Ако може мала помош околу следново:
Имам 2 табели, едната е product, другата е product_special. Во првата имам product_id и price (останатите полиња не се важни), во втората исто така имам product_id и price.
Продуктите што сакам да ги ажурирам се со ID од 73 до 101. Потребно ми е сите продукти што во табелата product имаат цена 29 во табелата product_special да добијат цена 19.95. Мојот упит беше слендиот:
Код:
UPDATE product PRVA, procut_special VTORA SET VTORA.price = 19.95 WHERE PRVA.price = 29 AND VTORA.product_id >=73 AND VTORA.product_id <=101
Кога го извршив ова, сите 28 производи добија специјална цена 19.95 иако требаше само 15 да ја добијат оваа цена.
Потоа пробав со следново
Код:
UPDATE product PRVA, product_special VTORA SET VTORA.price = 19.95 WHERE PRVA.price = 29 AND PRVA.product_id >=73 AND product_id <= 101
Ова пак резултираше со промена на цената на сите производи од табелата product со што сфатив дека ја заебав работата и морав да правам ристор на базата...
Значи како што објаснив, сакам цената на производите од втората табела (кои се со ИД 73-100) да се промени во 19.95 ако цената за истите тие производи во првата табела била 29.