Виноскоп 2014 од 24 до 28 Септември

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Виноскоп 2014!!!

Традицијата продолжува и оваа година, по осми пат – реномираниот фестивал кој ја исполнува културно - уметничката емоција на градот Скопје – „Виноскоп“. Од 24 до 28 септември со нова локација, на плоштадот „Карпошово Востание“ помеѓу музејот на холокаустот и музејот на македонската борба. Дојдете да ги доживеете урбаните приказни во придружба со убавите македонски вина и деликатесна храна.
Започнете ја есента со божествениот напиток - виното. Љубителите ќе можат да одберат од широкиот спектар на вински сорти на повеќе од 30 домашни винарии. Уживајќи во чаша добро вино надополнето со убава музика, гостите повторно ќе бидат дел од уникатниот позитивен импулс на фестивалот.

„Виноскоп 2014“ – приказна за Скопје која не смеете да ја пропуштите.
https://www.facebook.com/events/1535153116715613/?ref_newsfeed_story_type=regular
 
a програма за глазба ,или рано е !?!?!? Битно да се дешава нешто :icon_lol:
 
Од 24 до 28 септември со нова локација, на плоштадот „Карпошово Востание“ помеѓу музејот на холокаустот и музејот на македонската борба.


lmpiiw.jpg


Каде се наоѓаат овие објекти :pos:
 
Плоштадот Македонија е градилиште поради фонтаната која се гради веројатно затоа го преместиле.
 
Последно уредено:
lmpiiw.jpg


Каде се наоѓаат овие објекти :pos:
кај фонтаните на мајките со децата и Филип Втори и музејот на евреите од другата страна на камени мост накај чаршија. Кај што зуе постојано.;)
 
Ебате датумите, ќе треба одмор да земам за да идам на виноскоп :tapp:
 
На сета оваа прашина што ја дига Скопје 2014 во последниве 4-5 години не очекував ваков коментар.

Тука ќе биде, инаку.
Не ни сакам да ги знам имињата на градбите, доволно страдам што ги гледам, уште да паметам која каква намена има и како се вика :icon_mrgr:

Се кладам дека 90% врска нема да имаат ако им кажеш плоштад Карпошово востание (wtf?). Доволно е да се каже после Камени, на патот накај Чаршија :icon_mrgr:
 
Како ми се оди на настанов. Штета што си ги потрошив сите дена од одморот:)
 
ска панк бендот Офчестра од Приштина...
Баш да видам колку косовариве се понапредни од културен и музички аспект од останативе сограгани од Македонија и Албанија. :icon_lol:
 
Ги набројале само, не дај Боже ќе отидеш и ќе ти се погоди Благица Павловска ќе треба на бајачки да те носат после. :D
Што и фали на Благица бе? @Pillow Queen
@Ilumious дај му бан на две години за ваква страшна навреда во името на нашата другарка.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom