Денешните мажи...

Член од
15 август 2014
Мислења
28
Поени од реакции
30
Цитатов ме поттикна да ја отворам темава:
Се почесто се случува девојките да се жалат дека момците не им приоѓаат, а пак момците се жалат дека не може да најдат девојка.
Каде исчезнаа флертот и заведувањето, духовитоста и инвентивноста?Зошто во еден ист локал на една маса седат само жени, а на друга само мажи?Од што се плашат денешните мажи?Од одбивање?И порано имало одбивања при додворување.Што е тоа што ги обесхрабрува денешните мажи?

Па момци повелете изјаснете се, мислам дека и девојките ќе ги интересира, зошто не им приоѓате-а ви се допаѓаат и што мислат жените околу оваа ситуација?
ПА ВИДИ ВАКА.
Храброста на мажите е потисната од дрскоста и расипаноста на жените. Кога ќе се спуштите на земја, тогаш можете да очекувате додворувачи. Па не можеме да летнеме по вас Господе Боже, неаме крилја. :vozbud: Знам дека ред бул дава крилја али не ни даваат од дома доволно пари за да ве изненадиме со нашето додворување. :(
пс. неам некоја лоша намера, но реалноста е таа. ИМАТЕ ПРЕМНОГУ ВИСОКИ ОЧЕКУВАЊА, ПОГОТОВО ТИЕ ШТО СЕ ПОНАШАТЕ КАКО ПРИНЦЕЗИЧКИ.
позз...
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045
Тажното е што у огромен број по дискотекиве жените воопшто не ни реагираат на додворувачи што не се брендирано облечени/седат на сепаре ау :)

Затоа бркај си пичиња у Маракана/Хавана :LOL::LOL:
 
S

sramezliviot blesavko

Гостин
Тажното е што у огромен број по дискотекиве жените воопшто не ни реагираат на додворувачи што не се брендирано облечени/седат на сепаре ау :)

Затоа бркај си пичиња у Маракана/Хавана :LOL::LOL:
eee kolku zenski sum fatil so kineski aj fon xexe i sutka la costa xexe
 
Член од
25 јули 2013
Мислења
118
Поени од реакции
97
јас сум скромен, слаб, висок дечко каде и да влезам стално си најдувам по некое убавко девојче што и тоа онака скромно ме гледа со очињата и се појавува блага насмевка на нејзиното лице :)
па ако решиш да и појдеш ќе си направиш скромен муабет без ајфони, честење пијачки и сељачење :)
природно бе луѓе!

што е ова што читам цело време уште малку и ќе се степате како само околу билдериве да се врти светот, ќе паднат во депресија дечките како нас после форумов :) полекате со билдериве... :pos:
билдерите нека си глумат манекени тоа им е работа... :pos:
 
Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.386
Поени од реакции
22.933
Затоа бркај си пичиња у Маракана/Хавана :LOL::LOL:
A и таму да знаеш шо мустри почнаа да искачаат (шабанки Цеца што ја слушаат ме викаа последен пат да идам со нив :facepalm:)...Ја од Хавана и Маракана се откажав пред 2 години.:notworthy:
 
Член од
14 февруари 2013
Мислења
584
Поени од реакции
704
Мене ми е најчудно тоа што некои од девојкиве упорно тврдат дека денешните мажи не чинеле, а кога истите тие ќе видат слика од маж што цепи дрва или е сликан на нива на Фејсбук, одма почнуваат да ги употребуваат коментарите од типот „сељак“, „клошар“, „ова ли е маж?“. Епа ако сакаш „мушкарчина“ од стар тип ете тоа е тоа. Типичен прототип...
Служен е војска, способен е, знае да работи, да копа, да ора, да поправа кров на куќа, а притоа не е богат.
Зашто воопшто се бара денес дечко со Ауди, БМВ и добра работна позиција и плата ако се потребни да се вратат старите типови на мажи? Во денешно време колку што гледам и најголем лигуш да е, ако има Ауди ќе биде најпосакуван на Балканот...

Каде ќе беше светот да се обединевме и ние мажите и да речевме дека жените порано биле домаќинки и знаеле све да прават и куќи да чистат и крави да молзат, и да работат и да се пораѓаат на поле? А денешниве и јајца одвај знаат да испржат и голем дел се спонзоруши и шмизли...? :confused:
Крај ќе нема...

Едноставно кажано, секоја генерација си бара различни карактеристики и различни начини и манири на однесување.
Времињата се менуваат, и нацијата се менува во согласност со времето. :)

Мене реално единствено нешто што ме загрижува е што новите генерации се повеќе и повеќе оглупавуваат (и машки и женски). Тоа е она што највеќе треба да не плаши...
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Јас се сликав на фејсбук со бавчата во позадина и мојата фотографија беше ставена во избор на најсекси фотографија на маж за 2014 во магазинот Теа Модерна.
 
Член од
1 декември 2011
Мислења
2.680
Поени од реакции
3.053
Јас се сликав на фејсбук со бавчата во позадина и мојата фотографија беше ставена во избор на најсекси фотографија на маж за 2014 во магазинот Теа Модерна.
Zenasi. Kako mozeza najseksi maz da te berat?
Muskobanjasta?
Ete ni zenite ne se toa sto bea...
 
Член од
17 јули 2010
Мислења
1.421
Поени од реакции
2.203
Нешто со свеживе примери сум денес...

Упознавам еден тип, и ајде си викам да видам шо чоек е! Башка колега од работа, ми се виде интересен, зш секојпат трескаше зелени, на цела работа што ја имаше, со неговите зелени се поминвеше некако побрзо! И сега се договараме да се чекаме, и ми вика, таму и таму, ќе дојдам со МОЕТО СРЕБРЕНО БББЕЕЕММВВЕЕ, значи еве баш вака го нагласи, и ајде јас не придадов некое значење, си помислив нешо голтнал во меѓувреме. И иде тој, ме собира, и започнува трагикомедијата. Почна да шопа до максимум, Цеца, и остала багра музичка турбофолкерска, и му викам де, намали, крв ми потече од ушите. И почна да пее, да се се занесува нешто љубави, дрн мрн, мене па мрак пред очи. И ајде стигнавме што стигнавме в град, застана и ме прашува дали ми се свиѓа неговото Бееемвее (2 пат) и почна да објаснува дека имал он уште едно Ауди, и дека ги возел секое за различна прилика.
И така одиме во град, и на едно полуцркнато фонтанче, ми вика ајде сликај ме со новиов Галакси незнам кој, ај го сликав, одма на ФБ се залепи, видете ме кај сум. Мене дупли мрак ми падна пред очи. И седнавме на коктел, и таму се залепи на ѕид, и се отвори типот, имал он, куќа ваму, куќа таму, имот, две коли, во странство незнам што, бил искрен, 2 пати разведен :eek:, со едно дете , дека ќе ме женел :eek:...и да не должам, приказната заврши со една гооооолема корпа...

Сега сакам да прашам, па добро бе машки знајте вие нешто со други квалитети да се истакните или само тоа е, каква кола имам, телефон, висам по кладилници, сакам Цеца,знајте нешто друго освен да се лепите на фб??? Дури така прајте, на тие понуди со коли, телефони и имоти, само такви Дајпариженски ќе ви се лепат, после ќе липате по форуми. Ебаго
 
Член од
31 јули 2014
Мислења
321
Поени од реакции
314

Сакаш со мене да искочиш имам обичен Нокиа телефон, идам со автобус на работа и Цеца н ја слишам и пеам?
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
@Jagod4e
Мое сочуство. :( Машко сум, но се срамам од ваквите примероци.
Малку ОФ, требал да се пофали со големина на фалус, колку долго можел да издржи, како и на дрво БИ те, ........ :D
 
Ceci0

Captain
Член од
20 јануари 2011
Мислења
334
Поени од реакции
208
Добро бе женски барате т.н храброст од некој да ви пријде. И еве ситуација
Во клуб сте, дечково иди кај вас со цел да се запознае, тој вика здраво (и ако не е некој клон на Џони Деп), добива одговор: марш таму манијаку еден. И после неколку такви поразителни одговори нормално е дека на човек ќе му се намали самодовербата.

Да, имам пишано погоре дека голем дел од машките се плашат од работа, т.е се неспособни за тоа пошто се им овозможува тато и мама па овие немора да фатат ништо потешко од к*р до 25 години, ама па и вие како што рекоа погоре малку спуштете се на земја. (Немојте одма со аргументи не се сите исти, знам дека не се и не велам дека сите се исти)

И барем кога бирате кола, не бирајте БМВ 320ки, одберете класа, влезете во Мерцедес :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom