Не им е удрено ембарго од Абрамович туку решија да ја сменат политиката. Челзи веќе уназад две-три сезони работи со свои пари, впрочем последни пари што беа дадени од Абрамович за трансфер беа оние за Торес, откако се изгоре за него после ја сменија политиката. Ја реформираја Академијата, пола управа, донесоа нови финансиски директори, и со оглед на капацитетот на стадионот во споредба со Јунајтед, Реал, Барса, Челзи работи извонредно на финансиски план баш поради самиот клуб и Управа. Секако тука е Абрамович да финансира трансфер ако има потреба, ама се сомневам дека Челзи ќе се расфрла со пари како Јунајтед летово или минатите трансфери како Торес. Ќе се иде на продавање скапи и непотребни играчи и купување млади играчи и внесување играчи од Академија, баш ова го изјави Мурињо деновиве. Потврда за тоа се Луиз, Мата, Лукаку и остала багра.