Го сакам Ливерпул и сето тоа...ама никогаш нема да дозволам повреда на кој и да е играч да ми го расипи викендот.
Не е дека не ми е мака, ама јебига, повредите се составен дел од фудбалот.
И Овен пишал на твитер дека бил присутен кога се повредил Стариџ, и рече дека би бил изненаден ако Стариџ отсуствува само мал период. Според тоа и според тоа што сеуште никој нема излезено со официјална изјава околу повредата ме наведува на тоа дека повредава нема да е нималку наивна. За жал.
П.С. Знам дека не е моментот сега, ама цело лето тупам дека од Стариџ очекувам БАРЕМ 3-4 пати да се повреди наредната сезона. Тој лани во 40 нецели утакмици, на 3 пати му отиде задната ложа, што да очекуваме кога ќе играме 50+ натпревари.