Не се силам,само тресете глупости.Едно е да те фати професор и еден предмет да влечеш ради него ама да не можеш да пројдеш година и да се вадиш на бирократија,професорите,грујо е идиотско.Здравје ако ме фати на пик ќе се отпишам,нема да си трошам години од животот за џабе.
Али нема поента да се отпишеш послем толку години вложување пари и време во факултетот, од друга страна можеш да го полагаш предметот со комисија, ако те фатил на пик.
Иначе за темава. Најчесто, иако не е правило, тие што учат и се трудат завршуваат на време и со солиден просек, додека пак тие што од ред причини ги мрзи да учат, го влечат факултетот. Али не е генерално правило.
Има ситуации кога фаци ради еден професор (кај мене на факс беше Методија Мирчевски/Ана Лазаревка по хидро и Кандиќан (Кенди) по дизајн на нешто), многу солидни студенти не можат да завршат и има ситуации кога студенти со врски и бубица се провлекле низ годините, а на работа се дрва, дали поради недостаток на пракса, знаења или компетентност за работа. Има секакви примери.
Не дека нема бирократија, врски и мито, али бар според мое искуство, тие што се 10 години на факс, седат на клупички и мрчат за системот, најчесто се мрзи.
Баш знам пример за другар што као 8 години киснеше на електро, фејлаше и мрчеше.
Се упиша на Финки, се напна и почна да учи, ама ептен се стегна и еве го сега све си положува регуларно.
Ипак не треба да се негира дека има ситуации во кои студенти без основ се на пик фатени или едноставно професорот е ретос ко Кенди што проценуваше по фаца дали некој и' изгледа како способен да положи или не. Ако не и' изгледаш „софистицирано“, не те положува. Знам лик што 2 години се мачи со нејзе, знае све, типот и' отиде и кога ја праша дали може
да му даде шанса да полага за да покаже дека знае, типката беше као:
„Колку години чекаш?“
„Две.“
„Епа ајде уште една нема да ти смета.“ буквално пеер со тие зборови го испашка...
Типот беше као, „абе пари ќе ти дадам, 300 евра, 500 евра, колку сакаш, пушти ме само те молам!“ почна нешто да рејџа пошто преку цеф...Што е срање, нема комисија за тој предмет и ликот нема опции. И сеа што, треба цел факултет да го отпише, вложен труд, башка дечкото знае, стварно знае, зошто?
Зошто Кенди е биполарен шизоиден фактард и во деканат се „слепи“ пред проблемот.
Има такви случаи, само општо, најчесто, таа фела од вечити студенти се лежерни флегми.