Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Ама исто глупи се спордбите што ги правите и за ЛШ. Фалкао има 8 настапи ЛШ, значи тоа иде една сезона. Тие треба да му се во Порто така? Значи таму играл ЛШ, играл и Лига Европа и реално беше најзаслужен за освојување на таа титула. И последната сезона од Порто се пласираа за наредната (значи 2 пати им помогнал да се пласираат), ама ете замина во Атлетико кој тогаш немаше обезбедено пласман. Првата сезона им носи Лига Европа и на нив, ама реално слаби беа во Ла Лига. Втората им помага да се пласираат во ЛШ, арно ама пак оди во Монако. Тие па само што се враќаат од втора и исто им помага да се пласираат во ЛШ. И пак место да игра ЛШ прави трансфер, овој пат во Јунајтед, кои исто немаат обезбедено пласман. :D Сеа на нас нека ни го донесе купот и нека ни помогне да играме ЛШ догодина, па после ќе ако го откупиме ќе си игра конечно наредна. :D

Филозофирањето ми е, тој минимум уште 3 сезони можел да си игра ЛШ, ама правел трансфери. Тоа немора да значи дека е лош играч, само оти има многу јак агент кој прави пари од него. :D

:)
не ги оспорувам квалитети на Фалкао, тоа само го напишав ако идеш по негова логика до кај ќе стигнеш.
Валбуена може не е ранг на Ди Марија ама е повеќе од добар играч.

еве пример и Вела веројатно ќе остане во Сосиедад уште неколку години, а сите моментални напаѓачи во Арсенал не се ни пола од него :) и незнам како неможе во Арсенал да игра прв тим :unsure: затоа и си остана.
 
Валбуена го споредува со Ди Мариа, enough Internet for a month :pos:
Да беше Валбуена некое играчиште немаше да игра до 29 години во факинг Марсеј.
Што менува тоа? Агер го есапеа како еден од најдобрите дефанзивци во деценијава и остана во Ливерпул цел живот и покрај понудите.
Кога му кажаа дека е прекуброен замина во Брондби на 29 год. од причина што не можеше да се замисли да игра во некој друг тим освен матичниот и Ливерпул и покрај понудите што ги имаше од Барса, Атлетико, Арсенал итн.

И сигурно е подобар 10 пати Ди Марија од Валбуена?
Човекот блесна последнава сезона во Ла Лига и во Лига Шампиони, претходно кај Жозе беше тежок просек.
 
Ди Мариа никогаш не бил просек, тоа што последната сезона изигра нинџа не значи дека порано беше просек, светска класа играч не се станува преку ноќ
 
:)
не ги оспорувам квалитети на Фалкао, тоа само го напишав ако идеш по негова логика до кај ќе стигнеш.
Валбуена може не е ранг на Ди Марија ама е повеќе од добар играч.

еве пример и Вела веројатно ќе остане во Сосиедад уште неколку години, а сите моментални напаѓачи во Арсенал не се ни пола од него :) и незнам како неможе во Арсенал да игра прв тим :unsure: затоа и си остана.
Венгер е идиот за тоа, моментално истото му го прави на Кембел.
Дечкото имаше извонредна сезона во Олимпијакос на позајмица, извонреден настап на Мундијалот и кога се повреди Жиру, пак не е во составот туку го игра Саного и понекогаш влегува Подолски.
Од друга страна пак не го пушта во Бенфика за да се ги докажи квалитетите и го пусти.[DOUBLEPOST=1409737470][/DOUBLEPOST]
Ди Мариа никогаш не бил просек, тоа што последната сезона изигра нинџа не значи дека порано беше просек, светска класа играч не се станува преку ноќ
Океј се подразбира тоа...Игра за Реал Мадрид, за репрезентација на Аргентина и никој не му успорува квалитет. Сигурно кога кажувам просек не го споредувам со Тричковски, туку кажувам дека не беше носител на играта на РМ како Роналдо, како Меси во Барселона, како Агеро во Сити за да се тропнат 80 милиони за него.
Па еден Алексис Санчез кој е тотално афирмиран играч и за ништо не заостанува зад квалитет беше платен дупло помалку од него.
 
Последно уредено:
Можел да игра али паричињата. Затоа ми беше смешно во интервјуто дека од секогаш сакал да игра за голем клуб :)

Ноу дисреспект ту Монако али имаше појаки клубови што го бараа.
Meне секое интервју после трансфер ми е огромна глупост и секогаш се вртат најлицемерните муабети на таквите интервјуа. Два од три играчи сонувале да играат во екипата во која одат, третиот ќе каже оти секогаш сакал да игра за голема екипа, а таа е една од најголемите екипи на светот. Многу ме интересира Велбек што има изјавено вчера. :D

"You may say i'm a dreamer but i'm not the only one" :D :D
Screenshot_2014-09-02-07-42-11.png
 
Дојдов овде само да им се изнасмеам у фаца на "di marija e prosek i preplaten, valbuena e car" експертите.

Чао.
 
Кога би бил јас на местото на Перез и кога некој би ми понудил 60м фунти за Ди Марија би го одбил во истата секунда.Премногу корисен играч е Ди Марија,а некако во Реал постојано беше во сенка на Роналдо и Бале.Роналдо си е Роналдо и кога зборуваме за него немаме многу простор за дискусија затоа што е еден од оние фудбалери кои што ќе остават длабок белег во историјата на фудбалот и затоа покрај ваков играч не е реално да се очекува некој друг да се истакне т.е некој играч и да има подобра сезона од него пак нема во медиумите да биде форсирано до толку неговото име.

Ако некој ме праша кој беше најдобар поединец во редовите на Реал кога ја дигнаа титулата во ЛШ по 10ти пат без размислување ќе одговорам дека тоа е Ди Марија.Дечково и во таа и во претходнава сезона изигра фантастично,а класата што е во него посебно дојде до израз на клучните натпревари.Кога ќе ми текне како само го изигра финалето против Атлетико...срце на терен остави Ди Марија на тој натпревар и беше единствениот играч во Реал кој што се бореше сам против целата максимално мотивирана екипа на Диего Симеоне.Ди Марија и онака е борбен играч кој што покрива по цела своја страна и е еден од ретките играчи во денешно време кои не се ‘‘срамат‘‘ да отидат назад и да помогнат во дефанзива,а во истата секунда е спремен и да се врати напред и да истрча во контра.

Ако Давид Луиз и Хамес вредат 50м односно 80м тогаш Ди Марија вреди 200м. :)
 
Ало пријателска беше утакмицава што се залетувате само, се виде во финалето кој го крена пехарот.
Тефтерашон газеше на пријателскиве со Јунајтед ама во ПЛ се виде што се случи рикверц.

Срамота да споредувате Ди Мариа со некој си Валбуена разлика небо и земја.
 
Ди Марија не играше во финалето, затоа така заврши. :D

Без разлика, првата асистенција и голот се pure class. :)
 
И сигурно е подобар 10 пати Ди Марија од Валбуена?
Човекот блесна последнава сезона во Ла Лига и во Лига Шампиони, претходно кај Жозе беше тежок просек.

loooool.

Ди Марија во трите сезони под Мурињо беше дел од триото најдобри играчи во Реал заедно со Роналдо и Озил. Втор најдобар асистент во тимот сите три сезони, со тоа што он „работеше“ и во дефанзива за разлика од Озил и повремено Роналдо.

Лани по заминувањето на Озил доби поголема улога и ја искористи, стана вториот најдобар играч во тимот и круцијален за тактиката. На СП беше клучен играч за Аргентина, на утакмиците на кои тој не играше Аргентина скоро и да не направи шанса. Ди Марија три сезони беше потценет играч, конечно минатата сезона го доби заслуженото внимание.
 
Ди Мариа уште од кога го купија од Бенфика првата сезона газеше во Реал Мадрид,тогаш се сеќавам цела медиумска фама се вртеше околу Озил(не знам зошто),а Ди Мариа беше платен 40 милиони и ораше по теренот на секој натпревар,уште во Бенфика се гледаше дека ќе бидне од него играч...
 
Коентрао највеќе беше сметан за просек од тој пазар на Жозе во Реал но и тој се поправи последната сезона
 
Коентрао највеќе беше сметан за просек од тој пазар на Жозе во Реал но и тој се поправи последната сезона

Не беше просек Контрао,на СП во Африка газеше чоекот и плус таа сезона освоја титула во Португалското каде заедно со ДИ Мариа беа најдобри..после во 2011 година иако играше како лев бек беше најдобар играч на Бенфика
 
да ама дека првата сезона во Реал малку потешко се снаоѓаше и си залепи таква етикета инаку секако дека беше еден од најдобрите леви бекови во моментот, немаше клуб што не се заинтересира за него.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom