Какви мистерии крие Македонија?

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
Земјотресот во Скопје бил на денот на св Архангел Михаил. Мислиш случајост е тоа или конциденција???
Се уште ли не се знае ова,се уште ли е мистерија.
Кој е непознатиот странец изваден од урнатините на хотелот „Македонија“ по катастрофалниот скопски земјотрес во 1963 година, чии документи не се најдени, но кој во мигот на смрта држел во раце два стуткани дела од наопаку искинат пергамент испишан со арапски букви, и на чиешто лице не се исцртувал смртен грч,туку среќна насмевка. Совесните стручњаци за идентификацика го дале ракописот на превод.
Во преводот,приложен кон службениот извештај, пишува:
„ Сите ние сме појдени од исто место и имаме иста цел,макар што треба да дојдеме до неа по различни патишта.Должината на годините го менува човека, зошто тој е пленик на времето,и тоа внесува смут во неговите сваќања на нештата“
Сте чуле ли нешто до сега за ова,вистина,расказ или мистерија.
 

Теодор006

Научник
Член од
25 август 2013
Мислења
270
Поени од реакции
111
Vo tikvesko ezero dedo mi lovese somovi sekoe leto, nekoi so dolzina od 3 do 4,5 m. Edno leto toj pocina pokraj ezeroto od srcev udar. Toa bese vo 2006 godina.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.633
Поени од реакции
88.263
Се сеќава некој на емисијата "Раскажувачот", што одеше на МТВ пред 11-12 години? Значи не мислам на оваа серија, туку на Македонската :icon_mrgr:... тогаш МТВ беа во длабоки гомна, и правеа прилично евтини емисии, па таков беше случајот и со оваа. Се даваше секој петок во 21:00 часот, а целиот концепт беше како еден постар човек кој неверојатно личеше на Владимир Милчин раскажуваше за урбаните мистерии/легенди што ги крие земјава... или поточно оние приказни кои со години и години се разкажувале низ македонските села претежно. Ако се сеќава некој на емисијава, или пак најде некакво видео нека постира :D

Ај да ви кажам една приказна што сум ја запамтил од емисијава.
Во некое од селата во земјава постоел еден човек што преку ден нормално се однесувал со жителите , додека имало некои вечери кога типов излегувал од својот дом, и одел на некоја ширинка и зборел сам со себе на некој чуден јазик, непрепознатлив за жителите на селото. Често луѓево што ќе поминеле покрај него пробувале да започнат разговор со типов, ама овој не ги перцепирал. Така жителите на селово го сматрале човеков за неточен, ама не му обрнувале многу внимание... Знам на крајот на приказната, човеков една ноќ излегол од својот дом, и никогаш повеќе не се вратил, ниту пак жителите на селото не разбрале што се случило со него.

Тоа е се што памтам од емисијава, а верувајте имаше над 60 епизоди со најразлични мистерии од земјава. :coffee:
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
ЖИТЕЛИТЕ ОД СКОПСКОТО СЕЛО ОГЊАНЦИ ТВРДАТ
Чудни сили ги тресат црковните темели
За ова чудо се заинтересирал и архиепископот г.г. Стефан, кој го посетил местото и заминал без одговор

Чудо од Господа, велат мештаните од скопското село Огњанци за трите цевки што вибрираат од необјасниви причини веќе две години откако се поставени во темелите на новата црква во селото. За чудото се заинтересирал и архиепископот г.г. Стефан, кој го посетил местото и заминал без одговор, тврдат жителите на Огњанци.



Петковски: Цевките се тресат кога ќе се спомне името на светецот Илија


Цевките се високи околу три метри, зацементирани се во темелите, а за да бидат стабилни, мештаните ги завариле за арматурата од темелите.

Селаните велат дека е исклучена можноста цевките да вибрираат од силни ветрови, зашто се тресат само три цевки од вкупно десетина и тоа само кога до нив ќе дојдат луѓе, кога се споменува името на светецот Илија или на локалната гатачка Рабија. Велат дека синот на гатачката прв забележал оти цевките се тресат.

- Се почна во педесеттите години, кога нашата соселанка Ника Василевска прва ги почувствува силите на ова место. Поминувајќи покрај тоа место, подзапрела на кратко, а кога си дошла дома и се снемогло. Вечерта сонувала како некој и вели да изгради црква на селската утрина, близу гробиштата и црквата "Св. Илија". Јас и еден соселанац, решивме да и помогнеме и со гранки го оградивме местото. Не пријавија во полиција и едвај извлековме жива глава. На Ника повторно и се снеможуваше и постојано порачуваше: "Ако не ми помогнете и не подигнете некој објект ќе умрам". Така и бидна, почина на денот Свети Илија. Нејзиниот сопруг се прежени, но и на втората жена и се сони истото место - раскажува Митре Петковски од Огњанци.

Селаните раскажуваат и за извесен Илија од скопската населба Маџари, кој годинава на 2 Август, празникот Илинден, сонил дека треба да дојде во Огњанци и да го преземе правењето на колачот што се прави за празникот Преображение.

Петковски се сеќава дека порано на тоа место се правеле тули, а туларите тврделе дека кога ја копале глината наоѓале черепи и скелети. Постарите жители на селото раскажувале дека на тоа место имало турски гробишта и оти се случувале и други чуда.

- Во педесеттите години на тоа место поставивме камен крст, а комунистите од селото го фрлија во река. Едно момче го запали брестот под кој стоеше светиот камен крст и по извесно време се самоуби. Не знам која сила го прави тоа. Факт е дека сите што ќе го поганат местото ги чека некаква казна - вели тој.

Во селото велат дека и христијани и муслимани, и верници и неверници палат свеќи на ова чудно место. Сите веруваат во постоењето на чудните сили што ги тресат цевките.

Стојан Велковски, пак, магистер по еколошки науки, вели дека прво МПЦ треба да даде објаснување за "видот" на силите, па потоа ќе се даде и научно мислење.

http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=1958&stID=7843
 
Член од
25 јули 2013
Мислења
118
Поени од реакции
97
Прите жители на селото раскажувале дека на тоа место имало турски гробишта и оти се случувале и други чуда.
Турски гробиша има насекаде под многу куќи на жители пример како кај мене разни објекти болници, градинки
па не се случува ништо...
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.342
Поени од реакции
84.549
Турски гробиша има насекаде под многу куќи на жители пример како кај мене разни објекти болници, градинки
па не се случува ништо...
И улици има секаде, а за среќа нема сообраќајки секаде.
Шуми исто, има на многу места, но нема во сите јагуари.
 
П

Пе Џо

Гостин
Се уште ли не се знае ова,се уште ли е мистерија.
Кој е непознатиот странец изваден од урнатините на хотелот „Македонија“ по катастрофалниот скопски земјотрес во 1963 година, чии документи не се најдени, но кој во мигот на смрта држел во раце два стуткани дела од наопаку искинат пергамент испишан со арапски букви, и на чиешто лице не се исцртувал смртен грч,туку среќна насмевка. Совесните стручњаци за идентификацика го дале ракописот на превод.
Во преводот,приложен кон службениот извештај, пишува:
„ Сите ние сме појдени од исто место и имаме иста цел,макар што треба да дојдеме до неа по различни патишта.Должината на годините го менува човека, зошто тој е пленик на времето,и тоа внесува смут во неговите сваќања на нештата“
Сте чуле ли нешто до сега за ова,вистина,расказ или мистерија.
Каде го имаш слушнато ова?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom