- Член од
- 3 септември 2010
- Мислења
- 6.592
- Поени од реакции
- 9.230
Не брате Либериј, не така.Тоа што сакаш тоа и го гледаш и претходно ти реков, шо да ти правам.
“Кој има очи нека гледа“...
Дали православието е вистинска религија не зависи од тоа дали неговите свештеници може да послужат како пример на нивните мирјани или не.
Многу луѓе паѓаат во ваква замка и велат како може православната вера да е исправна, погледај ги поповите какви материјалисти се, крадат, лажат, ги кршат постовите, промискуитетни се.
Имаше истражување пред еден месец, мислам, дека во Македонија секој трет доктор пуши тутун. Дали медицината кажува дека тутунот е штетен? Да!
И секој од нас знае дека тутунот е штетен иако можеби си нема поим од медицина.
И никој нема да рече дека не е штетен бидејќи докторите пушат и знаат медицина повеќе од него.
Тоа што докторите пушат тутун не ја намалува или поништува неговата штетност.
Значи, ти нема да пушиш тутун ако се грижиш за своето здравје, иако си лаик по медицина за разлика од докторите пушачи.
Истата аналогија ти е и со поповите и православието.
Тоа што некој доктор кој можеби ја има медицината во малиот прст сака да се труе со тутун, не значи дека треба да го следиш.
И тој доктор не ја прави медицината неисправна наука, ниту може да ја девалвира со своето однесување.
Тоа што некој поп е неморален, не значи дека треба да го следиш.
И тој поп на ја прави православната вера неисправна, ниту пак може да ја девалвира со своето однесување, согласно погорната аналогија.
Последно уредено: