Битола

  • Креатор на темата Креатор на темата devilbt
  • Време на започнување Време на започнување
хаха ама клипчето е .... :salut: кај го најде бе брат прв пат го среќавам
oihaouiahaouiahoaiaiuahuaohaouaho фаца е :)
 
Сабота или недела идеме на гостување у Битола.:vozbud:
У петок ќе ви пишам кој ден ќе играме со ПАлистер и кое време за да дојдете да видите како се губи од шампионот.:vozbud:

Се гледам за викенд.:smir:
 
Не ја гибај Маја оти таја ни е Битолската Парис Хилтон. :pos:
Шо ја изрезилија на Ван Гог на сцена. ц ц ц. :)

За греота кутрата не можеше да дојди до збор од нас :)
А за то шо е стално дотерана и средена рака и пуштам ретки се таквите во Битола.
 
незнам шо му се издешава на луѓето шо ја праеа фонтаната.
пес е. нема никаква композиција , никаква замисла , само набапкано работи некои.
wtf?
Фонтаната ти е Данче, Данче, Данче ....Габриелаааа. :pos:
Имаш стари градби, имаш конзулски град, го имаш Саат-от, и оп наеднаш имаш `барселонска` фонтана во антички стил за да ги заебаваме Грците.
 
За греота кутрата не можеше да дојди до збор од нас :)
А за то шо е стално дотерана и средена рака и пуштам ретки се таквите во Битола.
и шо ако е стално дотерана ко е природно грда а пустата си мисли е лепотица:lud:и чупето баааги иритира и нервира
 
Во Битола почна Меѓународно графичко триенале
Во битолскиот изложбен салон „Магаза“ вечер во 21 часот, по шести пат ќе се одржи Меѓународното графичко триенале, кое годинава освен во Битола ќе се презентира и во сарајот во Ресен и во Домот на културата „Марко Цепенков“ во Прилеп.

- Годинава во Македонија пристигнаа околу илјада дела од 500 врвни уменици од 64 држави од сите страни на светот. Битолското графичко триенале го афирмира нашиот град низ сите релевантни светски ликовни центри, а манифестацијата е рамноправна на слични во Токио, Пекинг, Краков, Прага, Торонто и други градови, истакна Зоран Николовски, директор на НУ Завод и Музеј-Битола на средбата со новинарите во пресрет на вечерашното свечено отворање на Меѓунардоното графичко триенале.

Меѓународното стручно жири предводено од Венцеслав Антонов, актуелен претседател на графичкото биенале во Варна, Бугарија, годинашната „Гран при“ награда за уметничко дело на триеналето во Битола му ја додели на Томоја Учида од Јапонија.

- Освен највисокото признание, како организатори ќе доделиме и награда за млад автор „Благој Николов“ на Татјана Манева и Мирослав Николовски од Македонија, посебни награди за Марта Бозик од Полска, Чен Ву од Кина, Робин Калос од Чешка, додека наградата на општина Битола „Ранко Струмениковски“ и припадна на Козуело Барбоса од Франција, соопшти Владо Ѓорески, одговорен на оваа манифестација што до 2 ноември ќе се одржува во Битола.

Шестото Меѓународното графичко триенале вечер во Битола ќе го отвори заменик министерот за култура Драган Неделковиќ.
Во Битола почна "Интерфест"
По 18-ти пат, синоќа во Битола започна меѓународниот фестивал на класична музика "Интерфест". Фестивалот се отвори со концерт на еден од најголемите светски пијанисти Данг Таи Шон од Виетнам, кој вторпат е гостин во Битола.
"Сакавме на битолската публика да $ приредиме уште едно големо изненадување и можност за уживање во делата на Шопен, Дебиси и на Равел, отсвирени од овој врвен уметник", ни изјави директорот на Фестивалот Кирил Рибарски.
"До 20 октомври на 'Интерфест' ќе продефилираат уметници од Италија, Германија, Франција, Албанија, Шведска, од Грција и, секако, од Македонија. Годинава новина е одржувањето на првиот Пијанистички маратон. Во Битола има извонредни пијанисти и решивме да ги претставиме така што осум битолски пијанисти со Маратонот свечено ќе го затворат Фестивалот", вели Рибарски.
Вечерва на програмата од 20 часот е концертот на дуото Стемплер од Германија, а утревечер е концертот на сопранот Џована Манчи, во пијано придружба на Ана Ферер од Шпанија.
 
Почина Ајри Демировски
Ајри Демировски ја пееше „Битола мој роден крај" при својата посета на родниот град минатата година, од срце, со радост, среќен што е тука, во Битола. Беше радосен што насекаде е срдечно пречекуван, што сите го препознаваат, и стари, но и млади. Советот на Општина Битола минатата година му ја врачи плакетата со која го прогласија за прв почесен граѓанин на Битола. Освен песните, Ајри во Битола остави и нешто друго. Веднаш до градскиот часовник, заедно со градоначалникот посадија дрво. Тогаш им порача на битолчани.
-Сакав кога ќе бидам таму, во Измир, да го порасните, рече Ајри Демировски на 11 март минатата година.
Во интервјуто за Актуел во февруари минатата година тој зборуваше за своите чувства кон Битола, дека чувствува топлина, дека е иста како и порано и дека му е во срцето.


Откако минатата година ја доби наградата за личност на годината за 2007 на манифестацијата најуспешни битолчани на Битолски весник, тој и оваа година дојде и присуствуваше и покрај нарушеното здравје.


Славејот од Битола замина во вечноста. Ја остави магичната моќ на песната „Битола мој роден крај" да не обединува и да ги облива нашите срца при секој акорд.

RIP
 
и шо ако е стално дотерана ко е природно грда а пустата си мисли е лепотица:lud:и чупето баааги иритира и нервира


Од ум вади со то лигаењето и во сурато е нашминкана ко петарда да му има пукнато.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom