Теутонци

IzzY_R0CkeR59

аудофил, металофил, емофил, чоколаденфил
Член од
9 септември 2014
Мислења
118
Поени од реакции
31
Возраст
33
Локација
Каде ти, Таму и јас
Дали некој некогаш слушнал за племе/народ наречени Теутонци?Ако одговорот е да,тогаш би сакал да дознаам нешто за нив
 
Па... да. Тоа е германско племе, првпат забележани во историските извори во времето на Гај Мариј, за време на неговите воени реформи. Едни од првите германски племиња кои активно ќе ги напаѓаат Римските граници, (заедно со другото племе Кимбри) но ќе бидат поразени, иако Римјаните на почетокот ќе претрпат тешки порази. Всушност, оваа војна е еден од "тестовите" на реформата на Гај Мариј која ќе му дојде на него како кец на десетка. Поразите се забележани кога тој не е на чело на одбраната, а кога ќе застане против нив со неговата реформирана војска, победата само ќе го зацврсти неговото место и неговата реформа ќе биде се поприфатена во Рим и само ќе му се зголеми славата. Одлучувачки битки кај Аква Секстија и Веркела во 102 односно 101 година. По поразот, владетелот им бил заробен, а наредено било 300 жени да се предадат како Римски робинки. Не сакајќи ова да се случи, жените извршиле масовно самоубиство.

Изворите за ова племе потекнуваат исклучиво од Римски автори, затоа и како што можеш да видиш се ова е напишано од Римска гледна точка.
 
Jaс ги знам пошто на времето на Age of Kings само со нив играв, имаја многу јака единица elite Teutonic Knight. Исто ми се чини и една од кампањите со нив беше :)
 
Дали некој некогаш слушнал за племе/народ наречени Теутонци?Ако одговорот е да,тогаш би сакал да дознаам нешто за нив

А ако никој неслушнал? Има еден вебсајт се вика google.com и е доста корисен кога ти треба некоја информација.
 
За генетските тестови за Република Македонија ,Теутонците се втор по ранк учество за градење на потеклото на Македонците ,после Античките Македонци според првата студија на Complutense University of Madrid(еден од најстарите универзитети во светот) и во втората студија на IGenea ...
 
Фала Рики затој што и мене порано ме копкаше кои су они и од куде потекнуеф, кој век су се развивале и слично. Ама никад не сам имаја прилику да прашам, а и забравија сам да потражу на интернет.

Ја Теутонци ги знам од Ејџ оф Емпајарс, мноо незгодан народ бесфа, јака цфрста пешадија сс големи мантили и големи мачеви,
 
Не сум играл Age of Empires, такада не сум сигурен за кои станува збор. Пошто овие Теутонци, како племе, се германско племе забележувани во антиката. Е сеа Тевтонскиот Одред, односно Тевтонските Витези, се посебен Германски средновековен одред, крстоносци кои го проширувале Католицизмот. Најзабележани дејствија околу Литванија и Полска, кај што го истребувале паганизмот. Нив знам дека ги има на Medieval Total War: Kingdoms :D Не знам зошто и тие го зеле тоа име (лупам сеа по претпоставка дека се повикале на нешто од минатото како што обично се прави), али мислам дека ова ми е дел од матерјалот за оваа година на факултет :)
 
Една од омилените фракции на Мedieval иначе имат посебен пач
"Medieval Total War-Teutonic"
 
Jaс ги знам пошто на времето на Age of Kings само со нив играв, имаја многу јака единица elite Teutonic Knight. Исто ми се чини и една од кампањите со нив беше :)

Фала Рики затој што и мене порано ме копкаше кои су они и од куде потекнуеф, кој век су се развивале и слично. Ама никад не сам имаја прилику да прашам, а и забравија сам да потражу на интернет.

Ја Теутонци ги знам од Ејџ оф Емпајарс, мноо незгодан народ бесфа, јака цфрста пешадија сс големи мантили и големи мачеви,

Една од омилените фракции на Мedieval иначе имат посебен пач
"Medieval Total War-Teutonic"
da i jas gi znam od tie igri i zatoa prasuvam xD
 
На македонски се ТеВтонци.

Едно од бројните германски племиња, покрај Готите (Остроготи и Визиготи), Кимбрите, Квадите, Маркоманите, Саксонците (Саси - Саса :) ), Франките, Вандалите, Англите итн.

За германските племиња, прилично воопштено и непрецизно известува Такит(Тацит) во неговата „Германија“, (која едно време се продаваше по книжарниците заедно со „Агрикола“ за смешна сума, 50-100 денари) ама ако добро се сеќавам таму има многу малку или нималку за Тевтонците.
 
Наводно 20% од денешните Македонци на територијата на РМ имаат тевтонски гени (иГенеа).

p_map05large.jpg
 
Кога се вика тевтонски гени, мислам дека се мисли на сите германски племиња. Пошто ако не се лажам некогаш со "Тевтонци" се ословуваат општо германските племиња или во денешно време Германците.
 
Не сум играл Age of Empires, такада не сум сигурен за кои станува збор. Пошто овие Теутонци, како племе, се германско племе забележувани во антиката. Е сеа Тевтонскиот Одред, односно Тевтонските Витези, се посебен Германски средновековен одред, крстоносци кои го проширувале Католицизмот. Најзабележани дејствија околу Литванија и Полска, кај што го истребувале паганизмот. Нив знам дека ги има на Medieval Total War: Kingdoms :D Не знам зошто и тие го зеле тоа име (лупам сеа по претпоставка дека се повикале на нешто од минатото како што обично се прави), али мислам дека ова ми е дел од матерјалот за оваа година на факултет :)
За болдот поточно можеш да се изразиш : кај што го истребувале словенското родноверство и им го наметнувале католицизмот . ;)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom