ОК, супер е ова за почеток
Сега, која е разликата во Васил и Златоуст?
Потоа, извршувачот, еден или може повеќе? Ко на свадба на пример што прават и до 5-ца.
Зошто е потребно тоа надополнување? Која е улогата на извршувачот, а која на хорот?
Кога за прв пат се појавила литургијата?
Кој ја вовел?
Колку свети тајни има?
Дали во библијата е опишана литургијата?
Дали има исповед и дали е истото запишано во библијата?
Ако НЕ, тогаш како се има појавено?
Претерав со прашањава, ..... но нека стојат како патоказ, па да почнеме со првите 3 е сосема доволно
- Разликата меѓу литургиите од Светите Василиј и Златоуст не ја знам, ама мислам дека Изгрев ја објасни.
- Една литургија води еден свештеник. Можат да бидат присутни и други парохиски свештеници, но само еден од нив ја служи литургијата: барем така знам и тоа го гледам на литургија.
- Свештеникот и штецот (или хорот) практично „разговараат„ едни со други во текот од литургијата и ја надополнуваат службата како заедница помеѓу овосветовната и Небесната Црква. Пеењето кај луѓето, секогаш е поврзано со вознес на умот кон Небесата а не кон испразни песнопојки.
- Првата литургија е напишана од Св. Ап, Јаков, ми се чини наречен и „брат Господов„, односно еден од синовите од праведниот Јосиф, очувот Исусов.
- Црквата има 7 Свети Тајни: крштевање, миропомазание, брак, исповест, причест, маслосвет и свештенсто.
- Во Библијата е опишано „кршењето леб„, (види во Делата, 2.42), односно причеста, која е придружена со заедничарење, односно еден ран вид литургија.
- Исповеста е дадена лично од Господа: види во Јаков, 5.16., а поврзано со проштевањето на гревовите: види во Јован, 20.23.