..
Секогаш,ама баш секогаш...И за Меси и за сите

А Икер само еднаш(од кога имаше притисок од новинарите дека бил скаран со Роналдо) излезе во јавноста да каже дека Роналдо е најдобар...во тој стил...

Шо демек Чави кога ги бранеше неговите секогаш беше во право? -Не!

Туку тука се подига тимскиот дух,другарство,ова она,и тимот функционира подобро...
Многу од вас имате ваљда играно професионално фудбал барем малку,и знаете што значи вашиот капитен да ,,ве брани,,, т.е. да дава секгаш пофалби за вас... и што значи капитенот ваш да вика дека вашите најголеми ривали се супер дечки,најдобри..ова она...

Тоа е поентата...кој разбра-разбра..кој не-ич не ми е брига :D :D
 
ехејј можда 10 страни со ред се расправаме за Икер ко божем кизнај шо згрешил ко 10 титули да сме изгубиле ради него човек е сите сме грешни све ќе се поправи вечер најважно е да победи Реал др све небитно е :D
 
ехејј можда 10 страни со ред се расправаме за Икер ко божем кизнај шо згрешил ко 10 титули да сме изгубиле ради него човек е сите сме грешни све ќе се поправи вечер најважно е да победи Реал др све небитно е :D
Истото попот ми го рече сабајлево ко го прашав,сакаш верувај сакаш не:D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom