Возниацки е за 150 милијарди утре, плус станови, куќи, згради, прозори, ролетни, WC шољи.
Бердих исто треба да тепа, Тием е млад и надежен, плус добро игра на турниров ама он е играч кој ги сака поспорите подлоги бидејќи му треба време да се намести на ударите, а Бердих е совршен играч за да му го одземе тоа време со своите рамни и брзи удари.
Димитров исто би го играл, подобар е и играчки и физички, плус одлично игра на турниров. Единствено необјаснива работа е оној пад во првиот сет против Гофан вчера, каде изгуби сет со 0. Но, изгледа беше сеуште заспан и недоволно спремен за да влезе во мечот. Монфилс нема изгубено сет до сеа, али противниците му беа смешка. Да, Гаске е смешка во моментов со оглед на тоа дека дојде неспремен на турниров и не се знаеше ни дали ќе игра. Го гледав Монфилс против Гонзалес, не можеше да диши во третиот сет, а којзнае што би било доколку мечот отиде во пет сета.
Мислам дека доста реално е сценарио Монфилс да го добие првиот сет па после да изгуби, кога веќе ќе се умори. Плус ја не би ставил голема пара на Монфилс бидејќи знае на брејк шанса да изведува глупости налик пируети, дроп шотови од позади трибини и слично...
Се на се трагично би било смешник како Монфилс да оди во 1/4 финале, и тоа преку играч кој има фантастична сезона зад себе.
И оние Хингис и Пенета треба да тепаат во двојки, фантастични се, Хингис доживува втора младост.
