Имав сличен проблем во блиско опкружување, проблемот беше свекорот во случајот, а не свекрвата.
Започнаа живот во заедница и веднаш по неколку недели почнал свекорот со "паметни" коментари како снаата спие до пладне, како не направила ручек, како не ги пери алиштата на синот, како седи по компјутер додека тие работат, итн, итн.
Снаата веднаш реагираше до синот и му постави буквално ултиматум ако сакаат да живеат во истата куќа со нив да бидат физички одалечени од старите во најкус можен рок и истите да влегуваат со претходна најава во нивниот дел или пак да си побара нова невеста.
За брзо време со кредити некако оспособија соба и купатило, па пополека си опремија и останати соби како што им се зголеми фамилијата.
Од тогаш немам слушнато никакви поплаки ниту од старите, ниту од младите во врска со слични малограѓански работи.
Во оваа ситуација мора да изреагира твојот сопруг, од причина што проблемот нема да се реши сам од себе како што тој се надева.[DOUBLEPOST=1409909271][/DOUBLEPOST]
Кога ќе ја сфатите жртвата која секоја една мајка ја дала за својот син, сите работи од кои во животот се откажала за нејзиното чеда да стане човек е тогаш поинаков муабет ќе правиме. Мајка е света работа, богиња. Респектот кон неа треба да е како кон светица.
Нит јајца нит бутур, јајца да си купат тие што не ја почитуваат својата мајка и што потпаѓаат под влијание на привремени личности во животот кои заслепени од хормони им ги полнат главите со глупости. Оние што заборавиле кои се, што се и од каде се.
Секој нормален човек си ја почитува својата мајка...Лично би направил скоро се што е возможно за неа, од причина што таа целиот свој живот го посвети на децата и единствена цел и приоритет во живото и бевме токму ние.
Ниту одмори, ниту бутури виде само за да успеа да помогне колку што може...И тоа сега го прави и покрај тоа што на некој начин секој од нас дома си е независен и реализиран како човек и нагласуваме дека треба само да се одмора.
Арно ама ако ги слушавме нејзините совети кои беа кажани во најдобра намера, денес требаше сите дома да седеме покрај неа и чекаме да ни намачка лепче со еурокрем пошто надвор е суров свет.
Ако некоја со кого што се одлучуваш да имаш деца и заеднички живот ја сметаш за привремена личноста во својот живот за празнење на хормоните, а само мајка ти жена вредна за почит тогаш си имаш сериозен проблем со Едипов Комплекс.