Прв или втор пат во историјата.
Тргнав со многу прост пример. А суштината ми беше развитокот на свеста и совеста (односно појавата, во примерот) кај човекот.
Тоа е исто како и едно лице без совест, да се покае. Каков би бил резултатот? Исто како и во легендата за настанокот на човекот. Ако не разликувал добро од зло, тогаш зошто бил крив? Ќе сакаш ли да ми одговориш на ова прашање затоа што гледам дека малку го заобиколуваш истото.
Ставот дека Адам е непотребно казнет, оти згрешил а притоа не знаел што е „добро„ а што „зло„ па ради тоа негово незнаење не е Адам виновен, туку сам Бог, оти на Адама не му кажал што е „добро„ а што „зло„, е став кој е повеќе пати поставен на форумов и на кој е повеќе пати одговорено.
Да поедноставам.
Адамовата вина е повеќе слојна, па така:
- Адам не Го послушал Бога, туку ја послушал жена си, а посредно, преку жена си, ја послушал змијата, а посредно, преку змијата. Адам го послушал самиот ѓавол,
- Адам не направил правилна одлука, па наместо да Го одбере Бога Творецот, го одбрал творението.
- Адам имал избор: Бог или нешто што е надвор од Бога.
- Адам имал слободна волја на избор и одлучување.
- Адам бил облагодатен и веќе знаел како изгледа битисувањето во Божјата близина.
- Тоа што Адам бил добордушен, простодушен и практично неискусен во осознавањето на „доброто„ и „злото„, не му ја олеснило последицата од неговиот личне избор.
- Но, Божјата промисла нашла начин на кој Адам пак можел да се врати во Рајот: преку покајанието и преку смртта.