Креационизам наспроти еволуционизам

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување
Повеке би рекол дека постоиме повеке поради садистичката природа Божја.

Хмммм, ова ја‘ ли е од тебе кажано, ја‘ ли е од Ипсис кажано...:icon_lol:

Што е ова на форумов, препишувате едни од други? :icon_lol:
 
На прв поглед, се чини дека Бог е немислостив па не‘ остава да битисуваме некое кратко време на Земјава, по што ни следи неизбежната смрт.

Ај да ги погледнеме работите и на друг начин: тоа што Адам беше истеран од Рајот, има своја причина, а тоа е „некомпатибилноста„ помеѓу идеалните рајски услови и смртта, која е несвојствена за Рајот, но со тоа што Адам умре, смртта стана начин на кој Адама пак можеше да се врати во Рајот, но со претходно (Адамово) покајание, а не со просто физичко враќање од кај што беше истеран.

Како и да е‘, треба да Му бидеме благодарни на Бога за тоа што воопшто не‘ створил и што се погрижил да ни најде начин за наше враќање во заедница со Него.
Зошто да се покае, кога бил невин. Ако едно бебе, кое не разликува добро од зло. И направи некаква штета, што нормално кај една свесна и возрасна поединка- на пр. неговиот татко е нешто ненормално и непромислено (нели според него), ќе го казни ли некако бебето? Не.

Ако човекот не разликува добро од зло, тогаш јас не гледам никаква причина зошто тој би бил казнуван. Тоа правило важи и ден денес што значи дека човекот е многу попаметен, (по)логичар или кратко-интелектуално суштество во однос на твојата (вашата) претстава за поимот Бог. :P
 
- Ако бил невин, немало ни да се кае. Но, Адам плачел пред „оградата„ од Рајот, сеќавајќи се на она кое го изгубил.
- Човекот и тоа како може да разликува добро од зло, ако има референтен систем за истото.
- Дека денешниот човек бил „по паметен„, „по логичар„, „по интелектуален„, тоа е гледање на Светов и животов со розеви очила.
 
незнам дали имате слушнато за ова многу добар документарец, се работи за текстови кои се пишувани кога се пишувала и библијата пример The Apocalypse of Peter (or Revelation of Peter) ама интересното е зошто тие се банирани од црквата, то е то што ме буни зошто текстовите за во библијата се селектирани од кај знат кој се точни а кој не....
 
- Ако бил невин, немало ни да се кае. Но, Адам плачел пред „оградата„ од Рајот, сеќавајќи се на она кое го изгубил.
- Човекот и тоа како може да разликува добро од зло, ако има референтен систем за истото.
- Дека денешниот човек бил „по паметен„, „по логичар„, „по интелектуален„, тоа е гледање на Светов и животов со розеви очила.
- Џабе пишувам. Но ај. Јас не гледам што изгубил!? Добил слобода и се ослободил од тиранијата. Иако е легенда, сметам дека истата треба малку да се “растегне“. Односно, започнал да разликува добро од зло, гледал (сетилото за вид), ја имал Ева до себе, претпоставувам дека верувал во Јехова и понатаму(потсетување, ова е само легенда), и јасно се прикажала ригорозноста на тогашното контање на поимот Бог т.е. немилосрден и спрема луѓето и спрема животните. Зошто животните биле протерани и ако тој го создал човекот по својот лик, по чив лик ги создал животните?
- А тој немал. Туку тој Бог сакал да создаде робот кој ќе ги слушал неговите наредби, а не суштество со емоции (има разлика помеѓу поимот чувство и поимот емоција, морам и ова да го напишам зш ќе се фатиш на тоа добро-лошо).:)
- Јас не носам такви, тие се за спротивниот пол...и за оној Владо Јаневски......но пак на светот гледам поинаку. :P
 
На прв поглед, се чини дека Бог е немислостив па не‘ остава да битисуваме некое кратко време на Земјава, по што ни следи неизбежната смрт.

Ај да ги погледнеме работите и на друг начин: тоа што Адам беше истеран од Рајот, има своја причина, а тоа е „некомпатибилноста„ помеѓу идеалните рајски услови и смртта, која е несвојствена за Рајот, но со тоа што Адам умре, смртта стана начин на кој Адама пак можеше да се врати во Рајот, но со претходно (Адамово) покајание, а не со просто физичко враќање од кај што беше истеран.

Како и да е‘, треба да Му бидеме благодарни на Бога за тоа што воопшто не‘ створил и што се погрижил да ни најде начин за наше враќање во заедница со Него.

Ок. Нека е така.

Јас лично немам ништо против ова објаснување.

Болдот - дали вачинот за враќање у заедница кон него е на некој начин изнуден да биде тој, копј што ти го опишуваш?

Може ли воопшто да понуди друг начин и дали воопшто постои друг начин? Што мислиш ти? А што вели црквата за ова?
 
Хмммм, ова ја‘ ли е од тебе кажано, ја‘ ли е од Ипсис кажано...:icon_lol:

Што е ова на форумов, препишувате едни од други? :icon_lol:

Па ако ти текнува јас овакви карактеристики (комплименти) на/за Бог му давав и пред 2-3 години :P

Така да не е од Ипси
 
Ок. Нека е така.

Јас лично немам ништо против ова објаснување.

Болдот - дали вачинот за враќање у заедница кон него е на некој начин изнуден да биде тој, копј што ти го опишуваш?

Може ли воопшто да понуди друг начин и дали воопшто постои друг начин? Што мислиш ти? А што вели црквата за ова?

Божјата промисла ни вели дека нема втор, трет или десети начин за враќање на човекот во заедница со својот Творец и Спасител.

Многу настани од Новиот Завет се случиле само еднаш и на само еден начин, неповторливо.

Да се потсетиме:
- Христос беше само еднаш крстен,
- Христос само еднаш умре,
- Христос само еднаш воскресна,
- Христос само преку/после смртта и само после воскресението се вознесе оддесно на Отецот.
- Христос само на Апостолите им заповеда да одат, да поучуват и да крштеваат.

И тн.

Така, нештата врзани за Христа ни велат дека начинот на враќање во заедница со Бога е само еден: а тоа е патот по кој и сам Христос помина.

Не можеме да влеземе во Царството Христово „преку трупа„, оти „...облеката ќе не‘ издаде...„.[DOUBLEPOST=1410003639][/DOUBLEPOST]
- Џабе пишувам.

Хммм, ќе морам да се согласам со тебе...:icon_lol:
 
На прв поглед, се чини дека Бог е немислостив па не‘ остава да битисуваме некое кратко време на Земјава, по што ни следи неизбежната смрт.

Ај да ги погледнеме работите и на друг начин: тоа што Адам беше истеран од Рајот, има своја причина, а тоа е „некомпатибилноста„ помеѓу идеалните рајски услови и смртта, која е несвојствена за Рајот, но со тоа што Адам умре, смртта стана начин на кој Адама пак можеше да се врати во Рајот, но со претходно (Адамово) покајание, а не со просто физичко враќање од кај што беше истеран.

Како и да е‘, треба да Му бидеме благодарни на Бога за тоа што воопшто не‘ створил и што се погрижил да ни најде начин за наше враќање во заедница со Него.
Нели бог е семоќен? Како тоа “најде начин“, кога всушност тој така сакал. Да сакал, можел и поинаку да “најде“ начин да се вратиме во заедница со него. Едноставно сака да не јбе у здрав мозок, да си игра играчки со нас (читај измачува).
Хмммм, ова ја‘ ли е од тебе кажано, ја‘ ли е од Ипсис кажано...:icon_lol:

Што е ова на форумов, препишувате едни од други? :icon_lol:
Да, препишуваме. :pos:
Никогаш никаде не сум прочитал ипси да каже дека бог е садист. Напротив, јас го имам тоа кажано во неколку наврати, и лорд. Дури и атеист е многу културен со вас па никогаш го нема кажано тој збор. Исто и дека сите религии после Хиндуизмот се секти. ти лутел/нелутел, тоа е вистината
Зошто да се покае, кога бил невин. Ако едно бебе, кое не разликува добро од зло. И направи некаква штета, што нормално кај една свесна и возрасна поединка- на пр. неговиот татко е нешто ненормално и непромислено (нели според него), ќе го казни ли некако бебето? Не.

Ако човекот не разликува добро од зло, тогаш јас не гледам никаква причина зошто тој би бил казнуван. Тоа правило важи и ден денес што значи дека човекот е многу попаметен, (по)логичар или кратко-интелектуално суштество во однос на твојата (вашата) претстава за поимот Бог. :P
Е ај иди докажи им :eek:
 
Хммм, ќе морам да се согласам со тебе...:icon_lol:
Прв или втор пат во историјата.

Тргнав со многу прост пример. А суштината ми беше развитокот на свеста и совеста (односно појавата, во примерот) кај човекот.
Тоа е исто како и едно лице без совест, да се покае. Каков би бил резултатот? Исто како и во легендата за настанокот на човекот. Ако не разликувал добро од зло, тогаш зошто бил крив? Ќе сакаш ли да ми одговориш на ова прашање затоа што гледам дека малку го заобиколуваш истото. :)
 
Ставот дека Адам е непотребно казнет, оти згрешил а притоа не знаел што е „добро„ а што „зло„ па ради тоа негово незнаење не е Адам виновен, туку сам Бог, оти на Адама не му кажал што е „добро„ а што „зло„, е став кој е повеќе пати поставен на форумов и на кој е повеќе пати одговорено.

Да поедноставам.

Адамовата вина е повеќе слојна, па така:
- Адам не Го послушал Бога, туку ја послушал жена си, а посредно, преку жена си, ја послушал змијата, а посредно, преку змијата. Адам го послушал самиот ѓавол,
- Адам не направил правилна одлука, па наместо да Го одбере Бога Творецот, го одбрал творението.
- Адам имал избор: Бог или нешто што е надвор од Бога.
- Адам имал слободна волја на избор и одлучување.
- Адам бил облагодатен и веќе знаел како изгледа битисувањето во Божјата близина.
- Тоа што Адам бил добордушен, простодушен и практично неискусен во осознавањето на „доброто„ и „злото„, не му ја олеснило последицата од неговиот личне избор.
- Но, Божјата промисла нашла начин на кој Адам пак можел да се врати во Рајот: преку покајанието и преку смртта.
 
Можеш да наброиш уште илјада причини, ниедна не е одговор. Кого послушал Адам, дали Бог или жена му е тотално неважно, ако оној што бара одговорност од Адам самиот решил да му го ускрати сознанието за добро и зло! Ако не разликуваш добро и зло, неможеш да знаеш што е погрешна а што исправна постапка! Се друго од твоја страна е очајна ментална гимнастика со која сакаш да ја заташкаш оваа контрадикторност.
 
Е ај напиши го точниот одговор, „...живо ме занима...„ како ќе изгледа...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom